“Соломоново клејмо” – заштита од зло
“Соломоново клејмо” е вид заштита која во тешки и страдни години и години на болести, скакулци и стаори но и на тешки клетви, магии и уроци како амајлија ја носеле Македонците по градовите, панаѓурите и каде имало поброен народ.
Особено во Македонија е присутна во времето од XII – XIV век и во големите градови.
Амајлијата претставувала печат зашиен во кожа и потоа пришиен на облеката кај самите гради, како голем и видлив симбол од кој треба да бега злото штом наиде.
|