Св. Ап. Сила, Силуан, Крискент, Епенет и Андроник

Сите се од седумдесетте апостоли. Св. Сила бил испратен од Ерусалим во Антиохија со Павле и Варнава, за таму да го решат спорот меѓу верните, односно обрезувањето, имено дека не треба да се обрезуваат незнабожците кога преминуваат во христијанството (Дела 15:22).


Потоа Сила патувал со Павле по Азија и Македонија и бил поставен за епископ во Коринт, каде што мирно завршил. Силуан им помагал на двајцата врховни апостоли (И Петр. 5:12; II Кор. 1:19). Како епископ во Солун многу се потрудил, многу настрадал додека земниот живот не го заменил со небесен. Крискент му бил сотрудник на ап. Павле (II Тим. 4:10), потоа епископ во Галатија, па мисионер во Галија (Франција), каде што маченички завршил за Христа во времето Трајаново. Свети Епенет, спомнат од апостол Павле (Рим. 16:5), бил епископ во Картагена. Андроник (Рим. 16:7) епископ на Панонија, се споменува посебно на 17 мај.