Планината Бистра

Планината Бистра е една од најинтересните планини во Македонија која се граничи со 6 други планини, и тоа Шар Планина, Буковиќ, Стогово, Крчин, Дешат и Кораб.
Позната е по своите пасишта, на неа се наоѓа голем скијачки центар, а бидејќи се граничи и со Мавровското езеро поголем дел од планината спаѓа во националниот парк „Маврово“.
Искачувањето на највисокиот врв „Меденица“ се врши по стандардната насока од веројатно најпознатото село Галичник, во него се одржува надалеку познатата „Галичка свадба“. Галичник се наоѓа на 1350 мнв. Од селото се тргнува директно нагоре кон тесниот засек на карпите кои се наоѓаат над селото. Од тука може да се наиде на стара маркација, по поминувањето на засекот се проодолжува по долот, по спојувањето на долот со два други се тргнува по левиот дол и потоа со движењето се врти десно на понекаде маркирана патека, вртејќи се за 180 степени излегува над 2000 мнв и го следи билото во должина 300-400 метри. Тука пак правејќи полукруг излегува на долгото зарамнето било на кое се наоѓа самиот врв Меденица. За искачување до врвот потребни се околу 2-2:30 часа, а за симнување назад во Галичник 1-1:30 часа. Можно е комбинирање со искачување до с. Галичник од долината на реката Радика по многу стрмна стара печалбарска патека за околу 2:30-3 часа.
МКД-МОУНТ
|