Св. мчка Тесалоникија со Авкт и Таврион
Оваа девица била ќерка на некој идолски гаталец Клеон, човек богат и лош. Заради верата во Христа, татко ‘и ја истерал од домот и од градот.
Двајца чесни граќани, Авкт и Таврион, го укориле Клеона заради нечовечкото однесување кон својата ќерка, заради што тој ги оптужил како христијани. Тие биле луто мачени и за Христа убиени. Потоа Тесалоникија била мачена и убиена. Пострадале во Македонскиот град Амфипол, кај сегашна Кавала. И така, овие маченици со удостоиле за бесмртното царство со своето чесно страдање.
|