Наумакија – македонска поморска вештачка битка

Наумакија (од наус=брод и махи=битка) е вештачка битка на вода со вистинска или симултана употреба на оружја познати уште во XII век п.н.е во стариот Египет што се огледа од прикази на гробница во Ал Гиси.



Македонскиот адмирал Неарх со македонската флота по воден пат ги враќа трупите од Индија

Но вистинската смисла и име се добива по македонското античко поморство кое Александар Македонски го воздигнува во приоритет. Македонците не биле поморци до Александар, напротив се врвни војници за борба на копно и висини, но освојувањата нужно го наложиле развојот на поморството. И ако Грците (тогаш Хелени) и другите народи на море и немале потреби за градби на посебни мини акомулации за да представат поморски битки, Македонците почнале да ги градат. Се врши обука на кадри а за предстојни битки на море се изведувале симулации на замислени и поминати битки. Македонскиот адмирал Неарх покрај успешните битки на море, со македонската флота ќе го изведе првото враќање на трупите од Индија по морски пат.


Октавијан Август најзаслужен за развојот на наумакијата кај Римјаните

Наумакијата претставувала место или зграда каде се тие изведувани. Од Римјаните Јулије Цезар во 46 год. н.е ја организира првата наумакија. Наумакијата стекнува голема популарност во Рим откога Октавијан Август ископува огромен амфитеатар во кој доведува вода од каналите на езерото Алсиетинус (денес Мартињано – Lago di Martignano). Една од првите претстави во него е приказот на битката кај Саламина, а најпозната наумакија прикажана е во 52 год. н.е под Клаудиј кога учествуваат 19 000 изведувачи на Фучинско езеро (Lago Fucino).

За наумакијата кај Римјаните постојат многу повеќе зачувани записи покрај временската близина одошто кај Македонците, покрај другото и затоа што Римјаните ги изведувале со вистински сјај и негрижа за човечките животи. Додека кај Македонците се водела грижа за секој припадник на посадата и целта е да се истиот обучи, кај Римјаните посадите на бродовите се од гладијатори, затвореници, робови и криминалци осудени на смрт. Додека кај Македонците е целта обука кај Римјаните е повеќе вид на забава.