Докажувањето на младите Македонци од антиката

Ловот за Македонците во античка Македонија покрај економското имал и едукативно значење.Младите Македонци токму во ловот ја изградувале борбената вештина и се здобивале со цврстина, итрина, снаодливост и упорност


Како што сопштуваат најпознатите историчари од антиката, Македонецот колку и да бил од благородничко потекло, додека не фател диво животно без мрежа, на гозбите морал да седи, т.е не можел да гозбува лежечки како оние кои веќе се докажале како мажи.

Затоа оваа вештина посебно се изучувала и извежбувала уште од помали нозе а подоцна кога значајно се проширила империјата се дресирале и посебни кучиња гоничи.Ова ќе каже дека ловот останал најголема страст на Македонците.


Младите Македонци ги учат вештините на ловот