Први жртви на II Светска војна - Македонците

28 октомври 1940 год. фашистичка Италија од Албанија ја напаѓа Грција. Но и Грците немаа помалку фашистички режим со Метаксас на чело, особено кон не-Грците по род како оние од македонскиот народ.


Метаксас апси масовно Македонци и ги депортира од родните огништа населувајќи ги во најјужните краеви. Ова Грција го правда како мерка за претпазливост од шпионажа во корист на Италијанците, всушност користејќи го мигот за да си го “исчисти дворот”.

Од нив околу 2 000 се најистакнати членови на ВМРО (Обединета) и КПГ. Да биде трагикомедијата на чинот потполна истата Грција истиот миг врши и мобилизација на остатокот од Македонците од Егејска Македонија за да ја бранат Грција (?!)

Целокупниот резервен состав мобилизиран при ова е од Македонци и е веднаш упатен на првите линии и во најтешките судири. Грција и во такви мигови мисли на “чистење” на својата територија од автохтоните жители на Егејска Македонија.

Од вкупно загинатите во оваа Грчко-Италијанска војна до нападот од 06 април 1941 год. од страна на Германија врз Грција, гинат 12 000 Грчки војници. Од нив повеќе од 5 000 се Македонци, што е безмалу половина од загинатите и тоа во првите борбени линии и мигови.

Ако се додадат и загинатите Македонци од бомбардирањето на Битола од страна на Италија на 05. XI.1940 год., кое наводно било “по грешка”, ќе се увиди дека македонскиот народ и во оваа војна на Балканот по I светска и двете Балкански, пак е – прва жртва.

За заслугите при одбраната на Грција, подоцна македонскиот народ ќе биде и вистински “исчистен”,тероризиран, преселуван, емигриран а она што ќе остане ќе живее во своевиден логор со децении, во “Елиники Демократија”.

Со ова македонскиот народ покрај што е првата жртва на фашизмот од Балканот, тој е и првата жртва на “ослободувањето” од фашизмот, зашто размерите на неговиот ништеж ни оддалеку не можеа да се мерат со Германско-Италијанскиот напад и власт од II светска војна.