Има ли потреба за македонски национални научно-литературни друштва? (прилагодено на современиот правопис)
Идејата за образувањето на нашето друштво57 беше - полното одделување на нашите интереси од бугарските. Со него ние сакавме да им покажеме на Русите оти кај нас во Македонија нема национален антагонизам и е возможно задружно работење од сите македонски народности врз културна почва. Уште повеќе, ние сакавме да им покажеме на Русите дека нема во Македонија неколку словенски народности, а има само една; дека Македонските Словени можат сами да ја разрушат таа преграда што е поставена меѓу нив од пропагандите и од нивното образование во Бугарија, Србија или Грција. Ние сакавме да покажеме оти и покрај нашето образование и воспитание во разни држави или пропаганди, ние претпочитаме сите да направиме отстапки од своја страна за општомакедонските интереси, за да не бидеме орудие во рацете на пропагандите и на нивните цели: за да не се стремиме кон соединување ни со Бугарија, ни со Србија ни со Грција.
Но се најдоа меѓу ланските членови лица58 што го наоѓаат за излишно постоењето на такво друштво, зашто немало одделна македонска народност во Македонија, а имало само српска и бугарска, и бидејќи во Петроград имало бугарско и српско студентско друштво, немало потреба за македонско.
Имајќи ја предвид таа критика за потребата и целесобразноста на нашево овдешно друштво, ние сме должни да си дадеме точен отчет за причините што го предизвикаа неговото образување. Тоа може да се направи откако ќе се одговори на главните приговори на нашите противници, со кои тие се мачат да покажатдека нема потреба за одделно македонско друштво и дека неговото формирање не е своевремено.
Нашите противници велат оти сега не му било времето да се подигаат национални прашања во Македонија, кога е зборот за едно сносно постоење. на сите народности. Сега не е времето да се одделуваме од Бугарија, кога таа направила толку жртви за нашето ослободување и ќе направи уште за напред. Неумесно и неразумно е да ги одделуваме своите интереси од општобугарските, кога во соединувањето, а не во расцепувањето, е силата. Ако се подигне сега прашањето за националноста на Македонците, тогаш ние ќе треба да се вратиме назад за 30 и повеќе години. 59 Зар е и возможно сега националното обединување на Македонците, кога во Македонија има многу, а не една националност, и кога нема една одделна македонска словенска нација?
Најнапред треба да се рече дека не е вистина тоа што го велат оти сега не му било времето да се подига прашањето за народноста на Македонците. Со игнорирањето на ова прашање ние не правиме ни една стапка напред, зашто ако го игнорираме ние - тоа не го игнори раат сите, и мали и големи држави, освен Бугарија. Ние, значи, просто си ги затвораме очите пред непријатната за нас реалност. Ако, значи, го разгледаме тоа прашање, ние не се враќаме назад, а одиме напред, сознавајќи ја неговата важност. Вистина, со националното прашање ние ќе се занимаваме 20-30 години, 60 но кривината за тоа лежи во нашите претходници што не ја сознаа сета негова важност и не го кладоа да зрее. 61 Да беа го направиле тоа, немаше зошто ние сега да се занимаваме со него. Ако прашањето за народноста на Македонците има првостепено значење за Бугарите, Србите и Грците и секоја од овие народности го третира по свое, тогаш зошто и ние тоа прашање да не го земеме во свои раце и да го разгледаме сестрано - и од бугарско, и од српско и од грчко гледиште, и критикувајќи ги сите нив да не си изработиме македонско гледиште за нашата народност, а се задоволуваме, според местото каде што сме се учеле, или со српското, или со бугарското или со грчкото гледиште? Да не си изработиме свое, македонско гледиште за нашата народност, убедливо и справедливо за сите Македонци, значи дека ние не сме во состојба самостојно, без туѓо влијание, да се изучуваме самите себеси. Јас не можам да го допуштам последново и го сметам навредливо за мене, ете зошто и не се откажувам на прво место да си изработам свој самостоен поглед врз прашањето за мојата народност и врз онаа на моите сонародници. Значи мое гледиште, нашето друштво по прашањето за нашата народност не прави никаква нетактичност и само им укажа извесна услуга на духовните интереси на Македонците.
Сега ќе треба да одговорме на приговорот дека не умесно и е несвоевремено да ги одделуваме нашите интереси од општобугарските, зашто, од една страна, силата била во соединувањето, а од друга, Бугарија направила толку жртви за нашето ослободување и ќе направела и за напред.
Овој приговор е многу сложен, затоа ќе треба да му се одговара насекој дел поодделно.
Првото нешто што може да се рече тоа е дека ние не сега се одделуваме од Бугарија и со тоа раздрбуваме едно создадено цело, туку сме одделни и живееме веќе одделно повеќе од 25 години. 62 Други нe разделија и создадоа од нас и Бугарите различен живот, разни потребности, нерамна положба. Други и не ни даваат да се соединиме. Од македонско гледиште соединувањето на цела Македонија со Бугарија, или со Србија или со Грција не е пожелно, но не е ни страшно. Значи, нема зошто да се бориме со него. Но таквото соединување не ќе го допуштат ни малите балкански, ни големите европски држави. Значи, ние не сакајќи да ги мешаме нашите интереси со бугарските ја даваме својата согласност и го озаконуваме постојниот ред. Се поставува прашањето само, дали тоа озаконување е во наша полза, зашто велат оти Бугарија ни направила многу добрини и ќе ни направела уште. Да видиме што арно сме виделе ние досега од Бугарите?
Бугарите го зголемија буџетот на Егзархијата од појавата на српската пропаганда: со други зборови ја засилија нивната пропаганда и нивните интереси во Македонија. Кладоа тие неколку владици и отворија неколку трговски агентства, го поддржаа со пари востанието во Македонија и прехранија во Бугарија мнозина, обездомени Македонци избегани во Бугарија. Тие се арнотиите што ги видовме од Бугарите.
Како ви се чини: дали се доста? дали се многу? дали се повеќе од добрините што ни ги направија Србите? -Ако не бидеме бугарски шовинисти и пристрасно не гледаме на работите, не можеме да не констатираме оти во Македонија Бугарите не направија за нас Македонците ништо повеќе од тоа што го направија Србите. Пак и смело може да се рече оти направија помалку од Србите. Горе изброените бугарски добрини не се направија во полза на самите Македонци, а на интересите на Бугарија во Македонија. Затоа, бугарските милиони за Македонија немаат поголемо значење од српските за таму. Бугарите ни кладоа владици во Македонија; имајте на ум оти тие владици во повеќето случаи и на најважните места се Бугари, а не Македонци. Преку владиците Бугарите сакаат да истребат сe што не им е пријатно, а најмногу црковно-општинската самоуправа. Но таква услуга со српски владици сакаа да ни укажат и Србите. Што се тие криви што ние претпочетовме да сме орудие на Бугарите, наместо да сме орудие на Србите? - Бугарите отворија во Македонија трговски агентства! Но за чии интереси? Се разбира оти не за македонски, а за бугарските. Србите им ги предадоа своите интереси во Македонија на свои конзулства и генерални конзулства. Ако бугарските трговски агентства во Македонија се благодејание за нас, тогаш српските генерални конзулства сe уште поголемо. - Бугарите ни го поддржале востанието. И Србите го поддржуваа. Бугарите го поддржуваа повеќе, зашто нивните интереси тоа го бараа, а не за атерот наш. Србите го поддржуваа да не останат поназад од Бугарите; но да беа српските интереси така врзани со востанието, тогаш Србите стопати ќе и’ објавеа досега војна на Турција без да чекаат од некаде помош, без да гледаат дали ќе биде излезот за нив благопријатен или не. - Бугарите хранат обездомени Македонци, но истото го прават и Србите.
Тоа е сета арнотија што ја добивме од Бугарија. Сега да видиме со што плативме ние за таа арнотија, или колку нe чини таа?
Ако ги погледнеме настаните од последната руско-турска војна досега ќе видиме оти секоја арнотија од Бугарија за Македонците не е ништо, освен една компензација за глупостите што ги има направено Бугарија по нашето прашање. Македонското прашање во рацете на бугарските дипломати и народ е ред глупости направени само на македонска сметка и наречени меѓународни победи на бугарската самостојна политика. Тие глупости на бугарскиод народ63 се за нас Македонците како прародителски грев што ќе поминува од поколение на поколение.
Еве во што се состои тој прародителски грев:
Бугарите се ослободени од Русите. Во тоа време руското општество се занесувало со словенофилство. Тој занес им зеде околу 250.000 души војска и милијарди рубли. Но каков беше резултатот од таа војна? Русите и понапред војуваа со Турција и ги ослободија со своја крв скоро сите балкански државички. Но никогаш до тогаш Русите не се разочаруваа така како што се разочараа во времето на последната војна. Тоа дојде до таква степен што Русите сакаа да кладат крст на своето понатамошно занесување и ослободување на Словените на Балканскиот Полуостров. Последните сокови од занесот на Русите, и со тоа и надежите на Македонците на Русија, беа голтнати од Бугарија. Поведението на бугарскиот народ кон руската војска и на бугарската интелигенција кон руските власти и дипломати беше такво што Русите илјада пати се каеја за своето занесување со „братушките”. Тоа раскајување е влезено длабоко во душите на сите Руси, кои сега не сакаат ни да чујат за некакви „братушки”, а особено за Бугарите. Кој плаќа сега за поведението и грешките на Бугарите, ако не ние Македонците?
Занесувањата на Русија родија една Бугарија, но со нејзиното, родување Русија умре за нас. Сите надежи кај Македонците поминаа на недоносчето - Бугарија. Ние помисливме дека тоа недоносче штом ќе порасне, ќе окрепне и ќе ни подаде рака и ние со него да заживееме слободен живот. При имањето една слободна Бугарија ние мислевме зошто ни е Русија. Нашите надежи се поддржуваа од Бугарија и како да се зафатија да се реализираат. Бугарија, како покојниот српски крал Александар, 64 се објави самата за полнолетна и зафати самостоен ред глупости што се наречуваа од неа самостојна политика:
Ги разруши арните односи со Русија и го повика Стамболова65 тој да ја предаде Бугарија во рацете на Тројниот сојуз и Англија, и да ја направи нивно орудие против Русија. Таа нова ера во историјата на Бугарија, таа самостојна политика се започна од присоединувањетој на Бугарија со Источна Румелија и од нарушувањето на Берлинскиот договор од Бугарија врз којшто почиваше и правото на Македонците на автономија со христијанин генерал-губернатор. Нарушувањето на Берлинскиоч договор и стамболовскиот режим крстени „самостојна национална” политика на Бугарија, на тоа политичко, каприциозно, неполнолетно недоносче, е втор удар за политичката слобода на Македонците. Европа и Русија настојуваа да се изработи план за реформи во Македонија и во 1882 година тој план беше веќе готов и ќе се настојуваше да се воведе, кога „новиот политички фактор на Балканот” го кажува своето veto и наместо реформи - сака за Македонија бугарски владици. Бератите66 за владици се дадоа и ние заслепените Македонци и’ поверувавме на Бугарија оти таа со нејзината „самостојна” политика ништо друго не прави, туку одржува политички победи и нe облагодетелствува нас Македонците. - Арно ни ги замачкаа очите. - Но не поминаа ни 5-6 години кога се отрезнаа Бугарите од своето занесување во „самостојната” политика. Се убедија со напредувањето на српската пропаганда во Македонија оти тие не се единствениот фактор во македонското прашање, а оти има, освен нив, и други и оти успехот при конкуренцијата ќе биде таму каде што ќе биде поддршката на Русија. Бугарите пак станаа русофили, но тоа го направија не со чисто срце, а за да ја направат руската влада орудие на своите интереси во Македонија. При надворешното пријателство на Русија, тие не можеа да се примират со мислата зошто руските конзули во Македонија да ја подржуваат српската пропаганда таму. За таа причина некои од политичките партии ја клеветеа Русија како непријателка на Бугарија и на сe бугарско, најмногу за поддршката на српската пропаганда од страна на Русија. Бугарските политиканти не можеа да видат оти поведението на Русија е плод на нивните глупости што се викаат „самостојна” и „национална” политика. Кога таа „самостојна” и „национална” политика е орудие на непријателите на Русија, против интересите на последната на Балканскиот Полуостров, можат ли да бараат тие бугарски политиканти од руската влада да биде таа совршено безучесна во настаните на Балканскиот Полуостров кога тој Полуостров бил грижата на Русија цело столетие и повеќе? Таа треба да си ги зачува своите интереси таму, па и ако тоа зачувување не ќе биде по вкусот на „самостој-ната” и „национална” политика. Бугарите во својата надворешна политика станаа русофили и Русите ја изменија малку политиката спрема Бугарите. Но бугарското русофилство беше со сметка и не беше трајно, значи, и руската политика немаше да се измени конечно штом не се знаеше до колку е искрена и трајна бугарската надворешна политика. Бугарите беа незадоволни од руската политика во последно време, особено поради прашањето за ракополагањето на Фирмилијана66a а и за македонското востание. Тие велат: во тоа време кога министерството на Данев67 ја предаде надворешната политика на Бугарија, во рацете на Русија, последнава, наместо да ни помогне, направи да се ракоположи Фирмилијан во Скопје, и друго, не направи ништо за Македонија. Бугарија да беше водела „самостојна” и „национална” политика, таа не ќе го допуштеше првото и ќе го решеше македонското прашање со поголеми реформи.
