Грчки политичари за Севрскиот договор

Грчкиот политичар од времето на Севрскиот Договор, Сотириос Коџаманис за околностите на договорот, евоцирајќи спомени во “Национални прашања“ стр. 34 – 35, 1954 год. во Атина, ќе рече:


“Бевме задолжени да не ги менуваме тие конвенции дури и како суверена држава без согласнот на мнозинството членови во Друштвото на народите. Победниците од Првата светска војна не само што и наложија на Грција признавање на национални, верски и јазични малцинства, туку ја принудија и да признае дека спогодбите за малцинствата претставуваат обврска од меѓународен интерес под гаранција на Друштвото на народите.“