Галичица

Планината „Галичица“ се наоѓа во рамките на националниот парк „Галичица“ којшто е основан во 1958 год. истиот е регистриран и во УНЕСКО.


Обично искачувањето на Галичица завршуваат на врвот „Магаро“ којшто не е највисок врв на планината, можете да се искачите од с. Пештани кое се наоѓа на брегот на Охридското езеро на околу 750 мнв, од таму има добра патека со стара маркација. Патеката почнува со благо искачување, кај манастирчето се врти лево и потоа се влегува по маркираната патека во шума, потоа се излегува на асфалтниот пат кај Ајдучка чешма откај Ајдучка чешма се по патот до преслапот (до преслапот може всушност да се дојде и со автомобил по патот што води од Охрид преку с. Трпејца према Св. Наум, се скршнува околу 2 км после Трпејца во лево - тоа е всушност патот кој оди преку Галичица и со кој се поврзуваат двете езера), и тука се врти десно према бараките од каде пак почнува маркацијата и се стига до самиот врв „Магаро“.
Инаку највисоката кота на Галичица не е врвот „Магаро“ туку котата со висина 2265 мнв до која може да се стигне од „Магаро“ за триесетина минути, таа се наоѓа ма самата граница со Албанија. До преслапот се стига за околу 3,5 часа, а од таму до „Магаро“ потребни се 1,5 час. Од врвот има фантастичен поглед кон двете езера, Охридското и Преспанското. На оваа планина не постои планинарски дом освен една соба во бараките од каде почнува маркацијата, но не е во најдобра состојба.

МКД-МОУНТ