Втор вселенски собор

Во времето на царот Теодосиј Велики овој Собор бил свикан во 381 година во Цариград да го утврди православното учење за Светиот Дух, за Кого криво учел тогашниот патријарх Цариградски Македониј.


Овој духоборен патријарх учел декаа Светиот Дух е твар Божја, а не божествена ипостас рамна на ипостасот на Отецот и Синот, и еднобитна со Овие. Македониј бил осуден од соборот, а Никејскиот Символ на верата бил уште дополнет со учењето за Светиот Дух.