Во Јапонскиот парламент – “Лига за Македонија”

Во Парламентот на Јапонија во Долниот дом, веќе одамна постои посебна парламентарна група со назив “Лига за Македонија“.



Парламентот на Јапонија

Нејзината бројност е различна во зависност од составите но никогаш не е под десет пратеници, а мисијата и е постојано иста – помош на Република Македонија и македонскиот народ во сите сегменти на општественото живеење.

Стотиците милиони евра вложени кај нас, постојаната помош од апаратури, водоводи, здравствени установи, материјали, безвизниот режим со Јапонија и целата подршка на Р.Македонија на наша жалост најмалку е дело на наши политичари но токму на оваа Јапонска парламентарна група. Којзнае уште колку помош би примиле да не е нашата класична импровизација и недоследност како во големиот проект со хидросистемот Злетовица вреден близу сто милиони евра, а целосно финансиран од Јапонија.