Св. мччка Васса со деца: Теогниј, Агапиј и Пист

Васса му била жена на некој идолски гатач, но таа била тајна христијанка.


Своите синови ги воспитала во христијански дух. Самиот маж ја намразил поради верата и му ја предал на судијата на мачење заедно со синовите. После острите маки, нејзините синови биле со меч исечени (се мисли во Едеса, во Македонија). Васса била радосна што ги видела своите синови како чесно го завршиле својот маченички подвиг за Христа и самата со уште поголема волја пошла од мака на мака. Кога ја фрлиле во морето, ангели се појавиле и ја одвеле до еден остров во Мраморното море каде што била со меч исечена, во времето на Максимијан. Така св. Васса двојно се удостоила со царството Христово, и како маченичка, и како мајка на маченици.