Тие се расудувањата на Бугарите. Но ние, ако застанеме на самостојно македонско гледиште, ќе треба да го речеме следново: Бугарија со нејзиното русофилство не им направи никаква услуга ни на Русија ни на Македонија. Но од русофилството таа се восползува со заемот, направен при руско содејство, а друго и најглавно, не ги поарчи позајмените милиони за воени потреби и со тоа ги остави полни државните каси. Бугарија и да водеше „самостојна” и „национална” политика, т.е. да беше орудие на Тројниот сојуз против Русија, пак немаше да направи нешто, зашто сега ги нема тие натегнати односи помеѓу нив што беа при Стамболова. Сега членовите од Тројниот сојуз имаат одделни спогодби по меѓународните прашања, работат заедно по нив и ги парализираат сите каприци на малите држави, кои со тие каприци сакаат да ја изменат политичката рамнотежа во нивна полза. Сега нема место за стамболовска политика. Преродувањето на стамболовскиот режим во Бугарија сега не се оправдува со ништо и претставува еден нов обид на политичкото недоносче да покапризничи. Но од тие каприци не него, а нас Македонците ќе нe боли главата, како што и нe боли веќе. Но новите управници во Бугарија ни велат: тоа е Русија крива; Русија се плаши од една голема Бугарија и затоа: таа го кладе Фирмилијана, таа сега не сака да и’ даде на Македонија автономија, таа не нe остави нас да се подготвиме и да војуваме со Турција.
Другари! Таквите тврдења не се ништо друго, туку една лага, една клевета фрлена на ослободителката Русија од еден ослободен ропски народ што уште не е слободен од неговите ропски инстинкти со кои се ползува за да ја оправда својата глупава „самостојна” и „национална” политика. Тој народ, којшто е првата последната причина за сите наши несреќи, со своите глупави постапки нe наведе во една нерамна борба со Турците во најрешавачкиот момент нe остави на произвол на судбината. Тој го направи клањето во Македонија, како што го направија во Ерменија68 Англичаните, и со тоа го загуби своето влијание во Македонија. Но тоа влијание му е нужно, ете зошто, од една страна нe уверува оти до кога ја има слободна Бугарија македонското прашање не е закопано, 69 од друга страна, за да го оправда своето егоистичко поведение, сета вина за несреќите кај нас ја префрла на Русија.
Браќа! Зар не е апсурдно да се мисли оти Русија сe плашела од голема Бугарија и не го сакала нашето ослободување и оти поради тие причини не го сакала нашето ослободување и помагала да се ракоположи Фирмилијан?
Прво да видиме кој е крив за сегашното востание на кого паѓа најголемата одговорност за него?
Не еднаш Русија ни има речено оти таа не ќе пролее ни една капка крв и не ќе ни даде ни најмала материјална помош ако ние Македонците подигнеме востание. Русија по македонското прашање толку пати има објавено владини соопштенија, толку пати се правени претставки до бугарската и до турската влада по нашето прашање. Во сите нив направо ни се велеше: седете си мирно, оти ако направите брканица - не можам и не сакам да ви поможам. Со други зборови, таа си ги изми рацете за сите несреќи од едно востание во Македонија. Можеме ли ние по тоа да ја обвинуваме Русија во неискреност и поддупување? Зошто тогаш да и’ се лутиме на Русија?
Ако не се лажам, Комитетот и Организацијата очекуваа помош не од Русија, а од Бугарија, 70 зашто во Македонија, според разбирањата нивни и на Егзархијата бугарска, живеат Бугари. Руси таму нема. Значи, Бугарија требаше да им помогне или најкатегорички да рече: не чекајте од мене ништо. Но Бугарија не го направи ни едното ни другото: не го направи првото, зашто Бугарите се сметкаџии и се готови да си ја земат Македонија ако им ја подари некој, а инаку - ако сака нека биде запустена. Никој друг од балканските народи немаше така спокојно да гледа на запустувањето на еден крај, каде што има негови сонародници. Да беше иницијативата во востанието грчка или српска и да знаеја тие народи оти востанието ќе биде така силно, не гледајќи на никакви неблагопријатни прилики, ќе објавеа војна, па макар таа војна да се свршеше со полн пораз нивни. Но Бугарите не се од таа категорија: тие ќе објават војна само тогаш ако има некоја држава што да им ги обезбеди плодовите од војната. А бидејќи таквото обезбедување никојпат не е сигурно, без да се ангажира една од големите држави или неколку од нив со оружје в рака да го поткрепат тоа обезбедување, тогаш од Бугарија не можеше да се очекува замешување во македонските работи. Но ако беше така, тогаш Бугарите можеа да им кажат јасно на Македонците, да не се надеваат на нив и можеби не ќе се добиеја тие резултати. „Далекувидната” политика на кнезот и на неговите „самостојни” и „национални” помошници требаше да предвиди сe и да ги предупреди несреќите. Но тие тоа не го направија. Оставија да стане востанието, мислејќи дека ако не „самостојната” политика, тогаш крвта на Македонците ќе ја натера „великата ослободителка” да си ги остави своите работи и да дојде да војува за нас, за да ја повикаат после во Берлин и да ја загуби Манџурија и влијанието во Персија. Тоа беше престапничко поведение кон македонските работи и главен престапник во нив се јавува официјална Бугарија и бугарскиот народ, којшто не можеше да ја натера својата влада да се застапи за своите македонски клиенти. И за тоа престапно поведение се прави сега виновна Русија, и тоа официјална Русија што немала ништо заедничко со нејзиниот народ. Ослободените „братушки” сега не сакаат да си ги признаат своите грешки; ете зошто изјавуваат дека тие се сите русофили, и дека го милуваат рускиот народ, но не ја милуваат руската влада, која не ги изразувала народните чувства кон Македонците и негативно се однесувала кон секоја искажана од народот симпатија кон нив. За докажувањето на последново покажуваат „тајни” циркулари од владата да не се печатат веќе статии за македонските работи.
Кај нас во Македонија и во Бугарија на таква владина распоредба можат да и’ придадат неправилно значење, ете зошто ќе треба да се кажат овде неколку зборови и за неа. Најпрвин треба да се каже оти по македонското прашање нема никаква разлика помеѓу погледите на руското општество и народот, од една страна, и владата, од друга, а има само разлика во степенот на интересот за него: општеството и народот многу помалку се интересираат од владата што се гледа од помоштите за Македонците. Ако се споредат тие со помоштите за Бурите /Трансвалците/,71* тогаш ќе се добие голема разлика, зашто за борбата на Бурите се интересираа многу повеќе од нашата борба. А тој слаб интерес е резултат на разочарувањето на Русите од „братушките”. 72 3начи, и за тоа треба да им речеме на Бугарите: Сполај ви! Руската влада секогаш му дава полна слобода на рускиот печат да печати статии по сите прашања до тогаш до кога некое прашање се разгледува и не е примено никакво решение по него. Откако прашањето ќе биде исцрпено и по него е примено некакво решение, се испраќаат циркулари дека прашањето е исцрпено. Но тоа се прави не за да се лишат весниците од слободата да пишуваат, а затоа што на Балканскиот Полуостров им придаваат големо значење на сите статии што се однесуваат за балканските работи и мислат оти владата под влијание на печатот ќе ја измени својата политика. Владата просто сака да нe избави нас од празни надежи. 73
Ако е сето тоа така, тогаш со што може да се објасни политиката на Русија по прашањего за Фирмилијана? - ќе се запрашаат некои. - Јасно е оти таа е србофилска. - Да видиме дали е толку јасно.
Причините за ракополагањсто на Фирмилијана уште еднаш јасно ќе ни покажат каква несреќа за нас Македонците е носењето на името Бугарин. Од нив ќе се види оти политичкото недоносче - Бутарија не е во состојба да ги заштитува не само нашите, но и неговите интереси.
Бугарија нема дипломати, а уште помалку - во странство. И тие што се од последните, не се да го чуваат и да го подигаат значењето на Бугарија, а да го намалуваат и да го исмејуваат, и себеси и својата држава. За потврдување на тоа доста е да се потсетиме на тројцата: господата Бешков, 74 секретар и gerant на Трговското агентство во Битола, Цоков, 75 дипломатски агент во Лондон, и Станчев, 76 таков во Петроград.
За г. Бешков попрашајте кого сакате во Битола, било тоа од персоналот на тамошните консулства, било од бугарските учители, било од влашките, било од граѓаните или најпосле од Циганчињата со кои има разговарано г. Бешков, постојано одејќи по градот без работа, и сите ќе ви кажат кој е г. Бешков. Затоа Србите имаат во Битола прекрасен претставник што се ползува со полно уважение кај конзулите. Тоа е г. Ристиќ. 77
Сета своја дипломатија си ја искажа г. Цоков во разговорот негов со кореспондентот на Ројтер.
Но најинтересен е г. Станчев, едно, како приватно лице, друго, како дипломат и, трето, како дипломат на најважното за Бугарија од сите дипломатски места. Првото нешто што бие в очи тоа е што г. Станчев си останува на истото место во сето време откако знам за него /има околу 9 години/. Тој факт на вид е многу утешен, зашто тој како да покажува постојанство во политиката на Бугарија. Српските посланици вистина седат во Петроград по неколку години со ред, но по 4-5 години се менуваат. Но тој утешен факт е утешен само на вид. Уште во првата година на моето студентство мене ме запрашаа: каков е човек е г. Станчев? Јас за него не знаев ништо, затоа реков оти малку го познавам. Тогаш ми дадоа една германска книга со наслов Die Wahrheit uber Bulgarien. Јас замолив да ми ја дадат да ја прочитам дома. Ми ја дадоа и така јас се запознав првпат со г. Станчев и со бугарските работи, особено со положбата и авторитетот на бугарскиот претставник во Петроград. После јас чув уште некои слухови за г. Станчеви од нивниот живот во Петроград, слични на пасажите за нив во споменатата книга. Од разговор со журналисти јас чув оти г. Станчев правел обид да повлијае на нив, но неуспешно. Воопшто, сите тие со кои имав случај да се видам или да зборувам г. Станчев или не го знаеја или лошо се одзиваа за него. Но во последната година г. Станчев, кажуваат, се спуштил толку долу, така ниско го спуштил бугарскиот престиж во Пегроград како што не ќе можеше да направи и најголемиот непријател на бугарските интереси.
А знаат ли Бугарите оти во тоа време кога тие го имаат во Петроград еден Станчев, Србите го имаат таму еден Пашиќ, 78 или еден Груиќ79 или еден Новаковиќ? 80 Овие дипломати последователно се или во Петроград или во Стамбул; и на едното и на другото место тие остануваат по неколку години со ред. Во Петроград тие имаат широки познанства и се ползуваат со многу арен дочек од горните слоеви на руското општество и имаат големо влијание на него. Тие се знаат со дипломати, професори, редактори и издатели на весници. Тие зборуваат убедливо и со длабоко знаење на работите. Додадете кон тоа дека српската надворешна политика е установена, како и тоа дека имаат тие и цел ред други, освен споменатите дипломати, и ќе разберете зошто ракополагањето на Фирмилијана е победа на српската дипломатија и пораз на бугарската; победа добиена со свои, т.е. српски сили, а не нешто наврзано од Русите; поразот пак на Бугарите е резултат на немањето бугарски дипломати што да ги разбираат бугарските интереси и да ги заштитуваат со авторитет и знаење.
