Димо Хаџи Димов, борец и револуционер
Димов е и соборец на Гоце, познати се неговите зборови по загинувањето на Гоце:
”15 часа Турците не смееја од нашите куршуми да се приближат до убиениот. 15 часа ние го гледавме мртвиот Гоце, како да беше наведнат врз грбот на Македонија. И 15 часа ни се кинеа срцата зашто осиротуваше цел еден народ“.
На 20 годишнината од смртта на Гоце, Димо Хаџи Димов излегува со возбудлива статија “Тој плаче“ во која ги поврзува судбините на најголемиот син на македонскиот народ и новата судбина на Македонија. Но само по неколку месеци и самиот тој падна од предавничките куршуми, кои ја сфатија силината и опасноста од Х. Димов, за Бугарите и нивните идеи.
Х. Димов како и Јане беше син на Серчанскиот округ, но и најзначајниот негов идеолог. Како млад учител во Бугарија, се посвети на социјалистичката мисла и беше активен во Социјалистичката партија на Бугарија зашто плурализмот во Македонија беше слаб и сеуште под феудалното влијание на Отоманците, но и заради потпаѓањето на неговиот родокрај под Бугарија по поделбата на Македонија..
|