Македонци – прогласени за херои на Нирнберг

Ѕвонко Томески и Владимир Кочовски од Противпожарната бригада на Скопје, се прогласени за херои на Нирнберг – Германија, кога на посебна церемонија добија сертификат за храброст и прогласување за почесни членови на Противпожарната бригада на Нирнберг.


- Вакви церемонии на прогласување почесни членови, градот Нирнберг организира уште од средината на XIX век. Признанијата им ги врачил Командантот на Нирнбершката бригада Фолкер Скрок.

- Ова за двајцата Македонци се организира по повод подвигот, кога спасија човечки животи и материјални штети по околината за што голем интерес покажаа најтиражните Нирнбершки и Германски весници.

- Двајцата Македонци беа испратени на дво-неделен од (01 – 14 јули 2007 год.) престој кај колегите од Германија во размената на искуства меѓу збратимените градови Скопје и Нирнберг. Биле ангажирани во редовна сменска работа.

- При една смена со Владимир кога им стигнала пријава за пожар во автолакерска работилница заедно со другите колеги отишле да го гасат пожарот. Работилницата од дрво целата била во пламен и додека Германските колеги се обидувале однадвор да го гасат пожарот Ѕвонко и Владимир без многу размислување се уфрлиле внатре – во оганот. Работилницата полна со оксигенски боци на кислород и ацетилен кои можеле да експлодираат и предизвикаат огромни материјални штети но и човечки жртви. Двајцата Македонци успеале да извадат 4 такви пред да усвитат до експлодирање, што се оценило за херојско дело.