Ама г. Зиновјев81 им помагал и им сочувствувал на Србите. Тоа може да биде вистина, но тој го прави тоа не зашто ги мрази Бугарите, а зашто српските посланици во Стамбул се логични, ги знаат арно нивните интереси и можат да ги заштитуваат. Исто така, можеби руските конзули ги заштитуваат српските интереси во Македонија, не за атер, ами едно, зашто и Србите како и Бугарите се Словени, а друго, зашто Србите поарно ги имаат разбрано и знаат да ги бранат нивните интереси.
Значи, бугарската надворешна политика не издржува никаква критика. Таа е главниот извор на сите наши несреќи. Затоа не може и да се зборува за некакви арнотии од Бугарија за Македонија. Арнотија ли е материјалната помош од Бугарија за воставањето, кога таа поддршка само нe натера да си ги расфрлиме народните сили, со кои ние бевме силни, а сега сме ништо? Арнотија ли е ранењето на избеганите во Бугарија Македонци, кога Бугарија е првата и последлата причина да им се разорат куќите? Арнотија ли е тоа што прима таа на своја служба Македонци, кога последниве со службата, или заради неа, ја заборавуваат својата татковина и нејзините интереси ги жртвуваат на бугарските? Зар не се Македонците што се на служба или кандидати за служба тие што го изопачуваа меѓу населението во Македонија значењето на руските владини постапки и ги толкуваат пред него стамболовски и го тискаа да востане, против советите на Русија за благоразумност? Македонци! Време е да се убедиме оти лошиот демон за Македонија не е никој друг освен Бугарија. Ете зошто час поскоро треба да си ги одделиме нашите интереси од бугарските. Тоа го бара од нас благоразумноста.
Од сето горе речено се гледа оти бугарските арнотии за нас Македонците ни најмалку не се разликуваат од српските, но затоа пак нe чинат стопати повеќе:
1/ за бугарското име што ни го подари Егзархијата82 ние ги зедовме на себе сите добрини што се врзани со него и со кои се украси тоа име во најновата историја на Балканскиот Полуостров.
2/ за бугарските училишта и бугарското „покровителство” н.а нашите интереси ние немаме никакво сочувство од страна на Русите, не затоа што тие ги мразат Бугарите, а по тие причини што тие толку многу направиле за Бугарите, колку за никој од словенските и православни народи: излегува оти тие и за нас Македонците направиле многу и немало зошто уште нешто да очекуваме од нив. Руското покровителство станува ненужно кога ние си имаме „самостојно” и „национално“ бугарско покровителство.
3/ За бугарските владици што ни ги подари Стамболов ние плативме со немањето на автономни права, предвидени со Берлинскиот трактат. 83 Таа арнотија добива уште поголемо значење со тоа што таа беше причината да се образуваат комитети, организации, чети, востанија, да има убиства, грабежи, колења и др. и во сето тоа Бугарија ни помогна и со пари и со трпење на комитетите на своја земја.
4/ верата во бугарското чувство кон нас си ја плативме со воставањето, од кое Бугарија вистина не нe задржа и не ни помогна, но... го испрати Начевича84 да преговара... Исто така Бугарија со својата искусна дипломатија нe поддржа...!
5/ за хранењето на избеганите Македонци во Бугарија и како најголема награда за името Бугарин што го насадија кај нас, ни покажаа барем да знаеме кој е причината за сите наши несреќи, а тоа била... Русија. И така, значи, Бугарија ни ги направи досега веќе сите арнотии, остануваше само и кај нас да развие класа „самостојни националисти” што ќе разберат најпосле каде е коренот на секое зло во нашето национално развивање, т.е. Бугарија реши и кај нас да насее русофобство, та и ние да ја изгубиме секоја вера во православна Русија. Мисијата на Бугарија е прекрасна, само, за жал, ние тука во Пегроград сме далеку од Бугарија, 85 та русофобското семе не може да ни западне длабоко во душата и да даде арни плодови.
Од сите преброени факти се гледа големата штета за нас Македонците од тоа што ние, или барем мнозина од нас, ги изедначуваме досега нашите интереси со општобугарските. Ние се викавме Бугари. Со тоа, од една страна, сакавме тоа име да ни послужи како центар околу кој ќе можеме сите да се згрупираме, без да бараме за таа цел некој друг, а можеби и сосем нов, од друга страна, ние мислевме оти вистина во соединувањето со Бугарите е нашата сила.
И вистина, од нашето викање дека сме Бугари ние имавме право да очекуваме за нас добрини, а не зла: ние можевме да очекуваме од Бугарите поддржување на сите наши духовни нужди. Бугарија е слободна држава. Таа располага со пари, просвета, државни мажи и дипломати. Таа треба да ги сознае нејзините и нашите национални интереси и моќно да ги брани. Но видовме дека сме горко излагани во нашите надежи и дека наместо арнотии ние видовме само лошотии.
Тие лошотии ги надминуваат сите очекувања. Се поставува прашањето: кој е во сето тоа крив? - На тоа прашање јас не можам да одговорам. Не е моја работа да барам дали некој зол демон на Бугарија ни ги има направено сите лошотии бугарски нам на Македонците. За мене е јасно само тоа дека голем дел од сите наши несреќи се должат на бугарскиот народ. Не е кнезот крив за тоа, да речеме, што немаат Бугарите арни дипломати. Ако, на пр., г. Станчев е претставник на кнезот, а не на Бугарија, тогаш не се такви Цоков, Бешков и др. Не е извинение за бугарскиот народ и тоа што недостојните дипломати и’ припаѓаат на оваа или на онаа партија и кнезот се ползува со повикувањето на власт, по лични наоѓања, ту една ту друга партија. Главната несреќа за Бугарија и за нејзините интереси е не во тоа што има многу партии и не сите ги знаеле арно народните интереси, ами во тоа што Бугарите малку се проникнати со народните интереси, особено со надворешните. Кај Бугарите нема национални идеали што да бидат општо достојание и светиња за сите Бугари. Тие идеали се изработуваат од историјата на народот, но се изработуваат во еден долг историски период. Долго време членовите од еден народ треба да се занесуваат од едни исти народни идеали, општи и свети за сите членови на народот. Тие идеали треба да бидат изработени од највидните претставници на народот и усвоени од сите негови членови. Идеалите народни требаше да бидат една програма, кон реализирањето на која ќе требаше да бидат насочени сите сили на народот. Народните идеали не може да бидат реализирани сите одеднаш, но нивното реализирање од треба да биде само резултат на општата и самопрегорна народна работа. Тешкотиите за достигањето на народните идеали служат само како школа во која се закрепнува народиот дух и се готви за уште поголема борба. Во замена за тоа, ако еден народ добие политичка слобода или се исполни нешто друго важно за народниот живот, без негово или со мало негово содејство, тогаш кога кај него нема уште изработени народни идеали или ако се изработени не се усвоени од сите членови на народот, тогаш, во таков случај, народот не ги цени народните идеали и, како човек без определена цел и програма за работење, се фрла ту на една ту на друга страна, правејќи го тоа не затоа што е убеден оти така треба да биде, ами затоа што гледа дека има околу него луѓе што постапуваат така или инаку.
Што гледаме ние во најновата бугарска историја? Бугарија добива политичка слобода, најважното нешто во народниот живот, уште тогаш кога кај нив немаше народни идеали, кога и самите не знаеја што сакаат. Слободата ја добија Бугарите со најмали жртви и усилби; неа им ја подарија Русите. Ослободувањето направи една голема пропаст помеѓу поранешната бугарска историја и живот, и новата. Во првата Бугарите видоа само еден мрак, затоа тие се одвраќаа од неа. И така Бугарите во новиот слободен живот се јавија како народ без традиции, народни идеали, свест за народните и државните интереси и историско наследство. Значи, Бугарија се јави како држава во вид на историско недоносче. Со усилбите на Русија тоа недоносче закрепна малку, но при првото осеќавање на своите сили најавува претензии за самостојна политика - извор на несреќи за Македонците.
Но не само во таа самостојна политика се заклучуваат нашите несреќи, а следствено и причината за одделувањето на нашите интереси од бугарските, па и причината за одделувањето на Македонците овде во македонско друштво.
Тоа одделување си има и други причини, а имено-употребувањето на нашите умствени сили за изучувањето на себеси, како членови на една татковина и еден народ. За да се достигне таа цел требало да се состави одделно друштво од лица за кои изучувањето на Македонија во етнографски, географски и историски однос има првостепено значење; а такви лица сме ние Македонците.
За да се достигне таа цел ние треба да се одделиме од другите балкански народи и самостојно и критички да погледнеме на самите себе и на нашите интереси, како и на балканските народи и нивните интереси. Постапувајќи така ние ќе се ослободиме од грешките што ги прават другите балкански народи.
За да биде појасна ползата од таквото одделување наше од другите народи доста е еден критички поглед врз работењето на тукашниве студентски друштва: бугарското и српското.
Бугарските студенти имаат големи претензии да се претставници на најновите течења на човечката мисла. За нив нема никакво значење национализмот што се смета за нешто што си го има одживеано својот век. Тие се интернационалисти. Тие се најнапред луѓе, па после, ако им остане за тоа време, се Бугари. 86 За нив човештвото има поголемо значење од Бугарија и затоа повеќе ги интересираат нив Швајцарија, Соединетите Американски Држави и нивната историја, отколку Бугарија со нејзините национални интереси. Бугарската младеж овде ги употребува сите свои сили и средства да се покаже напредничава, т.е. социјалистичка: долги и бесмислени говори, долги коси и убаво исчешлана брада, црвена или сина руска кошула и др. Со национални прашанња не се занимаваат и со голема досада слушаат реферати на тема по етнографијата, па и по каква и да е друга наука, освен политичката економија. Но затоа секој смета за свој долг да критикува сe што ќе му допадне. Со научни прашања не сакаат да се занимаваат, но затоа се убави организатори: можат да организираат лотарии, да пропагандираат некоја работа, да организираат некоја вечеринка со добротворна цел, без да му гледаат многу многу оти со неа ќе се оскандалат и себеси и идното поколение од бугарски студенти во Петроград. 87 Воопшто, тие се готови да се занимаваат со работи што бараат малку труд, но даваат голема популарност и самоувереност. Македонија ја признаваат за бугарска во етнографски однос, но мислат дека е излишно да си ги трошат силите за да научат нешто за таа земја, затоа ништо не знаат за неа ни од историјата ни од географијата и етнографијата нејзина, освен дека има таму чети и востание, на коешто треба да му се помогне само со лотарии и не со самите себе. 88 Тоа платонско и само платонско и евтино сочувство кон Македонците, тоа неразбирање на национаните интереси, тоа отсуство на национални идеали и таа жед за популарност со приврзаност кон социјализмот е одраз на духовната состојба на бугарскиог народ и неговото општество. Оттука многу јасно се гледа колку Бугарите не се во состојба да ги бранат не само нашите, но и сопствените интереси.
