Св. мчци: Македониј, Татијан и Теодул

Пострадале за Христа Господа во времето на Јулијан богоотстапникот, а во местото Мероса Фригиска.


За разурнувањето на статуата на некој идол биле луто мачени и на железна леса биле печени сé додека душите свои на Бога не ги предале. Кога гореле во огнот, овие храбри мажи му довикувале на мачителот потсмевајќи му се: 'Нема ли да пробаш од нашето месо, дали е добро печено?" И уште зборувале, како и славниот архиѓакон Лаврентиј: 'Сврти нé на другата страна, оти оваа едната е печена!" Гледајќи и слушајќи ги св. маченици на огнот, мачителот бил повеќе збунет и уплашен отколку самите тие.