Српска преписка XX
Михајло Цветковиќ, свештеник од Кратово – на Др. Владан Ѓорѓевиќ, Министер за просвета и црквени работи во Белград.
Во Кратово во Ст. Србија (з.н -?!) имаме стара српска црква храмот “ Св. Јован усекновење “.
Оваа црква е оскудна со книги и останати потреби, без кои не може да се врши служба, а истите не можеме од никаде да ги набавеме, заради тоа што сме сосем сиромашни, а и црквата е исто така сосем сиромашна, затоа јас се обраќам до Господинот Министер како Српски Министер, и учтиво го молам за наредба, да преку скопскиот консул прати за споменатата црква и тоа: 2 осмогласници, 1 литургија, 3 кадилници, 1 пендикостар, 3 филони, 4 патракили и 1 часловец.
Понизен
Свештеник` Михаи`ло
т.е. Свештеник Михајло
Т. Цветковиќ од Кратово
16. јули 1888 г.
Белград
(Извори – Архив Србије, МИД ППО ф. II, 109/1888; Др. Јован Хаџи Васиљевиќ “ Просветни и политички прилики во јужните српски области во XIX век”; “Граѓа за историјата на македонскиот народ од Архивот на Србија, том IV, книга III [1888-1889], Белград 1987 год, стр.177-178)
Од писмото се наметнуваат следните факти:
1. Крајната сиромаштија на црквите по Македонија во услови и на тешко ропство, тера во молби по најоснови средства за верските обреди. Затоа и свештеникот од Кратово обраќајќи се до Србија, го сместува храмот во “Ст. Србија” (кога се обраќаат до Русија се повикуваат на “Словенството” а до Бугарија на соодветна блискост пак со неа)
2. Барањето, помошта да се реализира преку скопскиот конзулат, укажува дека во Македонија се запознаени оти од истиот можат да добијат помош, но укажува и дека конзулатите се главните пропагандни центри, кои вешто ја користат тешката и ропска положба на македонскиот народ.
|