Поими за домашни предавници

Домашни соработници


“КВИСЛИНЗИ”

- Личностите и организациите кои се ставиле во служба на окупаторот на сопствена земја, го добиле ова име по ВИДКУН КВИСЛИНГ – норвешки офицер и политичар.

- Тој уште пред II Светска војна основа фашистичка партија и му се стави во целосна служба на германскиот окупатор на неговата родна Норвешка. И не само тоа тој стана и Претседател на марионетската норвешка влада која верно ќе и служи до крај на фашистичка Германија.

- И секаде низ Европа каде се појавиле вакви личности – предавници на своите татковини а во служба на целите од туѓинските окупаторски интереси, го добиваат називот – “КВИСЛИНЗИ”.

 “ПЕТЕНИСТИ“

- И ова е термин за домашни предавници кои се ставиле во служба на окупаторот. Името го добиле по францускиот маршал и политичар АНРИ ФИЛИП ПЕТЕН, кој по оставката на Пол Рено и распадот на француската војска, на 16 јуни 1940 год. ја презема должноста Министер-претседател и веднаш понудил капитулација, а на 22 јуни 1940 год. и ја потпишал.

- Секако и ова е исто со терминот “Квислинзи”, со таа разлика што Петен отпосле се стави во служба на Германија (по падот на Франција) за разлика од Вудкун Квислинг, кој од порано низ организирана форма работеше за падот на својата земја. Петен владееше и во божем неокупирана Франција со седиште во Виши. Да биде иронијата поголема токму истиот Петен претходно во I Светска војна беше херојот кој ја “спаси” Франција од Германија, на која во II Светска војна и се стави во служба (?!).

 “ПЕТОКОЛОНАШИ“

- Термин со кој се означуваат групи, организации и асоцијации чија субверзивна цел се владините и особено воено-безбедносните и сл. заштитни структури на државата во која самите живеат. Во денешни услови цел можат да им бидат и други многу значајни економско-социјални, медиумски, културни и сл. субјекти во државата.

- Терминот “ ПЕТТА КОЛОНА “го добиле по славната изјава на генералот Мола. Тој водејќи ги војските на Шпанскиот диктатор Франциско Франко кон Мадрид во октомври 1936 год., се движеше во четири колони и изјави дека внатре во Мадрид е петата колона која ќе удри од таму по седиштето на републиканската влада на Шпанија.

- Набргу по нападот врз Холандија и Франција од страна на Германија, овој термин е општопифатен и со него се означува сите групи и организации кои субверзивно дејствуваа во рамките на државите, во нивните вооружени сили, заднината, фабричките комплекси и сл. а се за сметка на окупаторите.

“БЕЛОГАРДЕЈЦИ“

- Термин повеќе врзан за припадници на старешинските структури од воено-безбедносните потенцијали на одредена земја, кои најдиректно и претходно се ставиле во служба на туѓи и окупаторски интереси. При падот на кралството Југославија во чиј состав беше Македонија вакви структури покрај од Русија имало и од разни ЈУ-националности а во служба на германските разузнавачи .

- Познат е примерот со капетанот Владимир Крен (Хрват), кој на 4 јануари 1941 год. три месеци пред нападот од Германија, со авион пребега во Грац-Австрија и им однесе на Гермниците доверливи шифри од Југословенската кралска војска за нивните аеродроми и планевите за одбрана (и на помошните аеродроми).

- Терминот “БЕЛОГАРДЕЈЦИ” е од истоимената Бела гарда на царска Русија, од која по Октомвриската револуција од 1917 год., делови целосно се ставија во служба на западните влади. Овие пак обилно ги финансираа и воено-материјално поддржуваа да се угуши од внатре новата власт и самите исплашени од можни револуции кај себе.

- Но истите Белогардејци во II светска војна пак се свртеа против истите западни влади кои и ги финансираа дотогаш и си најдоа нов финансиер многу позаинтересиран за нив сега – фашистичка Германија. Освен во самата Русија тие беа уфрлани и во Југославија каде беа насекаде распоредувани по потреба .

