За Македонцките Работи - V дел

За Македонцките Работи - Крсте Петков Мисирков


Неколку зборови за македонскиот литературен јазик (прилагодено на современиот правопис)

Во четирите горни статии во оваа книга јас сакав да им ги обрнам погледите на моите сонародници на нуждата од едно корено изменување на досегашниот процес на нашиот духовен развиток, како и на тоа дека моите погледи во тој случај не се нешто ново и безосновно, а се само чекор напред во досегашното развивање на нашето национално самосознание и дека затоа се сосем природни и основани.

Се разбира оти во една мала книга, како што е оваа мојава, не може подробно да се разгледаат сите засегнати прашања. За секое од нив би можело да се напише по една цела книга. Но сега-засега од такви подробни разгледувања за засегнатите прашања уште нема голема и неодложна потреба; затоа требаше за сите од нив да се кажат по неколку збора, зашто тие едно без друго се нејасни и неразбирливи. Освен разгледувањето на сите засегнати прашања, за да биде јасно појавувањето на книгава, сега ќе треба да се кажат неколку збора за своевременоста на книгата и нашиот литературен јазик.

Мнозина може ќе речат оти вистина добро е човек да се позамисли над прашањата засегнати во оваа книга, но сега уште не му е времето. Во оваа книга, ќе речат тие, се внесува раздор и разединување меѓу нас наместо соединување, коешто сега-засега ни е толку нужно. За македонска народност, македонска литература и литературен јазик ние ќе можеме да му мислиме само кога ќе заживееме еднаш слободен политички живот; а до тогаш нам ни треба ние да сме соединети и да го оставиме настрана националното прашање.

На тоа јас можам да го одговорам само ова: по моето мислење, сегашните, т.е. мирцштегските реформи се максимумот што можеше револуцијата да го ископча од Европа. Револуцијата напролет ќе биде најглупавото што можеме ние да го направиме. Со револуцијата напролет ќе се користат само нашите непријатели што си имаат само сметки спротивни на нашите национални интереси. Револуцијата напролет само ќе нe уништи наполно нас и ќе ги уништи плодовите добиени од неа досега, зашто таа ќе биде насочена не против Турција, а против неа и реформаторските сили и затоа што тоа ќе биде не по наши сметки, а по сметките на некоја голема сила и некои мали балкански држави што ќе нe натераат нас да се дигаме, а после ќе нe остават на сретпат; најпосле, затоа што ако ние против сите аргументи на здравиот разум пак подигнеме востание, ќе бидеме само основа на дипломатска борба меѓу реформаторските држави и некоја трета, која борба ќе се сврши само со нашето поништување. Затоа ние треба да се откажеме од секоја мисла за револуција напролет, уште повеќе што реформите ќе се воведат, зашто со нив е врзана честа на две големи сили што се во состојба да постават сe на своето, - и да се зафатиме за нова, т.е. културна борба, во која првото место ќе треба да го заземе прашањето за нашата народност и нашиот национално-религиозен развиток. Значи, токму сега му е времето да се мисли за нашиот јазик, нашата национална литература и воспитувањето во национален дух. Сега настапува време за интерес за национално-религиозни прашања.

Тој интерес малку е задоцнет, но од тоа сеуште не следува дека тој си нема сега место меѓу нас и дека може да ни напакости.

Ако сме логични, тогаш треба да признаеме оти автономијата на Македонија, за која досега револуционерите се бореа, има смисла само во тој случај ако револуционерите согледуваа во нашиот народ такви квалитети и особини што се немаат кај другите балкански народи, а се само наша карактерна црта. Само согледувањето на тие своеобразни црти во карактерот, наравите, обичаите, животот, преданијата и јазикот на нашиот народ е важна причина да сме ние против делењето на нашата татковина и за нејзината автономија, зашто дележот ќе ни искорени сe што ни е мило и ќе ни наврзе многу противно нешто на нашиот народен дух. Само одделното македонско национално самосознание кај нас ни дава морално право да се бориме против барањето на малите балкански држави да се раздели нашата татковина и да се бориме против пропагандите што готват почва за дележ. А ако не може да се добие автономија, треба ли ние рамнодушно да гледаме на работењето на пропагандите и да се бориме со едно ново течење што е насочено само против нив само затоа што тоа течење ќе ја ослабело најсилната пропаганда? Никако не, зашто ни една пропаганда, колку и да е таа силна, не може да ни го даде тоа што го очекуваме ние од неа. Сите пропаганди се пропаганди само на свои, но никако не и на наши интереси и од нив никогаш немало ништо особено за народот. Спасот никојпат нема да ни дојде од пропагандите, зашто ако е денеска едната посилна - утре ќе стане и другата таква, а првата ќе ослабне. Пропагандите најпосле само можат да ја достигнат својата крајна цел - дележот, коешто не го сакаат и оние што се против националниот сепаратизам. Значи, последниов не е неумесен во сегашните околности и може да ни даде само добри плодови, но не и да ни напакости.

Штом си има место националниот сепаратизам, тогаш тој треба да се пројави во милоста кон сe што е народно и на прво место во милоста кон народниот јазик.

Јазикот е средство со кое ние дознаваме што мисли, што чувствува и што сака нашиот собеседник. Во јазикот има одделни гласовни знакови или зборови за сите мисли, чувства и желби на еден човек, затоа јазикот на еден народ е негово духовно богатство и наследство во кое се заклучуваат отпечатени во гласовни знакови или зборови сите народни мисли, чувства и желби со коишто има живеано и живее еден народ и коишто се предаваат како нешто свето од едно поколение на друго. Да си го зачува некој својот народен јазик и да го брани како светиња, значи да му остане тој верен на духот на своите предедовци и да почитува сe што имаат тие направено за своето потомство. Да се откаже човек од својот народен јазик значи да се откаже тој и од народниот дух. Со тоа само се објаснуваат и желбите и усилбите на покорителите да ги направат покорените да се откажат од својот јазик и на негово место да го научат нивниот; исто така со тоа се објаснува упорството на покорените народи да си го зачуваат сето свое духовно народно наследство, а особено јазикот.

