01 октомври 1915 год., објавен е Манифестот со кој Владата и царот Фердинанд на Бугарите им објавуваат дека двете завојувани страни на Големите сили ја признаваат големата неправда која со поделбата на Македонија “и се нанесе на земјата и дека треба да и припадне на Бугарија, нашата подмолна сосетка Србија останува непослушна кон советите на своите пријатели сојузници. Србија не само што не сака да ги слуша нивните совети, туку се подготвува да ја нападне нашата територија“.
- Манифестот завршува со зборовите:
“Бугари, нашите сојузници Србите во 1912 год., беа главната причина да ја загубиме Македонија. Истоштени и изморени, но непобедени, ние требаше да ги свиткаме знамињата за подобри денови. Добрите денови стигнаа многу побрзо отколку што можевме да очекуваме. Европската војна е кон привршување. Победоносните армии на Централните сили се во Србија и брзо напредуваат. Го повикуваме бугарскиот народ кон заштита на родниот крај нагрден од вероломниот сосед и кон ослободување на нашите браќа од српското ропство. Нашето дело е праведно и свето. Наредуваме на нашата храбра армија да ги протера непријателите надвор од границите на нашето Царство, да го уништи вероломниот сосед и да ги ослободи од тешкотиите нашите браќа измачени од српското ропство. Ние ќе војуваме против нив истовремено со храбрите војски на Централните сили. Нека бугарскиот војник лета од победи во победи ! Напред ! Бог да го благослови нашето оружје “ (извор – Н.Недев, “Дојранската епопеја 1915-1918“, Софија, 1921, стр. 5)
- Со ова Бугарија всушност и објавува и војна на Србија, како и при други прилики Бугарите гледајќи дека Србија е прегазена и на колена, брза да го искористи мигот и да ја зграби и пороби Македонија.
Бугарски регрут, Књажево 1914 год.
- 14 октомври 1915 год., Велика Британија и објавува војна на Бугарија по нејзиното отворено застанување на страната од Централните сили.
- 16 октомври 1915 год., Франција и објавува војна на Бугарија.
- 19 октомври 1915 год., Италија како членка на Антантата и објавува војна на Бугарија.
- 20 октомври 1915 год., и Русија како последна од Антантата и објавува војна на некогашната своја штитеничка (но и креација).
- Октомври (средината) 1915 год., Бугарија ја преместува својата Врховна команда во Ќустендил за да оттука полесно и подиректно раководи со разместувањето на своите армии и борбени дејствија.
Бугарски трупи во разместување I Светсак војна