Под исто небо

Филм од 1964 година


По капитулацијата на Италија во западниот дел на Македонија, кој беше под италијанска окупација, власта ја преземаат балистите. Подготвувајќи се да го нападнат градот, партизаните испраќаат тројца борци кои со помали акции би го свртеле вниманието на балистите од вистинската акција.

При случајната средба на тројцата партизани со балистите во градот, гине братот на Мифтар. Мифтар, кој е водач на балистите, ги бара партизаните. Ги претресува куќите и уценувајќи го стариот Реџеп, открива дека тие се наоѓаат во куќата на неговиот сосед Крсте. Скривницата во која се наоѓаат двајцата партизани балистите не успеваат да ја откријат. Крсте е готов да го жртвува и својот живот, но Мифтар сака да се одмазди, и го убива неговиот внук. Во тој момент доаѓа до жестока пресметка во која учествува и третиот партизан кој се беше засолнил во блиската џамија, а започнува и нападот на градот во кој влегуваат ослободителите.

Режија: Георгиевски Љубиша, Стаменковиќ Миомир - Мики
Сценарио: Бошковски Јован
Директор на фотографија: Михајловски Бранко
Снимател: Самоиловски Мишо
Монтажа: Бјењаш Јелена
Главни улоги: Гешовска Нада, Дамевски Дарко, Краина Весна, Милиќевиќ Јован, Оцокољиќ Драган, Симиќ Славко, Старчиќ Виктор, Тодоровиќ Марко, Фелба Драгомир, Фехмиу Беким
Споредни улоги: Васовски Панче - Камшик, Дишљенковиќ Предраг, Костовски Драги, Николовски Тодор, Ќортошев Кирил, Шаља Абдурахман
Музика: Зографски Томислав
Директор на филм: Вилар Ладо