Најголема археолошка акција со светот
Во 2007 година лето-есен на “Плаошник” во археолошките истражувачки работи вкупно работеа 440 луѓе што е најголема и поединечна археолошка акција на светот.
Имено толкав број на луѓе истовремено на еден локалитет не биле досега никаде и никогаш ангажирани. Дури и надалеку чуениот Шлиман кој ја пронајде Троја работел со 156 луѓе.
Но и Македонија како земја во моментов е најголемата воопшто случена археолошка акција. Имено истовремено додека на Плаошник работеа овие 440 луѓе и на Скопско Кале работеа 380 луѓе а ако на ова се додадат и оние кои деноноќно работат на Стоби, Аударист, Делчево, Бонче и др. тогаш значи дека преку 1000 луѓе се ангажирани на археолошки истражувања.
За земја како Македонија со само два милиони луѓе, ова ја стави веднаш со вкупниот број ангажирани луѓе као најголема позната археолошка акција во светот. Има и зошто има и со кого, најголемиот археолог и нашиот македонски “Шлиман”, раководителот на сите овие акции и историски откритија – Г-нот Паско Кузман.
|