”Лустрација” на македонската античка војска

На шестиот месец од македонскиот антички календар, кој пак се паѓал на пролет во месецот кај нив наречен “Xandikos”(март), се вршела масовна лустрација (“прочистување”) на македонската војска на чело со својот крал


Но подоцна заради честите војни овој ритуал е правен и пред секоја битка.

Најподробен опис на овој чин дале Куртиј Руф ( X, 9, 11-12) по смртта на Александар во 323 год.п.н.е и во 182 год.п.н.е Т. Ливиј (XL, 6), но описи на овој чин даваат и други антички автори.

Овој ритуален чин на Македонците е од најстарите денови под првите свои државни творби и војски.Ритуалот се изведувал пред тргање во битка и со него се вршело очистување од лошите духови кои носеле несреќа и заштита од заштитните духови кои носеле победа и среќа.

Обредот на лустрација досега е посведочен само кај Македонците и Хетите и кај ниеден друг антички народ. Но само кај Македонците и кај ниеден друг народ е изразен преку војничкиот карактер на божицата Ма која е со придружник – куче.

Имено токму кучето е жртвата при овој ритуал како врска со богот на војната.Кучето-жртва (sacrificia canina) е сечено на две половина кои се раздалечувани една на еден крај а другата на друг паралелен крај. Потоа тргнувал прв кралот а по него целата македонска војска, ритуално поминувале низ просторот помеѓу двете исечени кучешки половини.Со ова се сметала македонската војска прочистена и спремна за битки.