Таква мислост кон нашиот народен јазик треба да имаме и ние, ако сакаме да му останеме верни на духот на нашите предедовци. Милоста кон народниот јазик е наш долг и наше право. Ние сме должни да го милуваме нашиот јазик, зашто тој е наш исто така како што е наша татковината. Првите гласови што ги имаме чуено се гласовите на нашите татковци и мајки, гласовите и зборовите на нивниот народен јазик. Преку нив ние ја добивме нашата прва духовна храна, зашто со нив се осмислуваше сe што гледавме со нашите очи. Со народниот јазик ние ја освојуваме психологијата на нашите татковци и предедовци и стануваме нивни духовни наследници, како што сме со снагата нивни телесни продолжувачи. Ако се однесуваме со презир кон народниот наш јазик, ние само им враќаме со неблагодарност на нашите родители за сето нивно духовно гледање и воспитание. - Ние имаме и право, освен долгот, да го браниме нашиот јазик и тоа право ни е свето. Секој што го напаѓа нашиот јазик ни е исто таков наш непријател како и напаѓачот на нашата вера. Верата и јазик - тоа се душата на еден народ, со изменувањето на кои еден народ прави коренен душевен преврат: тој се откажува од сe поранешно и зема сe ново. Тој коренен преврат, ако станува постепено во текот на цели векови не е опасен, зашто едни делови од него се однесуваат за едни поколенија, други за други поколенија, така што едни делови преминуваат по наследство, како народно наследство, и само некои се нови. Тој коренен преврат не е опасен само ако е резултат од самостојното развивање на народот.

Но ако еден народ ги изменува својот јазик и својата вера во едно кусо време и под силно туѓи влијание, самиот без свест однесувајќи се кон таа измена, тогаш тој се откажува од самиот себеси и од неговите интереси и се предава и себеси и нив на еден посилен народ, којшто ќе постапи со него и со нив како што ќе му биде потребно; Значи, да се откаже еден народ од својот јазик значи да се откаже тој и од самиот себеси и од своите интереси; значи да престане да гледа на себе со свои очи, да суди за себе и за другите со својот ум и разум, а да чека укажување за сe отстрана. Еден народ што си го загубил својот јазик личи на еден човек што си го загубил патот и не знае од каде иде и на каде оди и којшто не знае зошто оди ваму, а не онаму или таму. Колку во поскоро време еден народ го изменува својот јазик, толку поопасна и очајна е неговата положба.

Опасноста што го загрозува нашиот народ и неговите интереси од страна на пропагандите, коишто ги употребуваат сите и дозволени и недозволени средства за да го исчистат од Македонија нашиот јазик и со него нашите духовни интереси и да ги насадат на нивно место нивните јазици со нивните духовни интереси не само што нe задолжува нас, но и ни дава полно право да ги употребиме сите и дозволени и недозволени средства за да го зачуваме нашиот народен јазик и со него нашите народни интереси. Притоа ние не сакаме туѓо, а си го браниме своето.

Јазикот е акустички резултат од физиолошкото работење на органите на човековиот говор, на којшто му се припишува извесно значење. Главните елементи на јазикот или човековиот говор се: органите за говор, нивното физиолошко работење, слухот, психолошкото воспримање на физиолошкото работење на органите преку слухот и присоединувањето кон восприманиот резултат на физиолошкото работење на органите на говорот или гласот или зборот, некое значење. Значи, јазикот е главно физиолошко – психолошка способност на човекот и како таква зависи од сe што прави да се менува човекот, т.е. со развивање на еден човек и еден народ се развива и неговиот јазик, со нивното опаѓање - опаѓа и нивниот јазик. Човекот се менува во времето и во пространството: исто така се менува и неговиот јазик. Промените во јазикот на еден народ во времето ја составуваат историјата на јазикот на тој народ, а промените негови во пространството ги составуваат неговите современи варијации или дијалекти, поддијалекти, говори, подговори итн.

Срекој народен јазик си има своја историја и свои современи варијации или дијалекти, поддијалекти итн. Своја историја и варијации си има и нашиот јазик. По таа историја може да се проучи како сегашните варијации се добиени од постари и последниве од еден општ македонски јазик, а тој од една јужнословенска група итн. Исто така по неа може да се проследи на која варијација или на кој дијалект во кое време имало поголема литература.

Историјата, како на нашиот исто така и на другите јазици ни покажува оти секој дијалект, поддијалект, говор и подговор може да се употребува во литературни творби. Таа привилегија на еден дијалект, поддијалект итн. да биде орган на литературната реч - според учењето на историјата на јазиците, им се дава ним не по некакви особени естетски предимства, а по чисто практични причини, т.е. по стекот на историско-културните околности. Тие околности денеска го подигнуваат едно наречје на степен на литературен јазик, утре друго итн.

Историско-културните услови секогаш господареа во создавањето на литературни јазици, господарат тие и сега. Благодарејќи ним, во најново време се откажавме да си избереме едно од нашите наречја за наш општ литературен јазик, а наместо тоа зедовме да се учиме и да пишуваме на туѓите соседни јазици, најповеќе на бугарскиот. 155 Благодарејќи на условите, сега ние си го избираме за општ литературен јазик централното македонско, т.е. велешко-прилепско-битолско-охридското наречје. 156

Кои се тие историско-културни услови што нe присилуваат: прво, да си создадеме свој литературен јазик и, второ, да си го избереме имено централното наречје?

Еве кои.

Ние видовме колку се народните интереси тесно врзани со јазикот, а последниов со карактерот и духот народен. Ние гледаме сега оти три национални и религиозни пропаганди во нашата татковина се борат една против друга157 и сите заедно се борат против нас и нашите интереси, сакајќи да им нанесат смртен удар и да си ги потчинат под себе, земајќи го со таа цел религиозното и училишното работење кај нас во свои раце преку црквата и училиштето за да и’ нанесат смртен удар на нашата народност, ни го налагаат нам нивниот наместо нашиот јазик. Народните интереси ни налагаат, за да ги заштитиме нив, да го браниме нашиот јазик од пропагандите. Тоа бранење ќе биде успешно и ќе ги замрси сите планови на пропагандите ако биде задружно и општо. А за да биде такво, треба со општа согласност да се избере едно наречје за општ македонски литературен јазик. 158 Согласност ќе има, ми се чини, само ако секој од нас прави избор не по некакви естетски мерила и не по чисто месни причини, ами од гледиште на општите интереси. Последниве пак налагаат: Периферните наречја да му отстапат место на централното. Како што во една држава има државен центар, којшто најдобро е да се наоѓа во средината на државата и кон којшто се собираат сите конци од државниот живот, исто така и во јазиковните или областите од сродни наречја треба да има еден центар, којшто по неговото значење треба да се однесува кон периферните наречја и говори така како што се однесува центарот и престолнината на државата кон крајните окрузи и околии. Околу центрлното наречје треба да се групираат сите наши научни и литературни сили за да го очистат и да го обогатат со сокровиштата од другите македонски наречја и да создадат од него еден убав литературен јазик. На него треба да се создаде една богата училишна, научна и убава литература за да може преку нив да се рашири низ цела Македонија во вид на литературен јазик што ќе ги измести од неа јазиците на пропагандите. А заедно со изместувањето на пропагандските јазици и со создавањето наш литературен јазик се изместуваат од Македонија и интересите на балканските државички и нивното место ќе го заземат создадените со јазикот македонски интереси.

