Грижата и дарежливоста на Александар

Покрај тоа што Александар Македонски бил успешен оратор кога се во прашање неговите фаланги и знаел постојано да ги храбри, тој знаел и богато да ги награди и да се грижи за нив.


По победите со Персија тој многу свои војници и офицери ги одликува со златни одличја. Но тој дал и многу златници за ранетите, како и за поставување на 25 статуи на загинати борци од македонската коњичка гарда по битката кај Граник.

Денес се чуваат во бројни музеи ширум светот одликувања доделувани од Александар кон своите војници, од злато и сребро. Дури и во Бучини, кај безимена населба Крушевица кај Врање, пронајдени се убави сребрени медаљи, носени на парадните оклопи од страна на високите офицери на гардата на војсководецот.