Преп. Теофил исповедник
По потекло Македонец, некаде од Струмица.
Млад се замонашил и основал свој манастир. Многу пострадал за иконите во времето на царот Лав Исавријанец и тогаш ќе загинел да не успеал да го убеди кнезот Ипатик, својот судија, во основаноста и потребата од иконопочитување. Кнезот го пуштил на слобода и тој се вратил во својот манастир каде што мирно го завршил својот живот во 716 година и се преселил во радоста на својот Господ.
|