Британците за македонската посебност
По заседанието на АВНОЈ од 29-30 ноември 1943 г и одлуките произлезени од таму, за нив особена загриженост предизвикува одлуката за создавање на Титова Југославија, во која се предвидувале шест републики од автохтоните народи кои во нив живеат.
- Особено вознемирувачка била одлуката за новата република Македонија, зашто се загрозувале британските интереси во Грција и извесниот судир меѓу Македонците и Грците заради Егејска Македонија и Солун (нешто што подоцна се случува). Со ова се загрозувале и останатите стратешки интереси на Велика Британија вложени во нивниот штитеник Грција.
- Заради ова веднаш по информациите за одлуките од АВНОЈ, на крајот од 1943 год и почетокот на 1944 год.,повеќе тела на британското Министерство за надворешни работи добиваат директиви за итно проучување на целокупните историски процеси на македонското национално прашање.
- Од сето тоа требало да се изготви посебен Елаборат од кој би се запознавале сите останати фактори на државата, за да знаат како да се постават при одредени ситуации при идно решавање на ова прашање.
- Еден месец по информацијата за статусот на Македонија како рамноправна федерална единица од Југославија, на 20 јануари 1944 год. британскиот министер за надворешни работи Антони Идн добива документ за Македонија, а преку нивниот амбасадор при југословенската емигрантска влада Ралф Стивенсон. Овој документ го изработило Политичко известителниот центар за Средниот исток.
Министерот за надворешни работи на Британија Антони Идн (првиот од лево, над Черчил) добива изработен документ за македонското прашање од Политичко известителниот центар за Средниот исток
- Овој документ ги запознавал Британците со историјата на Македонија но од “доселувањето на Словените ”натаму, запознавал со завладувачките интереси на балканските земји кон Македонија, ТМОРО и повиците “Македонија на Македонците”, пропагандите на балканските земји и војните кои произлегле од истите и меѓусебната поделба на Македонија.
|