СЕВРСКИОТ ДОГОВОР и Грција

1920 година, Друштвото на народите, пристапи кон склучување Договор за заштита на потиснатите народи во државите на Европа.


Со Договорот се прецизираат должностите на државите во кои живееле и други народи (обесправени староседелски народи или малцинства), во однос обезбедувањето граѓанска и политичка рамноправност.
Оваа акција од Друштвото на народите е иницирана заради страдањата на народите што по балканските војни, што по I светска војна. САД како Голема сила, се ангажираат особено заради македонскиот народ, а за кого размерите од разорноста на балканските војни не ни можеа да се увидат целосно, зашто почна I светска војна, со која доживеа нови страдања. Окупаторите на Македонија, беа притиснати од Големите сили, да се обврзат со Договор во однос правата ако сакаат воопшто да ги имаат новите сеуште нестабилни граници (новите граници ќе беа важечки според пост - воените договори дури по ратификацијата од Големите сили ). Грабливките сосетки на Македонија се ќе потпишеа само да си ги задржат насила грабнатите делови.


Севр - Франција, местото каде е потпишан договорот

На 10 август 1920 год. таков Договор за заштита на негрчките народи во Грција, Големите сили потпишаа со Грција, наречен уште Севрски договор, според местото Севр - Франција, каде е потпишан.
По силата на овој Договор, Грција примила низа на обврски со кои на староседелците и малцинствата им го гарантира животот, имотот и слободата, како и граѓанските и политичките права. Грција гарантирала слободна употреба на мајчиниот јазик во секој поглед. Таа била задолжена да обезбеди специјален буџет за непречен развој и функционирање на училиштата на негрчките народи. Како посебно важни ќе ги издвоеме точките 7, 8 и 9 од Договорот:

Член 7


“Сите грчки државјани ќе се ползуваат со еднакви граѓански и политички права без разлика на националност, јазик и религија. Посебно, Грција се задолжува во срок од три години по стапувањето во сила на овој Договор да воведе еден изборен систем, кој ќе води сметка за националните малцинства. Нема да биде озаконето никакво ограничување против слободната употреба од секој грчки граѓанин на било кој јазик, било во приватните или трговските односи, било во областа на религијата, печатот или изданијата од секој вид, или најавните собири.”

Член 8


“Грчките граѓани кои им припаѓаат на посебни национални, верски и јазични малцинства, ќе уживаат право на исто третирање, на исти граници, како и на другите грчки граѓани. Тие ќе имаат, на пример, еднакво право да отвараат, управуваат и контролираат на свои трошоци добротворни, религиозни и општествени установи, училишта и други воспитни институции, со право во нив слободно да го употребуваат својот сопствен јазик и да ја извршуваат својата религија.“

Член 9


“Во врска со просветата, грчката влада во градовите и околиите каде живеат поголем број граѓани кои не зборуваат грчки ќе им даде соодветни олеснувања, за да може на тој начин да им се обезбеди на децата на тие грчки државјани во основните училишта да се учат на нивниот мајчин јазик…“