Вампирите кај Македонците уште во XII век

Уште од XIII/XIV век далеку пред да се појави прославениот Дракула во Романија, според записите и Хрониките во Македонија се спомнуваат вампири и борбата против нив.


За нив се вели дека тоа се “оние што се вратиле”, “черни воскресеници”, “бегалци од смртта” и сл. поимања. Тогашни старомакедонски поимања низ некои текстови кои се поврзуваат со зборот вампир е поимот – упир, а има дури и имиња на поединци како – Упирлиј и сл.

Еден таков запис е од 1305 год. (по старо – 6813 год.) запишана од некој Борчило Граматик говори за појави на убиства и повампирувања и одбрани на народот од овие вампири преку посебни ритуални верувања.

Овој запис е најдобро обработен кај нашиот Славко Јаневски во епохалното дело “Кукулино”, во делот насловен како “Легионите на Св. Адофонис”. Иако авторот го искористил записот за градење на понатамошни нови случувања на неговите јунаци, всушност тој е првиот кој го обработил најдобро.

Сепак времето на оваа прва појава од вампири во македонското наративно и пишано предание, треба да се поврзе и со тешкото и гладно време, време на болести и наезди на секакви глутници. По селата и домовите уште и наезди стаори разорувале се до што ќе дојделе, а спас немало. Според Хрониките мажи, жени и деца умирале до коски оглодувани од легионите на стаори.