Српските студенти прават сосема друг и спротивен впечаток. Србите не се интернационалисти, а сите буквално, без разлика дали е некој од Србија, Босна, Херцеговина или Црна Гора, сите се националисти. Тие знаат дека тие се првин Срби, а после луѓе. Секој знае и се интересира за српството разместено во разни земји. Тие ја знаат нивната историја и историјата на соседните народи и земји. Тие се интересираат сите главно за културно-историските науки и ги изучуваат. Ги изучуваат како средство за достигнување српски национални цели. Со цел да ги заштитат српските интереси пред Русите, тие преведуваат или составуваат на руски книги со историска содржина. Таков утилитарен, тенденциозен и шпекулативен однос кон науката не е за одобрување и е причина и резултат на национален шовинизам, но последниов е резултат на тие историски прилики во кои попадна српството, особено по Берлинскиот договор. Србите можеме да ги обвинуваме за шовинизам; но тие не се поголеми шовинисти од Бугарите. Србите се националисти со арно сознаени народни идеали и интереси, кои што со труд, наука, перо и дипломатија сите како еден човек одат по еден општ за сите пат и затоа постигнуваат победи над Бугарите на секој чекор. Србите се шовинисти; тие се очаени во борбата со своите непријатели за заштита на нивните национални интереси. Но ако го споредиме српскиот шовинизам со бугарскиот национален индиферентизам и ги разгледаме од македонско, па и од општочовечко гледиште, тогаш ќе треба да признаеме дека српскиот шовинизам, како резултат на основно изучените народни интереси, стои многу повисоко, и многу погоре од бугарскиот национален индиферентизам, којшто е резултат на отстуство на секакво разбирање на бугарските државни интереси. Во тоа време, кога Србите од кралот и министрите до последниот српски амал се националисти и наоѓаат за нужно сите да се сплотат во едно за да ги достигнат со општи сили народните идеали, Бугарите се цепат на социјалисти и секакви други - исти, кои најмалку сакаат да ја оправдаат пословицата дека соединувањето ја прави силата. - Туку сето тоа е резултат на политичката зрелост на народот: Србите во текот на цел век ги изработуваат националните идеали и ги изучуваат националните интереси, а пак Бугарите го прават тоа сама во 1/4 век.
Како и да е, но одделувањето наше од Бугарите ќе ни даде можност критички да се однесуваме кон бугарските работи, а не слепо да ги копираме и да насадуваме во Македонија, наместо национализам, социјализам, како што го правела тоа Внатрешната македонска револуционерна организација. 89 Значи, одделувањето на нашите интереси од бугарските, покрај другото, ќе нe избави од положбата како мајмуни да ги копираме бугарските непромислени постапки и на вера да ги примаме бугарските уверувања дека Бугарија е нашата арнотворка, а Русија нашиот најголем непријател; тоа ќе развие во нас критички однос кон нашите и кон туѓите постапки.
А од тоа одвај ли може да има поголемо оправдание за постоењето и програмата на нашето друштво. Ако е така, тогаш не ни останува ништо друго, освен да му се помолиме на Господа да ги умножи македонските друштва, слични на Петроградското - „Св. Климент” насекаде каде што живеат Македонци.
*. Прочитано на II седница на петроградского Македонско научно-лигературно другарство „Св.Климент” на 28 септ. 1903 г.
57. Се однесува за МНЛД во С.-Петербург (пред коешто е и читан овој реферат), официјално образувано на 28.10 1902 год. и чиј прв потписник е токму К.П.Мисирков.
58. Се однесува за членовите на ТМОК во С.-Петербург, на чело со Христо Шалдев, кои, по интригите на последниов, добија дури и директивна поддршка дури и од ЦК на ТМОРО (на чело со Бугаринот Ив. Гарванов). Значајно е, меѓутоа, што не само што не биле сите лидери на Организацијата против дејноста на МНЛД, па значи и против Мисирков, туку некои од нив имале дури и идентични или еднакви гледишта за основните прашања за македонското ослободување. Така, на пр., во едно писмо од бугарскиот „трговски агент” од Солун А.Шопов од 26.10.1903 год. до бугарскиот министер-претседател Р.Петров меѓу другото се вели: „Некои кругови на овдешнава Внатрешна организацнја сe почесто и посериозно зборуваат дека некои од началниците на таа организација влегувале во спогодба со српската влада или со некои кругови во Белград за заедничко дејствување во Македонија, но со јасни разграничувања на интересните сфери. Овие луѓе не се помалку опасни за Бугарија од мисирковштината. Тие се разликуваат меѓу себе само по начинот кој да ја постигнат истоветната цел. Едните се за вооружено ослободување на Македонија и изгонување на пропагандите, а другите за мирно разрешување на македонското прашање преку преговори со Турција и со големите сили”. Слични тврдења соопштува и Е.Спространов во своите писма до бугарскиот министер-претседател Р.Петров од 13 и 24.11.1903 год., а тоа го лотврдува и Ј.Ангелрв во своите спомени во „Македонско знаме” (9.9.1946, 2).
59. Овде Мисирков веројатно го има предвид пишувањето на Д.Вергун во неговото списание „Славјански вјак” [II, 62, Виена, 15 (28). II 1903.432], кој во веста за основањето на МНЛД, откако овој акт го поврзува директно со Македонскиот клуб во Белград и неговиот орган „Балкански гласник” (1902), заклучува: „Програмата на овие поборници за етнографска, а не географска Македонија, страда само од тоа што се јавува со огромно задоцнување од најмалку 30 години”.
60. Претскажувањата на Мисирков се исполнија - ако се има предвид СР Македонија, но тоа ќе постои како прашање сe додека постои поделеноста на единствената земја и единствениот народ.
61. Авторот има предвид една јасна и достатно разработена национална програма на македонското движење во минатото, зашто тој самиот на друго место наведува некои многу важни пројави на македонската национална мисла кај претходниците. Него особено го револтира што таква потребна програма не успеа да прокламира ни една толку силна и така широко поставена револуционерна организација во Македонија, како што беше ТМОРО, туку најважните прашања си дозволи да ги остави да се решаваат „подоцна”.
62. Мисирков ја има предвид Руско-турската војна од 1877-1878 резултатите од Берлинскиот логовор од 1878 год.
63. Како и на други места во книгата, Мисирков и овде му ги припишува на бугарскиот народ „глупостите“ што всушност ги правеле неговите претставници од разни партии и влади, на чело со кнезот. Таков однос авторот има и спрема српскиот народ. Овие пропусти на младиов славист главно не ги среќаваме во подоцнежните негови пишувања, ако се исклучат некои од неговите последни статии (1923-1925).
64. Александар Обреновиќ (1876-1903), кој на 13-годишна врозраст го прими кралството во Србија, а на 17 години изврши државен удар и воведе автократски режим што доведе до акцијата на офицерите-завереници на 28/29.5.1903 год., кога тој и неговата омразена жена Драга Машин беа убиени и исфрлени низ прозорецот.
65. Стефан Стамболов (1854-1895) е виден бугарски револуционер, политичар и државник, кој во 1880 год. стана народен пратеник и потпретседател на Народното собрание, а во 1884 и негов претседател. Стамболов е активен учесник во присоединувањето на Источна Румелија (против волјата на Русија), успешно ја заврши и Српско-бугарската војна (1885), но за нас е важно дека беше и еден од главните идеолози и организатори на комитетите „Единство” што суштествено придонесоа за разгромувањето на Кресненското македонско востание. Тој го помогна и доаѓањето на германскиот принц Фердинанд I Сакс-Кобург-Готски (1861-1948) за бугарски кнез (1887), а самиот стана министер-претседател со изразито прозападна и антируска ориентација. Уште од времето на Кресненското востание, во кое имаше раководна улога, Стамболов води немилостива борба против секоја манифестација на македонската национална свест и успеа привремено да ги неутрализира и движењето на Т.Гологанов, и Младата македонска книжовна дружина и др. македонски друштва и комитети, па така дојде и до книшката на Вардарски (П.Попарсов) „Стамболовштината во Македонија и нејзините претставници” (1894) што всушност ја претставуваше првата програма на тогаш основаната ТМОРО.
66. Берат - писмо (повелба) од турскиот султан за поставување (во овој случај) владика.
66a.66а Назначувањето на Фирмилијана (умрел во 1903 год.) за митрополит во Скопје беше всушност првата позначајна победа на српската пропаганда во Македонија, извојувана не без поддршката на руската дипломатија.
67. Д-р Стојан Данев (1858-1949) е истакнат бугарски државник и универзитетски професор, русофил, кој во периодот од 21.12.1901 до 5.5.1903 год. (како и подоцна) беше министер-претседател на Бугарија.
68. Во 1894 год. во Цариград беше извршено масовно клање на Ерменците што предизвика бурна реакција во Европа, а исто така тоа беше искористено во Бугарија за организирање митинзи за Македонија што беа вешто експлоатирани од бугарската влада, по кои дојде и образувањето на Врховниот македонски комитет и неговото „востание” (1895)
69. Овој став и на некои Македонци остро беше критикуван од Мисирков и во новите околности по Првата светска војна (в. „20 јули” 1.1 Софија, 14.4.1924. 1 и 1, 5 11.5.1924, 3).
70. Така, на пр., во писмото од Главниот штаб на Востанието од 9.9.1903 год. до бугарската влада настојчиво се бара „најефикасна помош со војна”, како „патриотско замешување”.
71. Бурите се некогашни холандиски доселеници во Јужна Африка, кои по незадоволствата од англиската управа во 1831-1835 год. се преселуваат во Трансвал и Оранж и образуваат свои републики. Во 1898-1902 год. се води долготрајна „Бурска војна” помеѓу Бурите и Англичаните во Јужна Африка, бидејќи последниве сакале да си ги прошират владенијата заради експлоатација на трансвалските златни рудници. Откако биле заземени градовите, Бурите ја продолжиле борбата со партизанско војување. Дури на 1.7.1902 год. Англија ги присилила Бурите да потпишат мир и како автономни републики да влезат во Британската Империја. Денеска околу 60% од европското населенне на Јужноафриканската Републнка се Бури што постепено се слеваат со Англичаните во една нација.
72. Во октомври-ноември 1902 год., како претседател на ТМОК и како член-основач на МНЛД во С.-Пегербург, К.П.Мисирков имаше повеќе средби и разговори со најистакнатите словенофили во руската престолнина и притоа од прва рака ги дознае нивните ставови и спрема руската балканска политика. Токму за тие „разочарани” и „неразочарани” словенофили Мисирков тогаш и писмено ги извести ВМОК во Софија и ЦК на ТМОРО во Солун.
73. Очевидно од политички опортунитет, авторот премногу инсистира на „правичноста” на руската балканска политика, сметајќи секако дека со тоа ќе се придонесе за прифаќање на програмата на МНЛД и од официјалниот С.-Петербург при подготоаката на спроведувањето на реформите.
74. Д-р Б.М.Бешков - секретар и потоа (од јуни 1903 год.) управник на Бугарското трговско агентство по Битола до Востанието, кога е заменет од др Д.Кожухаров.
75. Д.Цоков - бугарски дипломатски агент во Лондон.
76. Д.Станчев - бугарски днлломатски гиенг во С –Петерсбург.
77. Мих.Г.Ристиќ - тогаш српски генерален конзул во Битола.
78. Познатлот српски политичар и државник и долгогодишен министер-претседател Никола Пашиќ (1845-1926) беше дипломатски претставник на Србија во Русија во 1893-1894 год.
79. Генералот Сава Груиќ (1840-1913) е познат српски политичар и државник, воен министер и претседател на владата, кој наизменично беше и дипломатски претставник на Србија во С.-Петербург, Цариград и Софија.
80. Стојан Новаковиќ (1842-1915) е еден од најистакнатите српски научници и виден политичар и државник, универзитетски професор и академик, министер на правдата и за внатрешни работи и претседател на српската влада, но повремено и дипломатски претставник на Србија во Цариград (1886-1891 и 1897), во Париз (1899-1902) и во С.-Петербург (1902-1905). Новаковиќ се трудеше да биде близок и до македонските национални дејци за да може да ги искористи за целите на српската политика и пропаганда, па се среќаваше и со Мисирков.
81. И.А. Зановјев, поранешен директор на Азијатскиот департамент на Руското министерство за надворешни работи, тогаш дипломатскм претставник на Русија во Цариград.
82. И самиот Мисирков на други места зборува дека бугарското име во Македонија не е резултат на дејноста на Бугарската егзархија, туку реликт од средновековјето, но овде тој секако го има предвид воведувањето на ова име и преку турската администрација. Бидејки во Турција не се признаваа нации, туку вери, а овие беа олицетворени во признатите автокефални цркви, основањето на Бугарската егзархија го наложи и административното воведување на бугарското име за сите поданици на султанот што се приклучија кон таа единствена словенска православна црква во границите на Турската Империја.
83. И Мисирков и Чуповски многу инсистираат на ова прашање. Но тоа сe уште не е достатно разработено од нашата наука. Врз основа на чл.23 од Берлинскиот договор, во 1880 год. Високата порта подготвила еден „органски устав” за самоуправувањето на Македонија што бил прегледан и одобрен од една меѓународна комисија составена од претставници на потписничките на Берлинскиот догвор, којашто заседавала во Цариград. Тогаш беше изработен всушност таканаречениот „Закон за европските вилаети”, кој, меѓутоа, беше одбиен од султанот, па тоа одбивање после беше прифатено и од самите големи држави.
