Крај на влијанието од Рим врз Цариград
Иако официјална година на крајот од единственоста на Христијанството е 1053 год., кога се случува дефинитивниот раскол Христијаните-католици и Христијаните-православни, всушност Рим сеуште има свое влијание во Византија.
По четирите крстоносни војни кои ги поведуваат папите и формирањето на толку Крстоносни државички ( Латинското царство, Епирското деспотство, Солунското Кралство и Никејското царство), сите поводуваат меѓусебна војна која од нив да ја наследи некогашната Византиска империја.
Македонија како една од побогатите, и поголеми Византиски територии, во овој период е исцепкана и владеана ту од едните од другите, некогаш и од самостојни отцепени локални кнезови. Таа особено ќе ги чувствува последиците, плаќа даноци на толку владетели и на две “Свети” столици !
Но ова влијание на Рим целосно ќе се изгуби во 1261 год. , кога Михаил Палеолог најавува веќе нова Византиска династија. Тоа е и година кога Латините ги губат своите држави во Азија а со тоа и било какво влијание над разнишаната и ослабена Византија. Со ова и Рим ги губи дотогашните влијанија во случувањата на тлото од Македонија, иако неговата пропаганда никогаш нема да престане.
|