Причини за исламската експанзија
Исламската инвазија на Балканот ја вршат Турците Османлии. Религиозната компонента на Турско - Османлиските освојувања на Балканот и Европа и покрај бројните научни трудови е недообработена, особено вистинските мотиви за фанатичноста на експанзијата.
Идеологијата со која се инспирира државата на Османлиите, било учењето за “гази”- света војна. За разлика од тогашните исламски држави, овде џихадот во облик на света војна, бил многу поприсутен што не е тешко да се објасни. Османлиите, своите потреби за материјални добра кои требало да ги освојат од христијанските земји, најлесно ги задоволувале давајќи и на својата борба религиозна форма. Освен тоа, раната Османлиска држава не можела да создаде некоја посебна исламска култура, па затоа единствен начин да се искаже приврзаноста кон исламот, за неа било ширењето на “Дар ал ислам”, што исто така е поврзано со големи материјални предности.
Големиот турски историчар Иналџик за ова вели :
“Не е чудо што во тоа погранично друштво сите општествени дострели се сообразувале со идеалот на гиза. За секој воен поход османлиските емири имале правно одобрување-фетва во која истакнувале дека османлиските освојувачки походи се шеријатски дозволени. Овие фетви ги издавале османлиските алими-познавачи на шеријатот, но често пати биле потврдувани и од страна на познати теолози од универзитетот “Ал Азхар” во Каиро.
Газа-светата војна, како идеал била значаен фактор во самото основање и развојот на османлиската држава. Општеството во тие краишта се сообразувало со посебна култура и било проткаено со идеологијата на непрекината света војна и постојано ширење на “Дар ул ислам “ се додека не се опфати целиот свет “
Турците како нов политичко-религиозен фактор, својата експанзија на Југоисточна Европа и ја должат на слабите и антагонистички балкански држави, наспроти внатрешното единство и воената сила на турската држава. Во составот на османлиското милитаристичко и динстичко царство, се наоѓале конгломерат националности: Арабјани, Сиријци, Ирачани, Египќани, Бербери, Курди, Ерменци, “Словени”(повеќето народи од истоимената јазична група), Грци, Албанци, Унгарци и др. кои се разликувале по верата, јазикот, начинот на живот и.т.н а сите заедно ги држел мечот (Uthmana). Својата крв и вера Османлиите ја обновувале но и засилувале низ женачки со немуслиманки и давање полно граѓанско право на секој припадник преминат на ислам а го усвојувал и признавал дворот. Со данокот во крв пак низ јаничарството, како една нова нечовечка институција се овозможувала асимилација на цветот од машката младина на поробените немуслимански народи. Се ова само давало дополнителен мотив и било причина за нови и нови експанзии на исламот низ вековите кои ќе следат по османлискиот продор во југоисточна Европа.
(Извори -“Исламизацијата и етничките промени во Македонија” ,Др.Нијази Лиманоски, Скопје 1993 год., стр. 19 и 62; “Dzihad”, Miroljub Jeftic, Beograd 1989, str.27; “Osmansko carstvo”,H.Inaldzik , Beograd 1974, str.11; “Historija turskog-omanliskog carstva”, Zagreb 1974 god.).
|