Александриската библиотека
Александриската библиотека покрај светилникот Фарос, била најголемото чудо на Александрија.
Денес од легендарната библиотека е сочувана само една влажна и заборавена визба т.н.р “Серапеум”, некогашен анекс на библиотеката, кој во почетокот бил храм а потоа ја променил својата намена во служба на знаењето.
Библиотеката ја основа Птоломеј I Сотер, син на Лаг, прв владетел на Египет и генерал од армијата на Александар Македонски, роден во 367 год. п.н.е . Од 323 год. п.н.е е гувернер на Египет и Либија а од 305 год. п.н.е владее како крал (биографијата во Енциклопедија-Enkarta, наслов-Ptolemy I). Библиотеката од формирањето во III век п.н.е, е во функција до разорувањето - седум векови подоцна. Таа е мозаик и срце на антиката, библиотекарите ги прелистувале сите култури и јазици во светот а ги праќале и соработниците по тогашниот свет за да откупуваат книги.
Трговските бродови кои пристигнувале во Александрија, детално биле прегледувани но не поради шверц но поради книги. Александриската библиотека е и најголемиот издавачки центар каде се позајмувале, препишувале рачно и преведувале книгите а потоа и им се враќале на сопствениците.
Иако денес точно не се знае колку имала книги оваа библиотека, на основ некои наоди,се претпоставува дека содржела околу половина милион папирусни примероци од дела испишани на рака. Изгорела во 415 год н.е во чудни околности, но трагите водат до тогашните Христијани (тука опширно за пожарот).
|