Димо Хаџи Димов за македонскиот народ
Одговорот на прашањето што е Д.Хаџи Димов или колку се издржани бугарските етноетикети за него, го дал самиот Димо Хаџи Димов во неговата книга „Назад кон автономија“, излезена во 1919 год. (од која и Кулишев и ќе заклучи она првиот пат во истата 1919 год. го кажува):

Ако народите имаат право сами да ја определат својата судбина, МАКЕДОНСКИОТ НАРОД  исто така го има тоа свое право и за спределувањето на својата судбина нема зошто да ги праша Бугарија, Србија и Грција, туку пред се, себе и само себе.

И конкретно за бугарската политика кон македонското прашање Хаџи Димов ќе каже:

Се работи за цел еден народ кој не може да се жртвува  за една политика. Да се дава кредит на денешната бугарска политика од страна на МАКЕДОНСКИОТ НАРОД значи тој да се предаде на потполно самоодречување.