84. Долека сe уште чадеа илинденските пожари, бугарската влада навистина побрза да го испрати конзерватвниот политичар и државник, туркофил и русофоб Григор Начович (1845-1920) во Цариград за да се погаѓа со Турција за правата на „Бугарите” во Македонија, а не да им дозволи на Македонците самите да се појават како фактор на преговарачката маса за сопствените интереси.
85. Рефератот е читан само пред Македонците-членови на МНЛД во С. – Петерсбург.
86. Оние карактеристики кои Мисирков ќе ги повтори и кон крајот на својот живот бездруго се однесуваат на бугарските студенти во Русија, кон кои беа приклучени и некои Македонци коишто навистина беа во поголемиот број опфатени од социјалистичките идеи и, според тогашните сфаќања, се однесуваа прилично нихилистички кон националното прашање воопшто. За Мисирков, којшто ги имаше предвид конкретните услови во својата татковина и можеше да го согледа развитокот на својот народ во блиска перспектива, таквиот став беше наполно неприфатлив и историски анахрон, особено кога и лично добро ги познаваше националистичките методи и средства во воспитувањето и во српските, и во грчките и во бугарските училишта.
87. Ова се однесува не само за студентите Бугари што членуваа во Бугарското стулентско друштво во С.-Петербург, туку исто така и за оние членови на ТМОК, чиј претседател беше и самиот Мисирков, кои, членувајќи и во тоа бугарско друштво, организираа разни вечеринки, лотарии и сл. „за добротворни цели”. Се добива дури впечаток дека овде Мисирков непосредно конверзира со студентот Македонец и член и претседател на ТМОК во С.-Пегербург и еден од членовите-основачи на МНЛД. Хр. Шалдев, кој заради бугарската стипендија се откажа од ова членство и стана верен агент на бугарскиот егзарх, а истовремено упорно и смислено го клеветеше Мисиркова, дури и пред ЦК на ТМОРО во Солун - поради неговиот критички однос спрема изведбата на тие акции. Така, во едно писмо од Иван Сапунаров (од Костурско, бивш студент во С.-Потрбуршката духовна академија, еден од основачите на ТМОК и негов прв претседател, потоа учител во Солун и член на ЦК на ТМОРО, задолжен да кореспондира со кружоците во Русија) од Солун од 15.12.1902 год.. одговарајќи му на претселателот на ТМОК Христо Шалдев, меѓу другото пишува: „Мисирков помина овде. Зборувавме со него на долго и на широко. За вашата лотарија тој рече лека сте сакале да скриете некои предмети од полните билети. Со тоа можете да се бламирате па ве советуваме да не го правите тоа за да не го бламирате и делото.“
88. И овде Мисирков тргнува од најконкретните примери што ги знаеле и сите негови слушачи на предавањево пред МНЛД: Ниеден Бугарин од Бугарското студентско друштво не замина да зема учество во Илинденското востание, туку само некои членови на ТМОК – Македонци, па дури и Руси, некои од кои и загинаа во Македонија.
89. На Мисирков секако му правело впечаток тоа што ТМОРО во своите основни акти имаше една „интернационалистичка” платформа, а во своите практични настапи им даваше повод на некои набљудувачи на движењето да ја сметаат како експонент на бугарските цели во Македонија, бидејќи го опфаќаше претежно егзархиското население, ги толерираше егзархиските цркви и училишта, а им се спротиставуваше на другите. И овде, кога зборува за социјализмот, тој ги има предвид пак само своите петербуршки колеги социјалисти што беа најблизу до руските социјалисти, кои пак, навистина, можеби поради позицијата на руската нација во руската држава, пројавуваа полн индиферентизам спрема националното прашање. Таков став имаа и германските и австриските социјалисти во тоа време - главно поради истите причини. Но за К.П. Мисирков во македонските услови таквиот став беше еднаков на пораз. Затоа и не сме склони да гледаме овде некаква фронтална критика на социјалистичкото учење воопшто, туку на конкретните постапки на неговите поддржници – бугарските студенти во С. Петербург.
------------------------------------------------------------
Имат ли се нужда от македонцки национални научно-литературни другарства? (фототипно издание)
Идеiата за образуан'ето на нашето другарство беше -полно оддел'уан'е на нашите интереси од бугарцките. Со него ниiе сакафме да покажиме на русите, оти у нас во Македониiа немат национален антагонизм и iет возможно задружно работеiн'е от сите македонцки народности на културна почва. Ушче поеке, ниiе сакафме да докажиме на русите да немат во Македониiа неколку словенцки народности а имат само iедна; да македонцките словени можат сами да разрушат таiа преграда, шчо iет постаена мег'у ниф од пропагандите в од нивното образуаiн'е во Бугариiа, Србиiа или Грциiа. Ниiе сакафме да покажиме, оти на прекор на нашето образуаiн'е и воспитааiн'е во разви држаи или пропаганди, ниiе предпочитаме сите да напраиме отстапки от своiа страна за обшчемакедонцките интереси, за да не бидиме орадиiе во рацате на пропагандите и на нивните цели: за да не се стремиме кон соедеiн'е, ни со Бугариiа, ни со Србиiа, ни со Грциiа.
Но се наiдоа мег'у ланските членои лица, коiи наог'аат за излишно сашчествуаiн'ето на таквоа другарство, зашчо немало оддел'на македонцка народност во Македониiа, а имало тамо србцка и бугарцка, и пошчо во Петроград имало бугарцко и србцко студентцко другарства, то немало нужда от македонцко.
Пред вид на таiа критика за нуждата и целесообразноста на нашето овдешно другарство, ниiе сме должни да си дадиме точен отчет за причините шчо предизвикаа образуаiн'ето негоо. Тоа можит да се напраит, пошчо се одгоорит на главните возразуаiн'а на нашите противници, со коiи они се мачат да покажат да немат нужда од оддел'но македонцко другарство, и да iет негоото оформируаiн'е не своiевремено.
Нашите противници вел'ат, оти сега не му било времето да се подигаат национални прашаiн'а во Македониiа, кога iет зборот за iедно сносно сашчествуаiа'е на сите народности. Сега не iет времето да се оддел'уаме од Бугариiа, кога она напраила толку жртви за нашето ослободуаiн'е и ке напраит ушче за однапред. Неуместно и неразумно iет да оддел'аме своiите интереси од обшчебугарцкете кога во соiединеiн'ето, а не во расцепеiн'ето iет силата. Ако се подигнит сега прашаiн'ето за националноста на македонците, то ниiе ке требит да се врниме назад на 30 и поеке години. Зар и возможно ли iет сега националното обiединуаiа'е на македонците, кога во Македониiа имат многу, а не iедна националност, и кога немат iедна оддел'на македонцка словенцка нациiа ?
Наi напред требит да се речит, да не iет истина тоа шчо велат, да сега не му било времето да се подигат прашаiн'ето за народноста на македонците? Со игнорираiн'ето на тоа прашаiн'е, ние не праиме ни iедна стапка нааред, зашчо, ако го игнорираме ниiе, то не го игнорираат сите, и мали, и големи држаи, осим Бугариiа. Ниiе значит, просто си затвараме очите пред неприiатната за нас деiствител'ност. Ако, значит, разгледаме тоа прашаiн'е, нiе не се враiк'аме назад, а одиме напред, сознааiки негоата важност. Вистина со националното прашаiн'е ниiе ке се занимааме 20—30 години, но кривината за тоа лежит во нашите предшественици, коiи не сознаа сета негоа важност, а не го кладоа да здреит. Да беа тоа напраиле, немаше зашчо ниiе сега да се занимааме со него. Ако прашаiн'ето за народноста на македонците имат првостепено значеiн'е за бугарите, србите и грците, и секоiа от тиiе народности го третираат по своему, то зашчо и ниiе тоа прашаiн'е да не земиме во своiи раци, и да го разгледаме сестрано, и од бугарцко, и од србцко, и грцко гледишче, и критикуаiки сите ниф, да не изработиме македонцко гледишче на нашата народност, а се удовлетворуаме спроти местото, каде сме се училе, или со србцкото, или со бугарцкото, илн со грцкото гледишче? Да не си изработиме своiе, македонцко гледишче за нашата народност, убедител'но и спраедлио за сите македонци, значит, да ниiе не сме во состоiаiн'е самостално, без туг'о влиiаiн'е да изучиме сами себе. Iас не можам да допушчам последното и го броiам оскрбно за мене, ето зашчо и не се откажуам на прво место да си изработам своi самостоiен возглед на прашаiн'ето за моiата народност и таiа на моiите сонародници. Значит, од моiе гледишче нашето другарство во прашан'ето за нашата народност не напраи никаква нетактност, и само укажа извесна услуга на дуовните интереси на македонците.
Сега ке требит да одгоориме на возразуаiн'ето, да не iет уместно и iет не своiевремено да оддел'уаме нашите интереси од обшчебугарците, зашчо од iедна страна, силата била во соiединеiн'ето, и од друга, Бугариiа напраила толку жртви за нашето ослободуаiн'е и ке напраела и за однапред.
Тоа возразуаiн'е iет многу сложно, затоа ке требит да се одгоарат на секоi дел по оддел'но.
Прво нешчо, шчо можит да се речит, тоа iет, да ниiе не сега се оддел'уаме од Бугариiа, и со тоа раздробуаме iедно создадено цело, но сме одделени и живиме веке оддел'но поеке од 25 години. Друзи не разделиiа и создадоа од нас и бугарите различен жиот, разни потребности, нерамен положаi. Друзи и не ни даваат да се соiединиме. Од македонцко гледишче соiединеiн'ето на цела Македониiа со Бугариiа, или Србиiа, или Грциiа не iет желател'но, но не iет и страшно. Значит нема зашчо да се бориме со него. Но такво соiединеiн'е не ке допушчат, ни малите балканцки, ни големите европеiцки држаи. Значит, ниiе, не сакаiки да бркаме нашите интереси со бугарцките, дааме своiето согласiе и узаконуаме сашчесчествуiушчиiо ред. Се питат само, али тоа узаконуаiн'е iет во наша полза, зашчо кажуваат, оти Бугариiа ни напраила многу арнотиiи, и ке ни напраела ушче. Да видиме, шчо арно сме виделе ниiе до сега од бугарите ?
Бугарите усилиiа бiуджетот на екзархиiата от поiавуаiн'ето на србцката пропаганда; со друзи зборои усилиiа нивната пропаганда и нивните интереси во Македониiа. Кладоа они неколку владици, и отвориiа неколку трговцки агентства, поддржаа со пари востааiн'ето во Македониiа и прераниiа во Бугариiа мнозинство обездомени македонци, пзбегани во Бугариiа. Тиiе сет арнотиiите, шчо и видофме од бугарите.
Како ви се чинит: али сет доста? али сет много? али сет поеке од добрините, шчо ни и напраиiа србите? — Ако не бидиме бугарцки шовинисти и пристрастно не гледаме на работите, не можиме да не констатираме, оти во Македониiа бугарите не напраиiа за нас македонците, нишчо поеке од тоа, шчо напраиiа србите. Пак и смело можит да се речит, оти напраиiа по малу от србите. Горе изброiените бугарцки добрини не сет напраени во полза на самите македонци, а на интересите на Бугариiа во Македониiа. За тоа бугарцките милиони за Македониiа немаат по големо значеiн'е од србцките за тамо. Бугарите ни кладоа владици во Македониiа; имаiте на ум, оти тиiе владици сет во поекето случаiи и во наi важните места бугари, а не македонци. Преко владиците бугарите сакаа да истребат се, шчо не им iет приiатно, а наi многу црковно-обшчинцката самоупраиiа. Но таква услуга со србцки владици сакаа да на окажат и србите. Шчо сет тиiе криви, шчо ниiе предпочетофме да сме орадиiе на бугарите, на место да сме орадиiе на србите ? — Бугарите отвориiа во Македониiа трговцки агентства! Но за чиiи интереси? Се разбират, оти не за македонцки, а за бугарцките. Србите предадоа своiите интереси во Македониiа на своiи консулства и генерални консулства. Ако бугарцките трговцки агентства во Македониiа сет благодеiаiн'е за нас, то србцките генерални консулства сет ушче по големо. — Бугарите ни поддржале востаiн'ето. И србите го поддржуваа. Бугарите го поддржуваа поеке, зашчо нивните ингереси тоа го сакаа, а не за атарот наш. Србите го поддржуваа, за да не останат по назад од бугарите; но да беа србцките интереси така врзани со востаiн'ето, то србите сто пати ке обiавеiа до сега воiна на Турциiа, без да чекаат од некаде помок', без да гледаат али ке бидит исходот за ниф благоприiатен или не. — Бугарите ранат обездомени македонци, но истото го праат и србите.
