Macedonium
Македониум.орг
Историја
Религија
Архитектура
Култура
Етимологија
Етнологија
Пропаганда
Новости
За Македонија
Македонизам
Анкета
Македониум прашува
Што сакате да читате на Македониум?






Вкупно гласови : 9246
резултати
Македониум музика
Благодарност до Синтезис и Bagi communications

Време
Времето во Д. Капија
Времето во Скопје
Времето во Битола
Календар на настани
Пропаганда > Верски пропаганди > Католичка пропаганда
Мисионерска пост-хуманост
Сподели на Facebook

Но кога Солунските атентати се завршени а атентаторите најголем број ликвидирани и започнале крвавите репресии врз Македонците, мисионерите пак се јавиле.

Се разбира како “добротвори и помагатели” на настраданото население. При тоа вршат противпропаганда преку осудување на атентаторите префрлајќи им ја несреќата на народот од нивните акции. Ги нарекуваат “разбојници кои не се стеснуваат да вршат злосторства, убиства и палежи“, при што разбојниците кои и навистина ги прават тие работи – властите не ги спомнуваат.
Сепак пораката на македонските револуционери ја примиле, па и самите бележат дека атентаторите имале за цел “Европа да ја постават пред дилемата: ИЛИ СЛОБОДА ЗА МАКЕДОНИЈА ИЛИ БУНТОВИ КОИ НЕМА ДА СЕ ОГРАНИЧАТ САМО НА МАКЕДОНИЈА“ .


Слично и Битолските Лазаристи за време на Илинденското востание се под заштита на западните конзули а по задушувањето, тргнале во хуманитарна мисија да помагаат и тоа најпрвин на ранетите турски војници донесени во Битола. (Аnnales de la congregation de la mission – Lazaristes, Paris [ 1858 – 1914 ], vol. LXIX , 1904, стр. 276-279)

Но Битолските Лазаристи не се задржале само на турските војници но и во оклните муслимански битолски села, помагајќи му само на муслиманското население. Дури по целосната ликвидација и на последните востанички акции и во најодалечените краеви на Македонија, кога и Европските сили почнале со поголема помош на Македонците, мисионерите започнале со помош на настраданите македонски села. Првин старешинката на женската мисија Виолета а по неа и сестра Марта одат во Лерин да помагаат на седумдесетина села и по нив во Леринско и Костурско доаѓаат и други мисионери. (Lettre Revue de l, Oeuvre des ecoles d, Orient-Paris. Sept. 1903,стр. 146).

Но интересно е дека додека Турците и муслиманите ги лечат сите, кај македонскиот народ се помага само на жените и децата, а мажите изгледа се сметани како она предходното “разбојници” кои ги предизвикале сите тие страдања. За лекување на Турците и македонските жени и деца биле создавани привремени амбуланти – лазарети. Дури многу подоцна почнуваат да примат и македонско машко население.
Нешто поширока во ова своја мисија се покажала Католичката болница во Битола во која до 17 септември 1903 год. , минале меѓу 25 000 и 30 000 болни и ранети (според - Аnnales de la congregation de la mission – Lazaristes, Paris [ 1858 – 1914 ] , vol. LXIX , 1904, стр. 408).
Протестанските мисионери пак, се наслонуваат на собирање парични средства ширум светот и од разните нивни добротвори и друштва, а во име на страдањето на Македонците и другите во востанието, од што и распределувале во Македонија, главно во Охридско, Битолско и Преспанско (Аnnales de la congregation de la mission – Lazaristes, Paris [ 1858 – 1914 ] , vol. LXIX , 1904, стр. 181).

Сподели на Facebook | << Назад | Најгоре

Овој наслов е прочитан 4665 пати
Просечна оцена од посетителите
 
Оцена:




 
Запиши
Коментар:

 

четврток, 03 октомври 2024
Моментно посетители: 39

Македонија низ фотографии

Галерии: 1 | 2 | 3 | 4 | 5 | 6 | 7 | 8 | 9 | 10 | 11 | 12 | 13 | 14 | 15 | 16  (нова)
Дали знаевте дека...
 Воената секира и Македонците
--------------------------------
 Воениот плен кај Македонците
--------------------------------
 Крстот на кој е распнат Исус, низ Македонија
--------------------------------
 Јасриб – е првичното име на Медина
--------------------------------
 Најпознатото Асеманово евангелие од Македонија
--------------------------------
Дневни случувања
 Тауресиум ќе се презентира пред јавност
 Под македонското сонце во Прага
 Архитектурата од 4 до 6 век на виделина
 Ова не е Танец, ова е чудо од Македонија!
 Инаугуриран четвртиот македонски претседател

Македонски времеплов
Март
Април
Мај
Јуни
Јули
Август
Февруари
Септември
Октомври
Ноември
Јануари
Декември
 
Copyright Macedonium | © 2007-2008 Број на посетители: