Етимологијата на имињата – како бугарски “факт”
Кога од бугарските пропагандисти ќе побарате по првичната нивна логика и албанските дејци во Софија, да ги прогласат за “Б`лгари” тие ја напуштаат “собирната” логика и одат на нова – “етимолошка”.
Велат дека можеби е тоа така НО, Албанците имаат јасна национална етимологија во албанските имиња и презимиња додека македонските се “бугарски”?!
Оваа нова бугарска мудролија, мора пак преку албанските дејци да им се разбие (камо ли со имињата од Руси, Чеси, Полјаци, и.т.н не-“Бугари” !?). Така:
• еден од најзначајните албански дејци за албанскиот политички, национален и културен препород е Анастасиос Кулуриотис (1822 – 1887 год). Роден е во Атина со “грчко” име и презиме, а што не го спречило пак да работи на албанската национална кауза.
• тој во Атина го издава неделникот “И фони тис Алаваниас“ (“Глас на Албанија“) од 1879-1880 год.,на грчки и албански (со грчки алфабет) под мотото “Сакаме обединета и независна Албанија. Бараме единство и самоуправа во Албанија“.
Албански дејци од XIX век во Атина со грчки етимолошки имиња што не ги спречи да работат на својата албанска кауза
• Кулуриотис во 1882 год. ги објавува букварот и читанката насловени со симболичното “Млеко за доенци” (“Klumesht per foshnja”).
• Сака да регистрира партија на Албанците во Грција, а бара и отварање училишта на албански јазик. НО нападнат е од грчкиот печат и властите па бега во Албанија. Таму на инсистирање од грчкиот конзул уапсен е од турските власти и предаден на Грција и умира во атинскиот затвор.
(“ALBANIEN Vom Mittelalter bis zur Gegenwart” Peter Bartl, Rogensburg,1995,стр. 159)
ДРУГИ ФАКТИ - Патот од овој албански деец во Грција, е најдобар за компарација со македонските дејци во Бугарија, Србија или Грција. Така:
- се дури Кулуриотис пишува за Албанија “ТЕРИТОРИЈАЛНО”, не е напаѓан на Грција и одговара да има вриеж во Албанија, како најблиска држава таа би чекала своја корист од тоа. Затоа и не му ги забрануваат книгите кои ги будат Албанците за општо востание и рушење на тамошната турска власт.
- НО кога почнува да работи НАЦИОНАЛНО па бара посебна партија на Албанците во Грција, посебни училишта на албански јазик во Грција и да работи пожестоко на национален план, тој е уапсен дури и во родната Албанија. Умира во атински затвор сеедно што носи “грчко име”.
- многу Албанци се принудени да работат на навидум културолошки, територијални теми, а за да ги затскријат националните кои во Албанија под Турците не можат ниту толку.
Во Софија големиот број имигранти од турскиот јарем во Македонија создава свои македонски братства и друштва уште од XIX век
- Колку Македонци дејци може да препознаеме во овој начин на делување кога се прикриваат во Белград, Софија или Атина? Создаваат братства со имиња на градовите од кои потекнуваат, друштва, весници со имињата на татковината. Се дури пишуваат “територијално” се само под присмотра.
- Кога поотворено ја пропагираат македонската национална свест, се случуваат убиства, предавства, забрани на весници, заседи од Турците во Македонија и сл. Не сите ја имаат силата на ударот како Сандански, кој не малку бугарски пропагандисти ликвидира. Но дури и тој е ликвидиран.
- Како може пак да се одбрани еден Мисирков по наредбата од Александров за ликвидација на семејството ако не го направи наложеното (да пишува што му наложуваат)?! Како можеле помалку знајни дејци, а по масовните ликвидации на се што изразило македонска национална свест, не само во Бугарија но дури и во Виена и низ европските столнини?
|