И така, користа што ќе ни ја даде нашиот општ литературен јазик ни служи за мерило при избирањето наречје за таа цел и таа е главниот фактор при создавањето на нашиот нов литературен јазик.

При издигнувањето на едно наречје на степен на литературен јазик никогаш немаат играно важна улога неговите естетски својства. Тоа е едно, зашто практичните причини земаат врв над естетските, а друго, зашто последниве се релативни и повеќе субјективни. По таа причина поубави му се чинат на човека речиси само оние наречја и говори што ги слуша тој или ги има слушано почесто. Затоа и не може да се зборува за естетичност во јазикот, дијалектите и говорите.

Значи, еден Македонец од Источна или од Северна, или Јужна или Западна Македонија нема право да се противи да биде избрано централното македонско наречје за литературен јазик само затоа што не му се чинело убаво. Немаат право тие да протестираат против централното наречје и затоа што тоа е централно, како и затоа што изборот се прави од практични причини.

Сега да видиме дали избирањето на централното наречје за литературен јазик се оправдува од практично гледиште?

Битола се избира за резиденција на генералниот инспектор за Македонија и неговите советници - цивилните агенти. Таа се претвора во престолнина за Македонија. Таа нова престолнина не е далеку од старите: Преспа и Прилеп и од седиштето на до неодамна автокефалниот охридски архиепископ. Значи, централното наречје има зад себе, така да се рече, историски права. Последниве се засновуваат и врз неговата централна положба, што е како во географски така и во етнографски однос. Централен град во Македонија ни е Велес. Од тој центар географски ние само малку се оддалечуваме, идејќи преку Прилеп кон Битола и Охрид. Таквиот правец при оддалечувањето од географскиот центар се објаснува со тоа што тие краишта се од поголемо историско значење за Македонија, а од друга страна, тие се пооддалечени и од српскиот и од бугарскиот јазичен центар, составувајќи од себе македонски јазичен центар. И вистина дијалектот велешко-прилепско-битолско-охридски е јатката на македонскиот јазик, зашто на запад од него е дебарскиот (рока), на југ – костурскиот (ронка), на исток – источниот или солунскиот (р’ка) и на север - скопскиот или северниот (рука).

Создавањето литературен јазик е духовна потреба кај нас, со која се мисли да им се стави крај на злоупотребите на пропагандите со нашите интереси и со која треба да се создаде свој литературен и научен центар за да се нема нужда од Белград и Софија. А таа тешка задача ќе се постигне само ако Македрнецот од Северна Македонија му подаде рака на својот брат од Јужна Македонија и оној од Западна. Подадените раце ќе се прекрстат околу Прилеп-Битола.

И така: стремежот на Македонците да си создадат свој културен центар; тоа што сега Битола се прави престолнина на Македонија; што Битола, Охрид, Прилеп се историски места за Македонците; како и тоа што составуваат тие географски и јазичен центар, - сите заедно прават да се прифати како општ македонски литературен јазик централното македонско наречје.

Откако ќе се избере наречјето што има да биде македонски литературен јазик, ќе треба да се разгледа и, прашањето за македонскиот правопис.

3а правописот како и за правецот на нашето културно развивање, ќе треба тука да се направат неколку забелешки. Правописот на еден јазик, како и изработувањето на еден литературен јазик, може да оди постепено и полусвесно. Еден човек од еден народ што нема писменост може да ја научи азбуката од еден народ покултурен од неговиот. Тој човек може да ја употребува туѓата азбука и за гласови од неговиот јазик или да ги изложи своите мисли со помошта на туѓа азбука. Но ако во неговиот јазик има гласови што ги нема во јазикот од којшто се позајмува азбуката, тоташ позајмувачот на туѓата азбука ќе направи некои изменувања и дополнувања на неа, со кои ќе биде означена разликата во гласовите меѓу двата јазика. Таа позајмена и преработена азбука се предава од колено на колено и со предавањето се изменува и сe се дотерува до својствата на јазикот на позајмувачите. Така постепено и неосетно се изработуваат азбуките кај понекултурните народи од допир со покултурни народи. Но таквата постепеност има место ако два соседни народи се во нееднакви политички услови, тоа значи, едниот, т. е. покултурниот народ господарува, а другиот, понекултурниот народ е заробен или, најмалку, нема полна политичка слобода. Но инаку одат работите ако двата народа имаат свои држави. Во таков случај позајмувањата, особено културните, стануваат посвесно и поскоро. Така христијанството и писменоста кај нас Македонците се имаат зафатено најрано од сите словенски цароди. Тие се рапространуваа со векови и одеа одоздола нагоре. Затоа во историјата ништо не се зборува за покрстувањето на нашиот народ. Но со покрстувањето секојпат има идено и писменоста. Со премолчувањето на нашето покрстување се премолчува и процесот на образувањето на нашата писменост.

И така нашето духовно преродување и просветување кај нас, па и изработувањето на нашата писменост, поради географските и историските услови, има земено во првата илјадагодишнина по р.(аѓањето) Хр.(истово) инаков од, а кај другите православни Словени инаков. Кај нас тоа се извршува постепено и незабележено, кај нив брзо и со извесна тенденција.

Од турското завојување на Балканскиот Полуостров стана една промена. Турското господство ни ги пресече сите врски со нашата старина: Најтешко се одрази тоа на Македонија, како централна провинција, па затоа во тоа време кога кај другите православни Словени постепено се изработуваше писмениот јазик и правописот ние се повеќе се обезличувавме и речиси сосем се откажавме од нашиот јазик како орган на литературната реч. Одвреме-навреме во текот на XIX век ние имаме обиди да се пишува на македонски, но поради некои историски причини тие обиди не се овенчаа со успех каков што би можело да се очекува од нив.

Литературните обиди на македонските пишувачи во XIX век, за жал, немаа такво значење за да добијат следбеници, затоа ако и сега во XX в. гледаме некои обиди да се пишува на македонски, тоа не се прави свесно и од некакви патриотски влечења и цели, ами само за забава; 159 Во тоа се состои разликата на нашата, т.е. македонската духовно-национална преродба од онаа на другите православни словенски народи, со други зборови: како што понапред ние постепено и први се просветувавме со христијанството и со писмото, а другите Словени - по нас и набрзина, така пак сега, во времето кога сите православни Словени постепено си изработија свои литературни јазици, свои богати литератури и постепено изработени правописи, ние остануваме поназад од сите, тукуречи без литературни традиции - не затоа што ги немаме, а зашто го забораваме своето изучувајќи го туѓото.

