Македонскиот крал-бебе на бојното поле

Филип I кралот на Македонците, кој владеел околу 600 год. п.н.е во текот на една битка со Илирите, загинал на бојното поле.


.Македонците имале прастара трaдиција, кралот да биде во првите борбени редови и да се бори како и секој друг и тоа така останува до крајот на македонската империја.

Токму заради тоа овој закон немал право никој да го прекрши, па кога Филип I загинуав во битката, Македонците под оружје (советниците на кралот) носат брза одлука.

Го носат неколку месечното бебе син на Филип I, а иден крал на Македонија - Аероп I, поставувајќи го во лулка зад борбената линија но така за да го гледаат Македонците кои се бијат.

Во текот на повторниот напад од Илирите, Македонците гледајќи го својот крал иако бебе и во лулашка, поттикнати од оваа своја исконска традиција, се втурнале давајќи се од себе за победата. Така и се случило да победат додека Аероп и неговата мајка Никоноа, со страв го исчекувале исходот.