Најстрашниот и најразорен земјотрес во Македонија

И покрај тешките пљачки, разорувања и походи на разни народи, гладните години, чуми и напаствија кои оставиле трага на животот во Македонија, се чини дека ништо така разорно не влијаело како замјотресот од 518 година.


При походите и нападите Македонците токму заради суровоста на времето се толку претпазливи па имале добро развиен систем на известување, што тоа навреме се дислоцирало на побезбедни места. Секако се страдало но страдале оние што не успевале да се засолнат.

Доказ за ова е што градовите имале богат живот се до 518 год. време кога дотогаш биле протатнати и Хуните и Готите и бројни други народи. Во 518 година Македонија ја погодил најсилниот земјотрес дотогаш. Земјата просто татнела а на места и се создавале процепи и поместувања на тлото, градбите низ градовите се рушеле во прав и пеплишта а немоќните умирале потиснати или приклештени под урнатините.

Скупи, Стоби, Ауадарист, се само трите и најголемите кои од север кон југ како линијата на ударот ги зафатила и уништила вековен живот во нив. Стоби денес е на пониска тераса одошто е пред земјотресот кој го измести тлото тука највеќе. Вливот од најголемите речни текови во Македонија, го направил најтрусно подрачје со песокливоста и милта.

Како и да е животот замрел и повеќе не се вратил иако имало обиди на што укажуваат градбите од камен и кал од крајот на VI век и почетокот на VII. Дури и коцкарницата во Стоби која како крајпатна се чини уште си ја имала намената последна страда во некаков пожар.