Ние сега со брзина ќе треба да го разработиме нашиот литературен јазик, да го установиме нашиот правопис и да создадеме една наша литература што ќе им одговара на сите наши потреби. Со нашата сегашна национална преродба ние им се спротиставуваме на другите православни Словени, како што се спротиставивме и понапред: тогаш бевме први во духовната преродба што кај нас беше бавна, а кај нив брза, сега наопаку: тогаш тие нас сакаа да не достигнат и работеа со извесна тенденција и брзина, сега наопаку.

Во зависност од тоа како се има развивано еден народ, и неговиот јазик и правописот може да биде различен. Ако еден народ само постепено си го изработува своето писмо и него го преработува и притоа во неговата историја нема такви настани што ја преполовуваат и прават цела пропаст помеѓу едната, т.е. старата, и другата или новата половина, -писмениот јазик и правописот содржат во себе многу такви особини што немаат реална вредност во гласовите во сегашната состојба на јазикот. Но ако во историјата на културниот развиток на еден народ има два периода, меѓу коишто има еден како трети, но којшто е период на застој и е како непреодна стена меѓу нив, - тогаш во новиот период на развитокот на националното самосознание имаме преродба на народниот дух, коешто станува вистина врз стара основа, но во него влегуваат многу нови начела, во согласност со духот на времето и со специјалните потреби на народниот живот и неговите пројави. 160 Таа преродба се одбележува и во книжевниот јазик и правописот: како едниот така и другиот се горе-долу слободни од некои традиции што не се согласни со современата состојба на разговорниот јазик.

И така, историјата на културниот развиток на народите, во согласност со нејзиниот од, содејствува: или за чисто етимолошки или историски правопис, или за мешан - етимолошко-фонетски или историско-фонетски, или најпосле за чисто фонетски правопис. Трите вида правописи зависат од поголемата или помалата приврзаност кон старата или кон новата состојба на еден разговорен или литературен јазик. Едниот од трите правописа се усвојува за еден литературен јазик кај еден народ што се преродува главно во зависност од таа тенденција што владее при народното преродување.

Штом е така, тогаш и нашиот правопис и правецот на нашиот литературен јазик ќе треба да биде во полна зависност од таа тенденција што ќе нe раководи нас при нашата национална преродба. Каква може да биде таа тенденција се гледа од оваа книга. Но јас ќе си дозволам да повторам. Таа е: прво, Македонија да се неутрализира за Бугарија и Србија и да се оддалечи еднакво од двете држави, и второ, таа треба да се обедини врз јазична основа. Овие принципи ќе го раководат и правописот.

На тие два принципа одговара: 1. прилепско-битолското наречје за литературен јазик, како еднакво далечно и од српскиот и од бугарскиот јазик и централно во Македонија, 2. фонетскиот правопис со употребените писмени знаци во оваа книга и со мали отстапки на етимологијата, и 3. речничкиот материјал да е збир од сите македонски наречја.

155. „Најновото време”, според Мисирков, е времето кога во Македонија туѓите литературни јазици почнуваат да навлегуваат во служба на литературни. Тој смета дека Македонците како литературен јазик си го имале старословенскиот – сe до половината на минатиот век, иако грчкиот во многу области веќе беше почнал да го заместува. Историски факт е дека се до 60-тите години на XIX век македонскиот јазик, па дури и со извесни учебници на „македонското наречје”, се употребува во приватните и во општинските училишта во Македонија. Настапот на пропагандите го одбележува и навлегувањето на туѓите литературни јазици сред нашиот народ. Не е точно, меѓутоа, дека народот се откажал од создавањето свој литературен јазик. Мисирков бездруго со право бил револтиран од практиката на ТМОРО што се служела со бугарскиот литературен збор во својата дејност, како и од активноста на некои егзархиски учители што толку ревносно го воведувале тој јазик во македонските средини.

156. Веројатно затоа што Охрид тешко може да се нарече централен град дури и во тогашна Македонија, Мисирков многу често зборува само за „велешко-прилепско-битолското наречје” како основа на македонскиот литературен јазик. Но по две години, согледувајќи ја историската важност на Охрид за Македонија, тој во поголема мерка ќе се потпре и врз карактеристиките на охридскиот говор. Тоа нашло одраз и во фонетиката и во морфологијата на јазикот во сп. „Вардар”, па затоа е дополнета и азбуката со уште една буква /a /, што ја употребува на местото на старата тврда носовка /?/, со факултативен изговор, сиоред рефлексот во разните наши народни говори.

157. Мисирков ги зема овде само бугарската, српската и грчката националистичка пропаганда, додека романската ја исклучува. Посебниот карактер на романската пропаганда се потврди и од блиските настани со настапот на оружената четничка акција на пропагандите, кога романската, како пропаганда на земја што нема заедничка гранична линија со Македонија, во таа форма главно и не се изрази.

158. Ова барање писмено го истакна уште самоукиот ѕидар, комита, литератор, граматичар и историчар Ѓорѓија М. Пулевски: „...треба да се соберат од сите напред речени народности по 4-5 учени луѓе што го познаваат мајчиниот јазик чисто. И тие луѓе да изработат една граматика што им одговара на севернословенските народности, па да остане како света книга за сите училишта, а и за пишување други книги“ /1875/

159. Незадоволството на Мисирков од „македонските пишувачи” од XIX и почетокот на XX век може и да се разбере, но несфатливо е како не можел да ја согледа појавата барем на еден В. Чернодрински, чии дела беа печатени или претставувани на сцената и пред напишувањето на книгата „За македонцките работи”, додека самиот Мисирков беше негов личен познаник. Исто така, токму во тоа време во Софија се печатеше и драмата на М. Цепенков, а во репертоарот на Театралната трупа на Чернодрински се наоѓаа и драмските текстови на А. Страшимиров и Д. Хаџидинев.

160. Мисирковата поделба на нашиот литературноисториски развиток на три периода не е без основа, особено ако се има предвид целта и времето на периодизацијата: првиот период го претставува времето до појавата на националистичките пропаганди во Македонија и до задушувањето на употребата на старословенскиот како литературен јазик; вториот - времето на националистичките пропаганди (до појавата на книгава, 1903), кога се воведуваат туѓите јазици во Македонија како литературни, период што е како „непреодна стена” помеѓу претходниот и новиот што тој го очекуваше со реформирањето на Македонија и со воведувањето на македонскиот јазик како литературен за сите Македонци, изграден врз основа на резултатите од развитокот на современите народни говори, коешто го смета како трет период што го наречува „преродба”.

