Годината на стаорите кои одонесоа милиони во смрт
1349 год. е година на најголемата забележана наезда на стаорци ширум Европа. Тие во роеви од по илјадници внесоа една од најтешките болести во секој дом на Европа па и во домовите на македонските села и градови.
Таа болест беше чумата (Pestis) која покоси преку 20 000 000 ( дваесет милиони) Европјани во тогаш сеуште не толку бројната Европа, која без серуми и било какви лекарства не можеше да се спаси.
Иако оваа смртоносна болест први ја носеа стаорците, во нејзиното ширење учествуваа и болвите. Знаците и беа – главоболка, морничење, воспаленост на кожата, крвави исплувки, набарени жлезди по што следеше неминовната смрт.
|