Тоа iет сета арнотиiа, шчо iа добифме од Бугариiа. Сега да видиме, со шчо заплатифме ниiе за таiа арнотиiа, или колку ни костуат она?
Ако прегледаме собитиiата от последната руско-турцка воiна до сега, ке видиме, оти секоiа арнотиiа од Бугариiа за македонците не iет нишчо, осим iедна конпенсациiа за глупостите, шчо и имат напараено Бугариiа во нашето прашаiн'е. Македонцкото прашаiн'е во раците на бугарцките дипломати и народ iет ред глупости, напраени само на македонцки есап и наречени мег'ународни победи на бугарцката самостоiна политика. Тиiе глупости на бугарцкиiо народ сет за нас македонците како прародител'цки греф, коiи ке поминуваат од поколеiн'е на поколеiн'е.
Ето во шчо се состоiит тоiа прародител'цки греф: Бугарите сет ослободени од русите. Во тоа време руското обшчество се увличаше со словенофил'ство. Тоа увлечеiн'е им зе около 250,000 души воiска и милиарди рубли. Но каков беше резултатот от таiа воiна? Русите и напред воiуваа со Турциiа, и ослободиiа со своiа крв готоо сите балканцки држаици. Но никоаш до тогаi русите не се разочаруваа така, како шчо се разочаруваа во време на последната воiна. Оно доiде до таква степен, шчо русите сакаа да кладат крст на своiето по тамошно увлечеiн'е и ослободуаiн'е на словените на Балканцки полуостров. Последните сокоiи од увлечеiн'ето на русите, и со тоа и надежвте на македонците на Русиiа беiа, голтнати од Бугариiа. Поведеiн'ето на бугарцкиiот народ кон руската воiска, и бугарцката интелегенциiа кон руските власти и дипломати, беше такво, шчо русите илiадо пати се каiеа за своiето увлечеiн'е со „братушките". Тоа раскаiаiн'е iет влегло глабоко во душите на сите руси, коiи сега не сакаат да чуiат за некакви „братушки", а особено за бугарите. Коi плаiк'ат сега за поведеiн'ето и грешките на бугарите, ако не ниiе македонците?
Увлечеiн'ата на Русиiа родиiа iедна Бугариiа, но со неiното родеiн'е, Русиiа умре за нас. Сите надежи у македонците поминаа на недоносчето — Бугариiа. Ниiе помислифме тоа недоносче, iа ке одрастит ке окрепнит и ке ни даiит рака, и ниiе со него да заживиме слободен жиот. При имаiн'е една слободна Бугариiа ниiе мислифме, чуму ни iет Русиiа. Нашите надежи се поддржуваа од Бугариiа а како да зафатиiа да се осашчествуваат. Бугариiа, како покоiниiот србцки крал' Александр, се обiаи сама за совршенолетна и зафати самостоiен ред глупости, што се наричаа од неiа самостоiна политика:
Разруши арните односи со Русиiа, и повика Стамболова, тоi да предаит Бугариiа во раците на троiниiот соiуз и Англиiа, и да iе напраит нивно орадиiе против Русиiа. Таiа ноа ера во историiата на Бугариiа, таiа самостоiна политика се зафати од присоiедиенуаiн'ето на Бугариiа со Источна Румелиiа и од нарушааiн'ето од Бугариiа на Берлинцкиiот догоор, на коi шчо почиваше и праото на македонците на автономиiа со рисiанин генерал-губернатор. Нарушаiн'ето на Берлинцкиiот догоор и Стамбуловцкиioт режим, крстени „самостоiна национална" политика на Бугариiа, на тоа политично, капризно, несовршенолетно недоносче iет втор удар за политичната слободиiа на македонците. Европа и Русиiа настоiаваа да се изработит план за реформи во Македониiа и во 1882 година, тоiа план беше веке готов и ке се настоiааше да се воведит, како ноиiот „политичен фактор на балканите" кажуат своiето vеtо, и на место реформи сакат за Македониiа бугарцки владици. Бератите за владици се дадоа и ниiе, заслепените македонци, поверуафме на Бугариiа, оти она со неiната „самостоiна" политика нишчо друго не праит, осим одржуат политични победи и облагодетел'ствуат нас, македонците. — Арно ни замажаа очите. — Но не поминаа и 5—6 години, како се отрезвиiа бугарите од своiето увлечеiн'е во „самостоiната" политика. Се убедиiа со напредуаiн'ето на србцката пропаганда во Македониiа, оти они не сет iединствениiот фактор во македонцкото прашаiн'е, а оти имат, осим ниф, а друзи, и оти успеот при конкуренциiата ке бидит тамо, каi шчо ке бидит поддржката на Русиiа. Бугарите пак станаа русофили, но тоа го напраиiа, не со чисто срце, а за да напраат руското праителство орадиiе на своiите интереси во Македониiа. При надворешното приiател'ство на Русиiа, они не можеа да се примират со мисл'ата, зашчо руските консули во Македониiа да поддржаваат србцката пропаганда тамо. Зa таiа причина некоiи од политичните партиiи клеветеа Русиiа, како неприiател'ка на Бугариiа, и на се бугарцко, наi многу за поддржката од страна на Русиiа србцката пропаганда. Бугарцките политикани не можеа да видат, оти поведеiн'ето на Русиiа iет плод на нивните глупости, шчо се вел'ат „самостоiна" и „национална" политика. Кога таiа „самостоiна" и „национална" политика iет орадаiе на неприiателите на Русиiа, против интересите на последната на Балканцки полуостров, можат ли да бараат тиiе бугарцки политикани од руското праител'ство, да бидит оно совршено безучастно во собитиiата на Балканцки полуостров, кога тоiа полуостров iет бил грижата на Русиiа цело столетiе и поеке? Она требит да си сочуат своiите интереси тамо, па и ако тоiа сочувуаiн'е не ке бидит по вкусот на „самостоiната" и „национална" политика. Бугарите во своiата надворешна политика станаа русофили и русите си измениiа малу политиката кон бугарите. Но бугарцкото русофилство беше со есап, и не беше траiно, значит, и руската политика немаше да се изменит окончателно, iедно не се знаiеше, до колку iет искрена и траiна бугарцката надворешна политика. Бугарите беа не задоолени од руската политика во последно време, особено заради прашаiн'ето за ракополагаiн'ето на Фирмил'ана и за македонцкото востааiн'е. Они вел'ат: во тоа време, кога министерството на Данев предаде надворешната политика на Бугариiа во раците на Русиiа, последната на место да ни поможит, напраи да се ракоположит Фирмил'ан во Скопiе, и друго, не напраи нишчо за Македониiа. Бугариiа да беше водела „самостоiна" и „национална" политика, она не ке допушчеше првото, и ке решеше македонцкото прашаiн'е со по големи реформи.
Тиiе сет расудуаiа'ата ва бугарите. Но ниiе, ако станеме на самостоiно македонцко гледишче, ке требит да речиме следното: Бугариiа со неiното русофилство не напраи никаква услуга, ни на Русиiа, ни на Македониiа. Но од русофилството она се восползуа со заiамот, напраен при руско содеiство, а друго, и наi главно, не изарчи позаiаените милиони на воiени нужди, и со тоа остаи полни државните каси. Бугариiа и да водеше „самостоiна" и „национална" политика т. е. да беше орадиiе на троiниiот соiуз против Русиiа, пак немаше да напраит нишчо, зашчо сега и немат тиiе натегнати односи мег'у ниф, коiи беа при Стамболова. Сега членоите от троiниiот соiуз имаат оддел'ни соглашеiн'а по мег'ународните прашаiн'а, работат заiедно по ниф и парализуваат сите капризи на малите држаи, коiи со тиiе капризи сакаат да изменат полатичното разновесiе во нивна полза. Сега немат место за Стамболовцка политика. Возродуаiн'ето на Стамболовцкиiот режим во Бугариiа сега не се оправдуат со нишчо и iет iеден нов опит на политичното недоносче да покапризвичит. Но од тиiе капризи, не него, а нас македонциге, ке не болит глаата, како шчо и не болит веке. Но ноите праители во Бугариiа ни вел'ат: тоа iет Русиiа крива; Русиiа се боит од iедна голема Бугариiа и за тоа: таiа кладе Фирмил'ана, таiа сега не сакат да даiит на Македониiа автономиiа, таiа не не остаи нас да се приготвиме, и да воiуваме со Турциiа.
Другари! Таквиiа тврдеiн'а, не сет нишчо друго, осим iедна лож iедна клевета, фрлена на ослободител'ката Русиiа од iеден ослободен робцки народ, коi шчо ушче не iет слободен од негоите робцки инстинкти, со коiи се ползуат, за да оправдат своiата глупаа „самостоiна" и „национална" политика. Тоi народ, коi шчо iет првата и последната причина за сите наши нестреки, со своiите глупаи постапоци не наведе на iедна нерамна борба со турците, и во наi решител'ниiот момент не остаiи на произвол ва судбата. Тоi произведе клаiн'ето во Македониiа, како шчо го произведоа во Ермениiа англичаните, и со тоа изгуби своiето влиiаiн'е во Македониiа. Но тоа влиiаiн'е му iет нужно, ето зашчо, од iедна страна не увераваат, оти до кога имат слободна Бугариiа, македонцкото прашаiн'е не iет закопано, од друга страна, за да оправдат своiето егоистичио поведеiн'е, сета вина за нестреките каi нас обрнуат на Русиiа.
Браiк'а! зар не iет нелепост, да семислит, оти Русиiа се боiела од голема Бугариiа и не сакала нашето ослободуаiн'е, и оти по тиiе причини не сакала нашето ослободуаiн'е, и помагала да се ракоположит Фирмил'ан?
Прво да видиме, коi iет крив во сегашното востаiн'е, а на кого паг'ат за него наi голема одгоорност?
Не iеднаш Русиiа ни имат речено, оти она не ке пролиiет, нито iедна капка крв, и не ке ни даит, ни наi мала материiална помок', ако ниiе македонците подигниме востааiн'е. Русиiа по македонцкото прашаiн'е толку пати iет публикуала праител'ствени сообшчуаiна, толку пати сет праени предстауаiн'а на бугарцкото и турцко праител'ства по нашето прашаiн'е. Во сите ниф напрао ни се велеше: седете си мирно, оти, ако напраите брканица, не можам, и не сакам да ви поможам. Со друзи зборои, она си изми раците от сите нестреки од iедно востааiн'е во Македониiа. Можиме ли ниiе после тоа да обвинуаме Русиiа во неискреност и поддупуаiн'е? Зашчо тогаi да це л'утиме на Русиiа?