--------------------------------------------

Неколку зборои за македонцкиiот литературен iазик (фототипно издание)

Во четирите горни статиiи на оваа книга iас сакаф да обрнам погледите на моiите сонародници на нуждата од iедно корено изменуаiн'е на досегашниiот процес на нашето дуовно развиiаiн'е, као и на тоа да моiите возгледи во тоi случаi не сет нешчо ноо и безосновно, а сет само чекор напред во досегашното развиiаiн'е на нашето национално самосознаiн'е и да сет затоа сосем природни и осноателзни.

Се разбират, оти во iедна мала книга, као шчо iет оваа моiата, не се можат подробно да се разгледаат сите задирнати прашаiн'а. За секоiе од ниф би се можела да напишт по iедна цела книга. Но сега за сега от таквиiа подробни разгледуаiн'а за задирнатите питаiн'а се немат ушче голема и неотложна нужда; за тоа требаше за сите од ниф да се кажит по неколку зборои, зашчо они iедно без друго сет неiасни и неразбирливи. Осем разгледуаiн'ето на сите задирнати прашаiн'а, за да бидит iасно поiауаiн'ето , на книгата, сега ке требит да се кажит неколку зборои за своiевременоста на книгата и нашиiот литературен iазик.

Мнозина, можит, к'е речат, оти вистина арно iет чоек да се позамислит над прашаiн'ата, задирнати во таiа книга, но сега ушче не му iет времето. Со оваа книга, ке речат они, се носит раздор и разiединуаiн'е мег'у нас, на место соiединуаiн'ето, коiе сега за сега ни iет така нужно. За македонцка народност, македонцка литература и литературен iазик ниiе ке мо жиме да му мислиме само, кога к'е заживеiеме iеднаш слободен политичен живот; а до тогаi нам ни требит, ниiе да сме соiединени и да остаиме на страна националното прашаiн'е.

На тоа iас можам да одгоорам само ово: по моiето мислеiн'е, сегашните, т.е. мiурштегцките реформи сет максимум, шчо можа да ископчит од Европа револуциiата. Револуциiата на пролет ке бидит наi глупаото, шчо можиме ниiе да напраиме. Со револуциiата на пролет ке се користат само нашите неприiатели, коiи си имаат само есапи, противни на нашите национални интереси. Револуциiата на пролет само ке ни унишчит совршено нас и ке унишчит плодоите, добиiени од неiа до сега, оти она ке бидит напраена не против Турцко, а против него и Реформаторцките Сили, и оти тоа ке бидит не по наши есапи, а по есапите на некоiа Голема Сила и некоiи мали балканцки држаiи, коiи ке не натераат нас да се дигниме, а после ке не остаат на стред пат; наi после, оти ниiе, ако против сите аргументи на здравиiот омисл пак подигниме востааiн'е, ке бидиме само осноа на дипломатцка борба мег'у реформаторцките држаи и некоiа трек'а, коiа борба ке се свршит само [со] нашето поништуаiн'е. За тоа ниiе, требит, да се откажиме от секоiа мисл'а за револуциiа на пролет, ушче поеке, шчо реформите ке се воведат, зашчо со ниф iет врзана честта на две Големи Сили, коiи сет во стаiн'е да постаат се на своiето, - и да се зафатиме за ноа т.е. културна борба, во коiа прво место ке требит да зимат прашаiн'ето за нашата народност и нашето национално-религиозно развиiаiн'е. Значит, истом сега му iет времето да се мислит за iазико наш, нашата национална литература и восггитааiн'е во национален дух. Сега настапуат време за интерес со националнорелигиозни прашаiн'а.

Тоi интерес малу iет задоцнел, но от тоа ушче неследуат, да он си немат сега место мег'у нас и да можит да ни напакостит.

Ако сме логични, то требит да признаiиме, оти автономиiата на Македониiа, за коiа до сега револуционерите се бореа, имат смисл'а само во тоi случаi, ако револуционерите согледуваа во нашиiот народ таквиiа качества и особини, коiи се немаат у друзите балканцки народи, а сет само наша характерна црта. Само согледуаiн'ето.на тиiе своiеобразни црти во характерот, нравите, ооичаiите, жиотот, предаiн'ата и iазикот на нашиiот народ iет важна причина да сме ниiе против делеiн'ето на нашата таткоина и за неiната автономиiа, зашчо дележот ке ни искоренит се шчо ни iет мило и ке ни наврзит много противно нешчо на нашиiот народен дух. Само оддел'ното македонцко национално самосознааiн'е каi нас ни даат морално прао, да се бориме против бараiн'ето на малите балканцки држаи, да се разделит нашата таткоина, и да се бориме против пропагандите, шчо готват почва за дележ. А ако не можит да се добиiет автономиiа, требит ли ниiе равнодушно да гледаме на работаiн'ето на пропагандите и да се бориме со iедно ноо течеiн'е, шчо iет напраено само против ниф, за тоа само, шчо тоа течеiн'е ке ослабело наi силната пропаганда? Никак не, зашчо ни iедна пропаганда, колку и да iет она силна, не можит да ни даит тоа, шчо очекуаме ниiе од неiа. Сите пропаганди сет .пропаганди само на своiи, но никак не и на наши интереси, и од ниф никогаш немало нишчо особено за народот. Спасеiн'ето от пропагандите никоi пат не ке ни доiдит, зашчо, ако iет денеска iедна по силна, утре к'е се чинит и другата таква, а првата ке ослабнит. Пропагандите само наi после можат да достигнат краiната своiа цел'а - дележот, коiе не го сакаат и тиiе, шчо сет против националниiот сепаратизм. Значит, последниiот не iет неуместен во сегашните прилики, и можит да ни даит само арни плодои, но не и да ни напакостит.

Iедно си имат местото националниiот сепаратргам, то требит да се проiавит он во милоста кон се шчо iет народно, и на прво мсето, во милоста кон народниiот iазик.

Iазикот iет средство, со коiе ниiе познааме, шчо мислит, шчо осек'ат и шчо сакат нашиiот собеседник. Во iазикот се имаат оддел'ни гласовни знакои или зборои за сите мисли, осек'аiн'а и сакаiн'а на iеден чоек, затоа iазикот на iеден народ iет негоо дуовно богатство и наследство, во коiе се закл'учуваат, отпечатениво гласовни знакои или зборои, сите народни мисли, осек'аiн'а и сакаiн'а, со коiи имат живено и живит iеден народ и коiи се предаваат, као нешчо свето от iедно поколеiн'е на друго. Да сочуат некоi своiот народен iазик и да го бранит као светиiн'а, значит, да останит он верен на дуот на своiите предедовци и да уважаат се, шчо имаат они напраено за своiето потомство Да се откажит чоек от своiо народен iазик значит, да се откажит он и од народниiот дух Со тоа само се обiаснуат сакаiн'ето и усилиiата на покорителите, да напраат покорените, да се откажат от своiот iазик и да изучат на негоо место нивниiот; исто така со тоа се обiаснуат упортството на покорените народи да сочуваат сето своiе духовно народно наследство, а особито iазикот.

