Св. Евстатиј архиеп. Антиохиски
Голем ревнител и заштитник на Православието.
Како таков на И Вселенски собор, каде учено и разложно го побивал Ариевото учење, со останатите свети отци, Евстатиј исповедал правилно дека Исус Христос како Син Божји е рамен на Отецот и на Светиот Дух, според божествената суштина.
По смртта на царот Константин, ариевците пак некако напреднале, та почнале остро да го гонат Православието. Св. Евстатиј бил симнат од својот престол и протеран прво во Тракија, а потоа во Македонија. Страдал многу и долго, додека најпосле не Му ја предал својата света душа на Бога во 345 година.
|