Ако не се лажам, комитето и организациiата очекуваа помок', не од Русиiа, а од Бугариiа, зашчо во Македониiа во пон'атiата нивни и на екзархиiата бугарцка живеiат бугари. Руси тамо немат. Значит Бугариiа требеше да поможит, или наi категорично да речит: не чекаiте од мене нишчо. Но Бугариiа не напраи ни iедното, ни другото: не напраи првото, зашчо бугарите сет есапчиiи, и сет готои да земат Македониiа, ако им iе подарит некоi; а инак, ако сакат, нека бидат запустена. Никоi друг од Балканците народи немаше така спокоiно да гледат на запустуаiн'ето на iеден краi, каi шчо се имаат негои сонародници. Да беше инициативата во востааiа'ето грцка или србцка, и да знаiеа тиiе народи, оти востаа'ето ке бидит тава сил'но, не гледаiки на никакви неблагоприiатни прилики, ке обiавеiа воiна, па макар та воiна да се свршеше со полна поразиiа нивна. Но бугарите не сет от таiа категориiа; они ќе обiаат воiна само тогаi, ако имат некоiа држаа, коiа да им обеспечит плодоите на воiната. А пошчо такво обеспечеiн'е никоi пат не iет сигурно, без да се ангажират iедна од големите држаи, или неколку од ниф, со оражиiе во рака да поткрепат тоа обеспечеiн'е, то од Бугариiа не можеше да се очекуат набркуаiн'е во македонцките работи. Но ако беше така, то бугарите можеа да кажат iасно на македонците, на ниф да се не надеiат, и можит, неке се добиеа тиiе резултати. „Далековидната" политика на кн'азот и на негоите „самостоiни" и „национални" помок'ници требеше да предвидвт се, и да предупредит нестреките. Но они тоа не го напраиiа. Оставиiа да станит востааiн'ето, мислеiки, ако не „самостоiната“ политика, то крвта на македонците, ке застаит „великата ослободител'ка" да си остаит своiите работа, и да доiдит да воiуват за нас, за да iе повикаат после во Берлин. и да загубат Манчжуриiа и влиiаiн'ето во Персиiа. Тоа беше престапно поведеiн'е' кон македонцките работи, и главен престапник во ниф се iавуат официална Бугариiа и бугарцкиiот народ, коi шчо не можа да застапит своiето праител'ство, да се застапит за своiите македонцки клиенти. И за тоа престапно поведеiн'е се праит сега крива Русиiа, и то официална Русиiа, коiа немала нишчо обшчо со неiниiот народ. Ослободените „братушки“ сега не сакаат да се признаат во своите грешки; ето зашчо заiауваат, да сет они сите русофили, да милуваат рускиiот народ, но не милуваат руското праител'ство, коiе не изражуало народните чувства кон македонците, и отрицател'но се однесуало кон секоiа искажана од народот симпатиiа кон ниф. За докажуаiн'е на последното покажуваат на „таiни“ циркул'ари од праител'ството, да се не печатат поеке статиiи за македонцките работи.
Каi нас во Македониiа, и во Бугариiа можат да придаат на таква праител'ствена распоредба непраил'ен значаi, ето зашчо ке требит да се кажат овде неколку зборои и за неiа. Наi прво требит да се кажит, оти во македонцкото прашаiн'е немат никаква разл'ика мег'у погледите на него на руското обшчество и народ од iедна страна, и праител'ството од друга, а имат само разлика во степента на интересот со него : обшчеството и народот многу по малу се интересуваат от праител'ството, шчо се видит од помок'ите за македонцвте. Ако се срамнат тиiе со помоките на бурите (Трансваал'ците), то ке се добиiет голема разлика, а тоа iет затоа, зашчо со борбата на бурите се интересуваа много поеке, од нашата борба. А тоiа слаб интерес iет резултат на разочаруаiн'ето на русите од „братушките“. Значит и за тоа требит да речиме на бугарите: сполаi ви! Руското праител'ство секоi пат даат полна слободиiа на руската стамба да стамбосуат статиiи по сите прашаiн'а до тогаi, до кога некоiе прашаiн'е се разгледуат и не iет приiемено никакво решеiн'е по него. Откако прашаiн'ето бидит исцрпено, и по него iет приiемено некакво решеiн'е, се праiк'аат циркул'ари, да iет прашаiн'ето исцрпено. Но, тоа се праит, не за да се лишат ноините од слободиiа да пишат, а за тоа, шчо на Балканцкиiот полуостров придаваат големо значеiн'е на сите статиiи, шчо се односат до балканцките работи, и мисл'ат, оти праител'ството под влиiаiн'ето на пресата ке изменат своiата политика. Праител'ството просто сакат да не избаит нас од праздни надежи
Ако iет с тоа така, то со шчо можит да се обiаснит политиката на Русиiа во прашаiн'ето за Фирмил'ана, ке запитаат некоiи. — iасно iет, оти она iет србофилцка. — Да видиме дали iет, толку iасно.
Причините за ракополагаiн'ето на Фирмил'ана ушче еднаш iасно ке ни покажат, каква нестрек'а за нас македонците iет носеiн'ето на името бугарин. Од ниф ке се видит, оти политичното недоносче — Бугариiа не iет во состоiаiн'е да зашчишчаат не само нашите, но и негоите интереси.
Бугариiа немат дипломати, а ушче по малу—во странство И тиiе шчо сет от последнате, не сет да чуваат и подигаат значеiн'ето на Бугариiа, а да умал'уваат и осмеiуваат, и себе, и своiата држаа. За подтврдуаiн'а на тоа, доста iет да се потсетит на троiица: г. г., Бешков, секретар и gеrаnt на Трговското Агентство во Битол'а, Цоков, дипломатически агент во Лондон и Станчев таков во Петроград.
За г. Бешков, попрашаiте кого сакате во Битол'а, било то от персонало на тамошните консулства, било од бугарцките учители, било од влашките, било од граг'аните, ила наi после од циганчин'ата, со коiи се имат разгоарано г. Бешков, постоiано врвеiки по Градот без работа, — сите ке ви кажат, коi iет г. Бешков. За тоа србите имаат во Битол'а прекрасен предстаител', коiи се пол'зуат со полно уважеiн'е у консулите. Тоа iет г. Ристич.
Сета своiа дипломатиiа си искажа г. Цоков во разгоорот негов со кореспондентот на Реiтер.
Но наi интересен iет г. Станчев, iедно, како частно лице, друго, како дипломат и трек'о, како дипломат на наi важното за Бугариiа от сите дипломатцки места. Прво нешчо, шчо биiет на очи, тоа iет, шчо г. Станчев си остаат на истото место од сето време, како знаiам за него (имат около 9 години). Тоiа факт на вид iет многу утешен, зашчо он како да покажуат постоiанство во политиката на Бугариiа. Србцките посланици вистина седат во Петроград по неколку години со ред, но по 4—5 години се менат. Но тоiа утешен факт, iет утешен само ва вид. Ушче првата година на моето студентство мене ме запитаа, кавов чоек iет г. Станчев ? Iас за него не знаiеф нишчо, затоа рекоф, оти мало го познаам. Тогаi ми дадоа iедна немцка книга, со наслов Die Wahrheit uber Bulgarien. Iас замолиф, да ми iе дадат, да iе прочитам дома. Ми iе дадоа, и така iас се запознаф прв пат со г. Станчев и со бугарцките работи, особено со положеiн'ето и авторитетот на бугарцкиiот предстаител' во Петроград. После iас чуф ушче некоiи слуои за г. г. Станчев од нивниiот жиот во Петроград. подобни на пасажите за ниф во упоменатата книга. Од разгоор со журналисти iас чуф, оти г. Станчев праил опит да повлиiаiет на ниф, но неуспешно. Вообшче сите тиiе, со коiи имаф случаi да се видам или зборуам, г. Станчев или не го знаеа, или лошо се одзоуваа за него. Но во последната година г. Станчев, кажуваат се пушчил толку долу, така ниско пушчил бугарцкиiот престиж во Петроград, как не ке можеше да напраит и наi големиiот неприiател' на бугарцките интереси.
А знаiат ли бугарите, оти во тоа вреие, кога они имаат во Петроград iеден Станчев, србите имаат тамо iеден Пашич, или iеден Груiич, или iеден Новакович ? Тиiе дипломати последовател'но сет, или во Петроград, или во Стамбул; и на iедното, и на другото место они остануат по неколку години со ред. Во Петроград они имаат обширни познанства и се ползуваат со многу арен дочек од горните слоеи на руското обшчество и имаат големо влиiаiн'е на него. Они се знаiат со дипломати, профецори, редактори и издатели на ноини. Они зборуваат убедител'но и со глабоко знаiаiн'е на работите. Добаите кон тоа, да iет србцката надворешна политика устаноена, као и то, да имаат они и цел ред друзи, осим упоменатите дипломати, а ке разберите, оти ракополагаiн'ето на Фирмил'ана iет победа на србцката дипломатиiа и поразиiа на бугарцката; победа, добиiена со своiи т. е. србцка сили, а не нешчо наврзано од русите ; поразиiата пак на бугарите iет резултат на немаiн'е бугарцки дипломати, коiи да разбираат бугарцките интереси и да ги зашчитуат со авторитет и знаiаiн'е. —
Ама г. Зиновiев помагал и сочувствуал на србите. Тоа можвт да бидит вистина, но тоi го праит тоа, не зашчо мрзит бугарите, а зашчо србцките посланици во Стамбул сет логични, знаiат арно нивните интереси, и можат да и зашчитуат. Исто така, можит, руските консули зашчитуваат србцките интереси во Македониiа, не за атар, а iедно, зашчо и србите, како и бугарите сет словени, а друго, зашчо србите по арно имаат разбрано и знаiат да бранат нивните интереси.
Значит бугарцката надворешна политика не издржуат никаква критика. Она iет главниiот извор на сите наши нестреки. За тоа не можит и да се зборуат за некакви арнотиiи од Бугариiа за Македониiа. Арнотиiа ли iет материiалната помок' на Бугариiа за востааiа'ето, кога таiа поддржка само не застаи да си расфрлиме народните сили, со кои ниiе бефме силни, а сега сме нишчо? Арнотиiа ли iет ранеiн'ето на избеганите во Бугариiа македонци, кога Бугариiа iет првата и последната причина да им се разорат куките? Арнотиiа ли iет тоа, шчо приiимат она на своiа служба македонци, кога последните со службата, или заради неiа, забрауваат своiата таткоина, и неiните интереси жртвуваат на бугарцките? Зар не сет македонците, шчо сет на служба или кандитати за служба тиiе, коiи изопачуваа мег'у населеiн'ето во Македониiа значеiн'ето на руските праител'ствени постапаци, и толкуваа пред него стамбуловцки, и го тискаа да востанит, против советите на Русиiа за благоразумие? Македонци! време iет да се убедиме, оти лошиiот демон за Македониiа, не iет никоi друг, осим Бугариiа, ето зашчо час по скоро требит да одделиме интересите наши од бугарцките. Тоа го барат од нас благоразумието.
От с гореречено се видит, оти бугарцките арнотвiи за нас македонците ни наi малу не се разликуваат од србцките, но за то ни костуваат сто пати поеке:
1, за бугарцкото име, шчо ни го подари екзархиiата, ниiе зедофме на себе сите добрини, шчо сет врзани со него, и со коiи се украси тоа име во наiноата историiа на Балканцкиiот полуостров.
2, за бугарцквте сколиiи и бугарцкото „покротел'ство" на нашите интереси, ниiе немаме никакво сочувство от страна на русите, не за тоа, шчо тиiе мрзат бугарите, а по тиiе сообразуаiн'а, шчо они толку многу напраиле за бугарите, колку за никоi од словенцките и праославни народи ; излегуат, оти они и за нас македонците напраиле многу, и немало зашчо ушче нешчо да очекуаме од ниф. Руското покровител'ство стаат не нужно, кога ниiе имаме „самостоiно" и „национално" бугарцко покроител'ство.
3, за бугарцките владици, шчо ни и подари Стамболов, ниiе заплатифме со немаiн'е автономни праа, предвидени по Берлинцкиiот трактат. Таiа арнотиiа добиiат ушче по големо значеiн'е со тоа, шчо она беше причината да се образуваат комитети, организациiи, чети, востааiн'а, да имат убиiства, грабежи, колеiн'а и пр. и во се тоа Бугариiа ни поможа, и со пари, и со трпеiн'е на комитетите на своiа земiа.
4, верата во бугарцкото чувство кон нас си iа платифме со востааiн'ето, од коiе Бугариiа вистина не не задржа. и не ни поможа, но . . . . . . го испрати Наiчеича да прегоарат
. . . . . Исто така Бугариiа со своiата искусна дипломациiа не поддржа . . . .!