Таква милост кон нашиiо народен iазик требит да имаме и ниiе, ако сакаме да останиме верни на дуот на нашите предедовци. Милоста кон народниiо iазик iет наш долг и наше прао. Ниiе сме должни да милуаме нашиiот iазик, зашчо тоi iет наш, исто така, као шчо ни iет наша таткоината ни. Првите гласои шчо и имаме чуено, сет гласоите на нашите татковци и маiки, гласоите и збороите на нивниiот народен iазик. Преко ниф ниiе добифме нашата прва дуовна храна, зашчо со ниф се осмисл'уаше се, шчо видефме со нашите очи. Со народниiот iазик ниiе осво iуаме психологиiата на нашите татковци и предедовци: и се чиниме нивни дуовни последници, као шчо сме со снагата нивни телесни продолжаачи. Ако се односуаме со презреiн'е кон народниiот наш iазик, ниiе само враiк'аме со неблагодарност на нашите родители за сето нивно дуовно гледаiн'е и воспитаiн'е. Ниiе имаме и прао, осем долгот, да браниме нашиiот iазик и тоа прао ни iет свешчено. Секоi, коi шчо напаг'ат на нашиiот iазик, ни iет исто таков наш неприiател', као и нападачот на нашата вера. Верата и iазикот, тоа сет душата на iеден народ, со изменуаiн'ето на коiи, iеден народ праит коренен душевен нреврат: он се откажуат от се прег'ешно и земат со ноо. Тоi коренен преврат, ако стаат постепено во течеiн'е на цели векои, не iет опасен, зашчо iедни делои од него се односуваат до iедни поколеiн'а, друзи до друзи поколеiн'а, така да iедни делои преминаваат по наследство, као народно наследиiе, и само некоiи сет нои. Тоi коренен преврат не iет опасен само, ако iет резултат на самостоiното развиiаiн'е на народот.

Но, ако iеден народ изменуат своiот iазик и своiата вера во iедно касо времо и под силно чуздо влиiаiн'е, сам без сознааiн'е однесуаiк'и се кон таiа измеиа, то он се откажуат от сам себе и от негоите интереси и предаат и себе и ниф на iеден по силен народ, коi шчо ке постапит со него и ниф, како шчо ке му се заблагорасудит. Значит, да се откажит iеден народ от своiот iазик, се велит, да се откажит он и от сам себе и своiите интереси; се велит, да престанит да гледат на себе со своiи очи, да судит за себе и за друзите со своiот ум и разум, а да чекат укажаiн'е за се от страна. iеден народ, коi шчо изгубил своiот iазик, мiасат на iеден чоек, коi шчо изгубил патот и не знаiит ст каi идит и каi одит, и коi шчо не знаiит, зашчо одит вамо а не онамо или тамо. Колко во по скоро време iеден народ изменуат сзоiот iазик, толко по опасно и отчаiано iет негоото положеiн'е.

Опаснсста, коiа угрожаат на нашиiот народ и негоите интереси от страна на пропагандите, коiи шчо употребуваат сите и дозволени и недозволени средства, за да исчистат од Македониiа нашиiот iазик и со него нашите дуовни интереси и да насадат на нив но место нивните iазици со нивни интереси, не само не задолжуат нас, но и ни даат полно прао да употребиме сите и дозволени и недозволени стредства, за да сочуаме нашиiот народен iазик, и со него нашите народни интереси. При тоа ниiе не сакаме туг'о, а си браниме своiето.

iазикот iет акустичен резултат од физиолошко работеiн'е на органите на чоечката реча, на коi шчо му се приписуат извесно змачеiн'е; Главните елементи на iазикот или чоечката реча сет: органите на речата, нивното физиолошко работеiн'е, слуот, псиолошкото восприiимаiн'е на физиолошкото работеiн'е на органите преко слуот, и присоiединуаiн'ето кон восприiиманиiот резултат на физиолошкото раiботеiн'е на органите на речата или гласот, или зборот, некоiе значеiн'е. Значит, iазикот главно iет физиолошко-психолошка способност на чоека, и као таква зависит от се тоа, шчо праит да се менит чоек, т.е. со развиiаiн'ето на iеден чоек и iеден народ се развиiат и негоиiот iазик, со нивното опаг'аiн'е опаг'ат и нивниiот iазик. Чоек се менит во време и пространство: исто така се менит и негоиiот iазик. Променеiн'ата во iазикот на iеден народ во време состауваат историiата на iазикот на тоi народ, а променеiн'ата негои во пространство составуваат негоите современи вариациiи или диiалекти, поддиiалекти, гоори, подгоори и пр.

Секоi народен iазик имат своiа историiа и своiи современи вариации или диiалекти, поддиiалекти и пр. Своiа историiа и вариации имат и нашиiот iазик. По таiа историiа можит да се изучит, како сегашните вариации се добиiа от по стари и последните од iеден обшч македонцки iазик, а тоi од iедна iужнословенцка група и пр. Исто така по неiа можит да се проследит на коiа вариациiа, или на коi диалект; во коiе време имало по голема литература.

Историiата, како на нашиiот, исто така и на друзите iазици, ни покажуат, оти секоi диалект, поддиалект, гоор и подгоор, можит да се употребуат во литературни произведеiн'а. Таiа привилегиiа на iеден диалект, поддиалект и пр. - да бидит орган на литературна реча - по учеiн'ето на историiата на iазиците, се даат ним, не по некакви особени естетични преимушчества, а по чисто практични причини, т.е. по стечеiн'ето на историко-културните прилики. Тиiе прилики денеска подигаат iедно наречиiе на сте пен на литературен iазик, утре друго и пр. Историко-културните прилики во создааiн'ето на литературни iазици гооподствуваа секоаш, господствуваат они и сега. Благодареiн'е ним во наi ноо време се откажафме да си избериме iедно од нашите наречиiа за наш обшч литературен iазик, а наместо тоа зедофме да се учиме и да пишиме на туг'ите саседни iазици, наi поеке на бугарцкиiот. Благодареiн'е на приликите сега ниiе си избираме за обшч литературен iазик, централното македонцко, т.е. Велешко-Прилепцко-Битол'цко-Охридцко наречиiе.

Коiи сет тиiе историiцко-културни прилики, шчо не застауваат: прво, да си создааме своi литературен iазик и второ, да избираме имено центарлното наречиiе?

Ето коiи.

