Кога на Пасикрат му пристапил неговиот брат, Папијан, кој отстапил од Христа од страв, и почнал да го наговара да се одрече од Христа и да остане жив, св. Пасикрат му одговорил: 'Оди си од мене, ти не си ми брат!" Пасикрат и Валентион заедно биле исечени. Свети Јулиј на судот рекол: 'Јас сум ветеран, 26 години верно му служев на царот, па кога досега сум му бил верен на понискиот како сега да не му бидам верен на повисокиот?" т.е. на Царот небесен.
По тоа Никандар бил изведен пред префектот Максим. Жената на Никандар го охрабрувала да погине за Христа. 'Глупава бабо, ‘и рекол налутено Максим, тебе ти е дојдено до подобар маж!" Жената му одговорила: 'Ако ти така мислиш за мене, нареди мене да ме погубат пред мојот маж!" Со Никандар погинал и Маркијан. Жената негова дошла на губилиштето, носејќи го синот на раце. Маркијан го бакнал својот син и се помолила на Бога: 'Господи семоќен, грижи се Ти за него!" Потоа биле обезглавени и преминале во царството Христово.
Св. Филарет вели дека сите овие маченици биле Македонци.