Таму тие покрај останатите општествени функции, одредено време проведувале и како војници.
Херодот вели дека сарматските жени оделе во војна заедно со мажите, а Диодор и Страбо спомнуваат некои кавкаски племиња со кои владееле жени воини.
Амазонки во борба
Но за нас како Македонци, особено се значајни сведоштвата за судирот на македонската фаланга со вакви жени-воинки за време походот на Александар Македонски кон исток. Имено неговите хроничари бележат за судири на Македонците дури и во Индија. Таму индискиот владетел Чандрагупт покрај во својата војска, целосниот состав од телесната гарда му е од вооружени жени-воинки. Покрај хроничарите, дури и војниците од фалангата сведочат дека при битките во Индија, се борат со бројни ескадрони од жени Индијки, кои го превземале оружјето од паднатите роднини и соплеменици и самите се борат против Македонците. Овој феномен е изгледа карактеристичен за период на доцен матријахат и преодот на патријахат, па се среќаваат и подоцна кај попримитивни народи или периферии.