Ниiе видофме колку сет народните интереси тесно врзани со iазикот, а последниiот со характерот и дуот народен. Ниiе видиме сета, оти три национални и религиозни пропаганди во нашата таткоина се борат iедна против друга и сите заiедно се борат против нас и нашите интереси, сакаiки да им нанесат смртен удар и да си и потчинат под себе, зимаiки, со таiа цел'а религиозното и сколиiцжо работеiн'е каi нас, во своiи раци преко црквата и сколиiата за да нанесат смртен удар на нашата народност, ни налагаат на нас нивниiот, наместо нашиiот iазик. Народните интереси ни налагаат за да и зашчитиме ниф, да браниме нашиiот iазик од пропагандите. Тоа бранеiн'е ке бидит уопешно и ке размрсит сите планои на пропагандите, ако бидит задружно и обшчо. А за да бидит такво, требит со обшчо согласиiе да се изберит iедно наречиiе за обшч македонцки литературен iазик. Согласиiе ке имат, ми се чинит, само ако секоi од нас праит избор не по некакви естетични сообразуаiн'а и не по чисто местни причини, а од гледишче на обшчите интереси. Последните пак налагаат: перифериiцките наречиiа, да отстапат место на централното. Како шчо во iедна држаа се имат држаен центр, коi шчо наi арно iет да се насг'ат во стредината на држаата и кон коi шчо се собираат сите конци од државниiот жиот, исто така и во iазиковните или области от сродни наречиiа требит да се имат iеден центр, коi шчо по значеiн'ето негоо требит да се односуат кон перифериiцките наречиiа и гоори, као шчо се односуат центрот и столицата на држаат кон краiните окрази и околиiи. Около централното наречиiе требит да се групираат сите наши научни и литературни сили, за да го очистат и обогатат со сокроишча од друзите македонцки наречиiа и да создадат од него iеден убав литературен iазик. На него требит да се создадит iедна богата сколиiцка, научна и убаа литература, за да можит преко ниф да се раширит низ цела Македониiа во вид на литературен iазик, коi шчо ке изместит од неiа пропагандцките iазици. А заiедно со изместуаiн'ето на пропагандцките iазици и со создааiн'ето наш литературен iазик, се изместуваат од Македониiа и интересите на балканцките држаици и нивното место ке го застапат создадените со iазикот македонцки интереси.

И така, користа, шчо ке ни iа даит нашиiот обшч литературен iазик, ни служит за мерило при избираiн'е наречиiа за таiа цел'а, и она iет главниiот фактор при создааiн'ето на нашиiот нов литературен iазик. При возвишааiн'ето на iедно наречиiе на степен на литературен iазик, никога немаат играно важна рол'а негоите естетични своiства. Тоа iет iедно, зашчо практичните сообразуаiн'а зимаат врф над естетичните, а друго, зашчо последните сет односител'ни и поеке субiективни. По таiа причина, по убаи се чинат на чоека готоо само тиiе наречиiа и гоори, што и слушат он или и имат слушано по често. За тоа и не можит да се зборит за естетичност во iазикот, диалектите и гоорите.

Значит, iеден македонец од источна, или северна, или iужна, или западна Македониiа немат прао да се противит да бидит избрано централното македонцко наречиiе за литературен iазик само зато, шчо не им се чинело убао. Немаат прао они да протестираат против централното наречиiе и за тоа„ шчо iет оно централно као и зашчо изборот се праит по практични соображеiн'а.

Сега да видиме, али избираiн'ето на централното наречиiе за литературен iазик се оправдаат от практично гледишче?

Битол'а се избират за резиденциiа на Генералниiот Инспектор за Македониiа и негоите советници - цивилни агенти. Она се обрак'ат во престолнина за Македониiа. Таiа ноа престолнина не iет далеку от старите: Преспа и Прилеп, и од седалишчето на до неодамна автокефалниiот Оридцки Архиепископ. Значит, централното наречiие имат зад себе, така да се речит, историiцки праа. Последните се основаат и на негоото централно положениiе, коiе iет, како во географцки, така и во етнографцки однос. Централен град во Македониiа ни iет Велес. От тоi центр географцки, ниiе само мало се оддалечуаме, идеiки преко Прилеп кон Битол'а и Орид. Таков праец при оддалечуаiн'ето од географцкиiот центр се обiаснуат со тоа, оти тиiе краiишта сет от по големо историiцко значеiн'е за Македониiа, а од друга, сет по оддалечени и от србцкиiот и бугарцкиiот iазикои центри, состауаiки от себе македонцки iазиков центр. И вистина диалектот Велешко-Прилепцко-Битол'цко-Оридцки iет iатката на македонцкиiот iазик, зашчо на запад од него iет Дебранцкиiот (рока), на iуг - Костурцкиiот (ронка), на исток - источниiот или Солунцкиiот (ргка) и на север - Скопцкиiот или северниiот (рука).

Создааiн'ето литературен iазик iет дуовна потребност каi нас, со коiа се мислит да се клаит краi на злоупотребите на пропагандите со нашите интереси, и со коiа требит да се создаит своi литературен и научен центр, за да се немат нужда од Белград и Софиiа. А та тешка задак'а ке се достигнит само, ако македонецот от северна Македониiа подаит рака на своiот брат од iужна Македониiа, и македонецот од источна Македониiа подаит рака на тоi од западна. Подадените раци к'е се прекрстат около Прилеп -Битол'а .

И така: стремеiн'ето на македонците да создадат своi културен центар; тоа шчо сега Битол'а се чинит престолнина на Македониiа; шчо Битол'а, Орид, Прилеп сет историiцки места за македонците; као и тоа, шчо состауваат они географцки и iазичен центр; сите заiедно праат да се приiимит, као обшч македонцки литературен iазик, централното македонцко наречиiе.

Откако се изберит наречиiето, коiе имат да бидит македонцки литературен iазик, ке требит да се разгледат и прашаiн'ето за македонцкиiот праопис.