- Така од писмото на ЦК КПЈ до Комитетот на КИ од 5 март 1943 год. напишано во Грачац, кај Прозор (Фонд ЦК КПЈ-КИ, Рег. Бр. 1943 / 170031 / 400) се осознава дека во Србија на пример се наоѓа цел Руски заштитен корпус составен од 6 000 Белогардејци од кои 2 000 дојдени од Бугарија. Командант е некој Стефон а Началник на штабот Борис Гоцаров а дадени се и имињата на Командантите на полковите и линиите на распоред низ цела тогашна Југославија.

- Во историјатот на оваа единица стои дека е формирана од Германците уште во септември 1941 год. во Белград со јачина од првични 2 000 луѓе чиј број постојано јакнел па веќе во јануари 1942 год. е создаден Рускиот заштитен корпус. Целиот команден кадар особено вишиот е од бивши офицери на царска Русија, ставен под директна команда на Германскиот заповедник на Србија. Покрај учеството во борбите против единиците на НОВ и ПОЈ овие Белогардејци, се ангажирани и на обезбедување сообраќајници, рудници и сл. капацитети.

“ЦРНОКОШУЛАШИ”

- Ова е термина за организирани воени формации на фашистичките партиски одреди пред се од Италија. Имено нив прв ги формира Бенито Мусолини нивниот Дуче ( Водач ), нешто што подоцна и Хитлер со својата камарила ќе го следи.
- Терминот го добил името по бојата на униформите од кошулите на овие одреди – “ЦРНИ КОШУЛИ” ( “CAMICIE NERE” ).

“ФРАНКОВЦИ – УСТАШИ“

- Оваа се термини за припадници на Хрватската национална заедница ставана под интересите на туѓински национални пропаганди и потреби. Првиот термин “Франковци” е уште од распадот на Австро-Унгарија во 1918 год., кога некои Хрвати сеуште не веруваа дека може да се распадне оваа империја и до крај се држеа за неа. Тие не сакаа да станат Хрвати што им го нудеше новото кралство на Србите Хрватите и Словенците, особено што за прв пат Хрватите како владеачка нација со ова и официјално се издигаа (?!)

- Називот “Франковци” овие структури го добиваат по адвокатот Јосип Франк кој од 1896 год. ја предводи партијата наречена “Партија на правото” и која целосно се стави во служба на Виенскиот двор а против интересите на сопствена хрватска нација. Кога се распадна империјата, во октомври 1918 год. оваа партија навидум се расформира но веќе во декември по прогласувањето на новото кралство на СХС, се обновува сега како противник на обединувањето на Хрватска со другите ЈУ- земји.

- Под дејство на растечкиот фашизам во Италија и под инструкции од таму, кон крајот на 1928 год. приврзаниците на оваа партија формираа илегална профашистичка организација наречена – “Хрватски домобран”. Кон крајот од 1931 год., оваа организација го промени името во – “УСТАШИ – Хрватска револуционерна организација”.

- 1933 год. по доаѓањето на Хитлер на власт во Германија, таа паѓа пак под влијание на Германија и сега пак го сменува името во - “Хрватско усташко движење” на чело со Д-р Анте Павелиќ. Организацијата се определува за терористички методи и целосно се става во служба на фашизмот се до неговиот крај.

- Павелиќ од Италија носи во Хрватска околу 260 Усташи – емигранти формирани во бојна од шест сатнии ( чети) , околу кои како јадро се формирани останатите усташки воени организации, првин во полувојничка формација а по наредбата на Павелиќ од 10 мај 1941 год. и во војна формација наречена – “Усташка војница”.

- За нас, Македонците оваа е важно за да се увиди служењето кон туѓите интереси на одредени навидум “патритски” организации и особено што токму Павелеиќ и неговите Усташи тесно соработуваат за цело време со ВМРО на Ванчо Михајлов која по ист терк и исти налогодавачи ја играше негативната роља за македонскиот народ и историја. И ВМРО на Михајлов од истата Италија ќе се врати во Македонија и ќе формира фашистички слични структури служејќи постојано на туѓи за македонскиот интереси и до крај соработувајќи со Павелиќ и Усташите.