Преп. Павле Ксиропотамски

Син на царот Михаил Куропалат. Со блескавото образование, со ретката мудрост и воедно со кроткоста, Прокопиј, како што прво се викал, бил во своите младински години предмет на восхитување на целиот Цариград.


Во една повелба царот Роман Постариот го нарекува 'најголем од сите филозофи”. Но плашејќи се душата да не му се погордее и да не пропадне заради човечката слава, ова прекрасно момче се облекло еден ден во просјачки алишта и дошло во Света Гора, каде што примило монашки чин од познатиот светител Козма.

После долгите осаменички подвизи тој го обновил ксиропотамскиот манастир, а малку потоа изградил нов манастир, СветоПавловскиот, каде што во старост и умрел. Кога тој манастир се осветувал, царот Роман испратил на дар голем дел од Чесниот Крст, кој и до денес таму се чува. За овој светител се зборува, дека го проповедал Евангелието во Македонија и во Србија. Претрпел многу маки од злобниот цар Лав Ерменецот, иконоборецот и се упокоил во 820 година.

Пред својата смрт, Св. Павле им рекол на браќата: 'Еве, дојде часот што мојата душа секогаш го сакала и од кој телото мое секогаш се плашело”.