За праописот као и за праецот на нашето културно развиiаiн'е ке требит тука да се напраат неколку забелешки. Праописот на iеден iазик, као и изработуаiн'ето на iеден литературен iазик можит да идит постепено и полусознател'но. iеден чоек од iеден народ, шчо немат пиоменост, можит да изучит азбуката од iеден народ по културен од негоиiот. Тоi чоек можит да употребуат туг'ата азбука и за гласои од негоиiот iазик, или да изложит своiите мисли со помок'та на туг'а азбука. Но ако во негоиiот iазик се имаат гласои, коiи се немаат во iазикот, от коi шчо се позаiмуат азбуката, тогаi позаiмуачот на туг'ата азбука ке напраит некоiи изменеiн'а и дополнеiн'а во неiа, со коiи ке бидит означена разликата во гласоите мег'у двата iазика. Таiа позаiмена и преработена азбука се предаат от колено на колено и со предаiн'ето се се изменуат и се дотеруат до своiствата на iазикот на позаiмуачите. Така постепено и неосетно се изработуваат азбуките у по некултурните народи од додир со по културни народи. Но таква постепеност имат место,ако два саседни народи сет во не iеднакви политични прилики, ке се речит, iедниiот, т.е. по културниiот народ гооподаруат, а другиiот, по некултурниiот народ iет заробен, или наi малу немат полна политична слободиiа. Но инак одат работите, ако двата народи имат своiи држаи. Во таков случаi позаiмуаiн'ата, особено културните, биваат по сознател'но и по скоро. Така рисiанството и писменоста каi нас македанците се имат зафатено наi рано от сите словенцки народи. Они се распространуваа со векои и идеа одоздолу на горе. За тоа во историiата нишчо не се зборуат за покрстуаiн'ето на нашиiот народ. Но со покрстуаiн'ето секоi пат имат идено и писменоста. Со замолчуаiн'ето на нашето покрстуаiн'е се замолчуат и процесот на образуаiн'ето на нашата пиеменост.

И така нашето дуовно препородуаiн'е и просветеiн'ето каi нас, па и изработуаiн'ето на нашата писменост, заради географцките и историiцки прилики, имаат земено во првата ил'адогодишнина по Р. Хр. инаков ход, а у друзите праославни словени инаков. Каi нас тоа се извршуат постепено и незабележано, каi ниф брзо и со извесна тенденциiа.

От турцкото завоiуваiн'е на Балканцкиiот полуостров стана iедна премена. Турцкото господство ни пресече сите врски со нашата старина. Наi тешко се отрази оно на Македониiа, као централна провинциiа, па затоа во тоа време, кога у друзите праославни словени постепено се изработуаше писмениот iазик и праописот, ниiе се поеке се обезличаафме и готоо сосем се откажафме од нашиiот iазик, као орган на литературна реча. Од време на време во течеiн'е на цел XIX век ниiе имаме опитуачки да се пишит на македонцки, но зарди некоiи историiцки причини тиiе опитуачки не се овенчаа со успеф, каков би можело да се очекуат од ниф.

Литературните опитуачки на македонцките писачи во XIX век немаа за жалост таков значаi, да задобиiат последуачи, затоа, ако и сега во XX в. видиме некоiи опитуачки да се пишит на македонцки, то тоа се не праит сознател'но и од некакви патриотични влечеiн'а и цели, а само за забаа. Во тоа се состоит разликата во нашето, т.е. македонцкото дуовно-национално возродуаiн'е, от тоа на друзите праославни словенцки народи, со друзи зборои: као шчо по напред ниiе постепено и први се просветуафме со рисiанство и со писмо, а друзите словени - после нас и на брзо, така пак сега, во тоа време, кога сите праославни словени лостепено си изработиiа своiи литературни iазици, своiи богати литератури и постепено изработени праописи, ниiе остааме назад от сите, туку речи, без литературни традициiи, не затоа, што и немаме, а зашчо заборааме своiето, изучааiки туг'ето.

Ниiе сега со брзина ке требит да разработиме нашиiот литературен iазик, да устаноиме нашиiот праопис и да создадиме iедна наша литература, коiа ке одгоарат на сите наши нужди. Со нашето сегашно национално возродуаiн'е ниiе се протиостааме на друзите праославни, словени, као шчо се протиостаафме и напред: тогаi бефме први во дуовното препородуаiн'е, коiе каi нас беше бавно, а каi ниф скоро, сега наопако; тогаi они нас сакаа да не достигнат и работеа со извесна тенденциiа и брзина, сега наопаку.

Во зависност от тоа, како се имат развиiано iеден народ и негоиiот iазик. и праописот можит да бидит различен. Ако iеден народ само постепено си изработуат своiето писмо и нето го преработуат и притоа во негоата историiа се немаат таквиiа собитиiа, шчо iа преполоуваат и праат цела пропаст мег'у iедната, т.е. старата и другата или ноата неiна полоина, - писмениiот iазик и праописот содржаат во себе много таквиiа особини, коiи немаат реална вредност во гласоите на сегашното стаiн'е на iазикот. Но, ако во историiата на културното развиiаiн'е на iеден народ се имаат два периода, мег'у коiи се имат iеден, као треки, но коi шчо iет период од застоi и iет као непрелазна стена мег'у ниф, - тогаi во новиiот период на развиiаiн'ето на националното самосознааiн'е имаме препорадуаiн'е на народниiот дух, коiе стаат вистина на стара осноа, но во него влиiаат много нои начела, согласно со дуот на времето и со специалните потреби на народниiот жиот и негоите проiауаiн'а. Тоа препородуаiн'е се одбележуат и во книжниiот iазик и праописот: како iедниiо, така и другиiот сет горе долу слободни од некоiи традициiи, коiи не сет согласни со современото стаiн'е на разгоорниiот iазик.

И така историiата на културното развизаiн'е на народите, согласно со неiниот ход, содеiствуват: или на чисто етимологиiцки или историiцки праопис, или на бркан - етимологиiцко-фонетичен или историiцко-фонетичен, или наi после на чисто фонетичен праопис. Трите вида от праопис зависат от по големата или по малата приврзаност кон старото или ноото стаiн'е на iеден разтоорен или литературен iазик. iедеiн'от от трите праописа се усвоiуат за iеден литературен iазик у iеден народ, шчо се возродуат, главно во зависност от та тенденциiа, шчо госпоствуат при народното возродуаiн'е.

iедно iет така, то и нашиiот праопис и праецот на нашиiот литературен iазик ке требит да бидат во полна зависност од та тенденциiа, коiа ке не раководит нас при нашето национално возродуаiн'е. Каква можит да бидит таiа тенденциiа се видит от таiа книга. Но iас ке си дозвол'ам да повторам. Она iет: прво, Македониiа да се неутралисат за Бугариiа и Србиiа и да се оддалечит iеднакво од двете држаи и друго, она требит да се обiединит на iазична осноа. Тиiе принципи ке ракоодат изработуаiн'ето на литературниiот наш iазик; они ке ракоодат и праописот. На тиiе два принципа одгоарат: 1, Прилепцко-Битол'цкото наречиiе за литературен iазик, као iеднакво далеко и от србцкиiот и бугарцкиiот iазици, и централно во Македониiа. 2, фонетичниiот праопис со употребените во таiа книга писмени знакои и со мали отстапки на етимологиiата и 3, речничниiот материiал да iет собраiн'е от сите македонцки наречиiа.

(Стр. 132-145)