5, За ранеiн'ето на избеганите македонци во Бугариiа и како наi голема награда за името бугарин, шчо го насадиiа каi нас, ни покажаа барем да знаiиме, коi iет причината за сите наши нестреки, а тоа била . . . .. Русиiа. И така, значат, Бугариiа ни напраи до сега веке сите арнотиiи, остааше само и у нас да развиiат клас „самостоiни националисти", коiи ке разберат наi после, каде iет коренот на секоiе зло во нашето национално развиiаiн'е, т. е. Бугариiа реши, и каi нас да насеiет русофобство, та и ниiе да изгубиме секоiа вера во праославна Русиiа. Мисиiата на Бугариiа iет прекрасна, само за жалост ниiе тука во Петроград сме далеко од Бугариiа, та русофобското семе не можит да ни западнит глабоко во душата и да даiит арни плодои.
Од сите преброiени фактои се видит големата вреда за нас македонците от тоа, шчо ниiе, или барем мнозина од нас, отожествуафме до сега нашите интереси со обшчебугарцките. Ниiе се велефме бугари. Со тоа, од iедна страна сакафме тоа име да ни послужит како центр, около кого ке можиме сите да се згрупираме, без да бараме за таiа цел'а некоi друг, а можит и сосим нов, од друга, ниiе мислефие, оти вистина во соiединен'ето со бугарите iет нашата сила.
И вистина од нашето велеiн'е да сме бугари, ниiе имафме прао да очекуаме за нас добрини, а не злини: ниiе можефме да очекуаме од Бугарите поддржуаiн'е на сите наши дуовни нужди. Бугарвиiа iет слободна држаа. Она располагат со пари, просветеiн'е, државни мажи и дипломати. Она требит да сознаат неiните и наши национални интереси и мошно да бранит. Но видофме да сме горко излажани во нашите надежи и да на место арнотиiи, ниiе видофме само лошотиiа.
Тиiе лошотиiи преминуваат секоiе очекуаiн'е. Се прашат, коi iет во с тоа крив ? — На тоа прашаiн'е iас не можам да одгоорам. Не iет моiа работа да барам, али некоi зол демон на Бугариiа имат напраено сите лошотиiи бугарцки нам македонците. За мене iет iасно само тоа, да голем дел во сите наши нестреки се должит на бугарцкиiо народ. Не iет кн'азот крив во тоа, да речиме, шчо немаат бугарите арни дипломати. Ако напр. г. Станчев iет предстаител' на кн'азот, а не на Бугариiа, то не сет таквиiа Цоков, Бешков в др. Н.е iет извинеiн'е за бугарцкиiот народ и тоа, шчо недостоiните дипломати принадлежат кон таiа или друга партиiа, и кн'азот се ползуат со повикуаiн'ето на власт, по лични сообразуаiн'а. то iедна, то друга партиiа. Главната нестрек'а за Бугариiа и неiните интереси iет, не во тоа, шчо имат многу партиiи, и не сите знаiале арно народните интереси, а во тоа, шчо бугарите малку сет проникнати со народните интереси, особено со надворешните.
У бугарите немат национални идеали, кoi да бидат обшчо достоiаiн'е и светиiн'а за сите бугари. Тиiе идеали се изработуваат од историiата на народот, но се изработуваат во iеден долог историцки период. Долго време членоите од iеден народ требит да се увличаат од iедни исти народни идеали, обшчи и свети за сите членои на народот. Тиiе идеали требит да бидат изработени од наi видните предстаители на народот и усвоiени от сите негои членои. Идеалите народни требеше да бидат iедна програма, кон осашчествуаiн'ето на коiа ке требеше да бидат напраени сите сили на народот. Народните идеали не одiеднаш сите можат да бидат осашчествени, но нивното осашчествуаiн'е требит да бидит само резултат на обшчата и самоотвржена народна работа. Трудностите во достижеiн'ето на народните идеали служит само како сколиiа, во коiа окрепнуат народниiот дух и се готвит за ушче по голема борба. Во замена на тоа, ако iеден народ добиiет политична слободиiа, или се исполнит нешчо друго важно за народниiот жиот, без негоо, или со мало негоо содеiство тогаi, кога у него ушче немат изработено народни идеали, или, ако сет изработени, не сет усвоiени от сите членои на народот,—то, во таков случаi, народот не ценит народните идеале, и како чоек без определена цел'а и програма за работеiн'е, се фрл'ат, то во iедна, то во друга страна, праеiки тоа, не зашчо тоi iет убеден, оти така требит да бидит, а зашчо видит да имат околу него л'уг'е, шчо постапуат така или инак.
Шчо видиме ниiе во наi ноата бугарцка историiа? Бугариiа добиiат политична слободиiа, наi важното нешчо во народниiот жвот, ушче тогаi, кога у ниф немаше народни идеали, кога и сами не знаiеа, шчо сакаат. Слободиiата iе добиiа бугарите со наi мали жртви и усилиiа; неiа им iе подариiа русите. Ослободеiн'ето напраи iедна голема пропаст мег'у по прег'ешната бугарцка историiа и жиот, и ноата. Во првата бугарите видеа сато iеден мрак, за тоа ови се одврнуваа од неiа. И така бугарите во ноиот слободен жиот се iавиiа како народ без традициiи, народни идеали, сознаiн'е на народните и државни интереси и историiцко наследиiе. Значит, Бугариiа се iави како држаа во вид на историiцко недоносче. Со усил'ата на Русиiа тоа недоносче окрепна малу, но при првото осек'аiн'е на своiите сили заiавуат претенциiа на самостоiна политика — извор на нестреки за македонците
Но не само во таiа самостоiна политика се закл'учаваат нашите нестреки, а следствено и причината за оддел'аiн'е на нашите интереси од бугарцките, па и причината на оддел'аiн'ето ва македонците овде во македонцко другарство.
Тоа оддел'аiн'е си имат и друзи причини, а имено, употребуаiн'ето на нашите умствени сили на изучааiн'ето на себе, како членои на iедна таткоина и iеден народ. За да се достигнит таiа цел'а, требит да се состаит оддел'но другарсгво од лица, за коiи изучааiн'ето на Македониiа во етнографцки, географцки и исторвiцки одчос имат првостепен значаi; а таквиiа лица сме ниiе македонците.
За да се достигнит таiа цел'а, ниiе требит да се одделиме од друзите балканци народи и самостоiно и критично да погледаме на сами себе и нашите интереси, како и на балканцките народи и нивните интереси. Постапуаiки така, ниiе ке се ослободиме од грешките, шчо и праат друзите балканцки народи.
За да бидит по iасна ползата от таквоа оддел'уаiн'е наше од друзите народи, доста iет iеден критичен поглед на работеiн'ето на тукашните студентцки другарства: бугарцкото и србцкото.
Бугарцките студенти имаат големи претенции да сет предстаители на наi ноите течеiн'а на чоечката мисла. За ниф немат никаков значаi национализмот, коi шчо се броiит за нешчо, шчо имат одживеiано своiот век. Они сет интернационалисти. Они сет наi напред луг'е, па после, ако им останит за тоа време, сет бугари. За ниф чоечеството имат по голем значаi од Бугариiа, а за тоа поеке интересуваат ниф Швеiцариiа, Соiединените С. - Американцки Држаи и нивната историiа, отколку Бугариiа со неiните национални интереси. Бугарцката младеж овде употребуат сите своiи сили и стредства, да се покажит напредничаа т. е. социалистична: долги и безмислени речи, долги коси, и убао исчешл'ана брада, првена или сиiн'а руска кошул'а и пр. Со национални прашаiн'а не се заниваат и со голема досада слушаат реферати на тема по етнографиiата, па и по каква и да бидит друга наука, осим политичната економиiа. Но за то секоi считат своi долг да критвкуат с шчо ке му се попаднит. Со научни прашаiн'а не л'убат да се занимаваат, но за то сет убаи организатори : можат да устроiаваат лотариiи, да пропагандираат некоiа работа, да устроiат некоiа вечеринка со благотворна цел'а, без да му гледаат многу многу, оти со неiа ке оскандал'ат и себе и бидното поколеiн'е од бугарцки студенти во Петроград. У опшче они сет готои да се занимаваат со работи, шчо бараат малу труд, но зато даваат голема попул'арност и самомнеiн'е. Македониiа iа признаваат за бугарцка во етнографцки однос, но мисл'ат, да iет излишно да си арчат силите за да научат нешчо за таiа страна, за тоа, нишчо не знаiат за неiа, ни од историiата, ни од географиiата и етнографиiата неiна, осим да имат тамо чети и востааiн'е, на коiе требит да се помогнит само со лотариiи, и не со сами себе. Тоа платоническо и само платоническо и евтино сочувство кон македонците, тоа неразбираiн'е на националните интереси, тоа отсутство на национал'ни идеали и таiа жажда од попул'арност со приврзаност кон социализмот, iет отражеiн'е на дуовното состоiаiн'е на бугарцкиiот народ и негоото обшчество. Оттука многу iасно се видит, до колку бугарите не сет во стаiн'е да бранат не само нашите, но и собствените интереси.
Србцките студенти праат совршено друг и проти-оположен упечаток од бугарцките. Србите не сет интернационалисти, а сите буквално, без разлика, дали iет некоi от Србиiа, Босна, Ерцегоина, или Црна Гора, сите сет националисти. Они знаiат, да сет они прво срби, а после л'уг'е. Секоi знаiит и се интересуат со србството разместено во разни земiи. Они знаiат нивната историiа и историiата на саседанте народи и земiи. Они се интересуваат сите главно со културно-историiцките науки и изучаваат. Изучаваат како стредство за достигаiн е србцки национални цели. Со цел'а да зашчитат србцките интереси пред русите, они преводат или состауваат на руски книги со историцко содржаiн'е. Таков утилитарен, тенденциозен и спекул'ативен однос кон науката не iет за одобруаiн'е и iет причина и резултат на национален шовинизм, но последниiот iет резултат на тиiа историiцки прилики, во коiи попадна србството, особено после Берлинцкиiот догоор. Србите можиме да обвинуаме во шовинизм; но они не сет по големи шовинисти од бугарите Србите сет националисти, со арно сознаiани народни идеали и интереси, коiи шчо, со труд, наука, перо и дипломатиiа, сите, како iеден чоек, одат по iеден обшч за сите пат, и за тоа одржуваат победи над бугарите на секоi рачкор. Србите сет шовинисти; они сет отчаiани во борбата со своiите неприiатели за зашчита на нивните национални интереси. Но, ако порамниме србцкиiот шовинизм со бугарцкиiот национален индиферентизм и и разгледаме од македонцко па и од обшче чоечко гледишче, то ке требит да признаiиме, да србцкиiот шовинизм, како резултат на основно изучените народни интереси, стоiит много по високо и много по горе од бугарцкиiот национален индиферентизм, коi iет резултат на отсатствиiе на секоiе разбираiн'е на бугарцките државни интереси. Во тоа време, кога србите од крал'от и министрите до последниiот србцки амалин сет националисти и наог'аат за нужно сите да се сплотат во iедно, за да достигнат со обшчи сили народните идеали, бугарите се цепат на социалисти и секакви друзи — исти, коiи наi малу сакаат да: оправдаат послоицата, да соiединеiн'ето праит силата. — Туку с тоа iет резултат на политичната зрелост на народот: србите во течеiн'ето на цел век изработуваат националните идеали и изучуваат националните интереси, а пак бугарите го праат тоа само во 1/4 век.
Како и да iет, но одделеiн'ето наше од бугарите ке ни даiит возможност критично да се односуаме кон бугарцките работи, а не слепо да и копираме, и да насадуаме во Македониiа, на место национализм, социализм, како шчо го праела тоа натрешната македонцка револ'уциiна организациiа. Значит оддел'уаiн'ето на нашите интереси од бугарцките, покраi другото, ке не избиiат от положеiн'ето, како маiмуни да копираме бугарцките неомислени постапоци, и на вера да приiимаме бугарцките увереiн'а, да iет Бугариiа нашата арнотворка, а Русиiа нашиiот наi голем неприiател; оно ке развиiет во нас критичен однос кон нашите и туг'и постапоци.
А од тоа одваi ли можит да имат по големо оправдаiн'е на сашчестауаiн'ето и програмата на нашето другарство. Ако iет така, то не ни остаат нишчо друго, осим да му се помолиме на Господ, да умножит македонцки другарства, подобни на Петроградцкото — „Св. Климент" на секаде, каi шчо живеiат македонци.
*) Прочетено на II-та седница на Петроградцкото Македонцко научно-литературно Другарство „Св. Климент“ на 28-и Септ. 1903 г.