Св. ап. Матиј

Родум е од Витлеем, од племето Јудино. Се учел кај св. Симеон Богопримецот во Ерусалим.


Кога Господ излегол на проповед за Царството Божјо, тогаш и Матиј се придружил кон оние кои Го љубеле Господа, оти и самиот тој со сето срце Го љубел, со наслада зборовите Негови ги слушал и делата Негови ги гледал. Во почетокот Матиј бил вброен во седумдесетте помали ученици Христови, но по Воскресението на Господа, бидејќи местото на Јуда предавникот било испразнето, апостолите со ждрепка го избрале Матиј на местото Јудино за еден од Дванаесетте големи апостоли (Дела 1:23). Примајќи Го Духот Свет на Педесетницата, Матиј пошол на проповедување на Евангелието и проповедал прво во Јудеја, потоа во Етиопија, каде што претрпел големи маки заради Христа.

Се мисли дека проповедал и по Македонија каде што сакале да го ослепат, но тој постанал невидлив за своите мачители и така ја избегнал опасноста. Бидејќи бил во самица, Господ му се јавил, го закрепил и го ослободил. Најпосле се вратил на работа повторно во Јудеја. Тука бил обвинет и на суд изведен пред првосвештеникот Анан, пред кого тој неустрашливо сведочел за Христа. Анан, оној истиот Анан кој пред тоа го убил апостолот Јаков, го осудил Матија на смрт. Тогаш го извеле св. Матиј и го убиле со камења, а потоа со секира му ја пресекле главата (ова било римски начин на убивање на осудените, а лицемерните Евреи го примениле егон над мртов човек за да им покажат на Римајните како убиениот бил и римски противник). Така завршил овој голем апостол Христов и се вселил во радоста вечна на својот Господ.