Македонија ограбена ризница на културно наследство

Според Управата за заштита на културното наследство од Македонија низ светот се однесени преку 20 000 вредни икони.


Оваа е бројка е на основ она што поседуваат музеите низ светот и приватни познати колекции, но познавачите на проблематиката со тајните препродажби и изнесувања, велат дека тој број е далеку поголем.

Во Британскиот музеј има многубројни македонски бронзи од V и VI век со се статуа на Ајсхин а во Парискиот уште побројни етнолошки предмети. Во Франција се и двете најстари македонски палеолитски алатки, со преку 800 000 ( осумстотини илјади ) години .Во Њујорк пак во приватни колекции се бронзи од Демир Капија.

Но најголемото македонско богатство е во нашето окружување Во Софискиот национален археолошки музеј, покрај двете златни маски има уште 257 придружни вредни предмети. Во Белградскиот покрај други две златни маски има уште 187 предмети.

Но и во двата града бројот на другото етнолошко, историско и археолошко богатство е далеку поброен. Во Софија на пример е многу вредната колекција од Охридскиот ерхиепископ а во Белград мермерни статуи, бронзи и сл. речиси од сите македонски локалитети.

И не само таму но и во Загреб, Сплит, Дубровник и др. градови. Сепак најголемата и најмалку проверена дестинација на македонски артефакти од антиката до XX век е изгледа – Турција и тамошните музеи. Ако почне да се запишува се не се знае колку недели ќе бидат потребни, сепак битно е да се знае – од каде се.