Чудната царица Теодора

Во времето кога Методиј братот на Кирила како управник на Струмичко-Бргеалничкото кнежество веќе го применува предходно и од него напишаниот “ Закон за судење на луѓето”.


Во тоа лето 848-то, на престолот Византиски како регент на својот малолетен син е вдовицата Теодора.

Таа ќе има чудни навикиод кои најраскажувана е онаа дека постојано ќе го покрива лицето со златна маска од ликот на довчерашниот свој сопруг Теофил.

Теодора ќе е загатка за царскиот град на Византија, кој ќе верува дека душата на упокоениот цар е преселена во оваа жена. Советникот Теотикст ќе ја види и без маска, во ликот на великиот покојник.

Но кога по неполна декада полнолетниот син Михаил III ќе ја зграби круната, истиот Теотикст ќе е сведок на друг чуден настан – дотогаш намуретниот лик од маската ќе се збрчка во пакосна насмевка а очите ќе се збрчкаат. Теодора ќе ослепе а потоа и ќе умре а златната маска ќе ја излеат во златана ракавица.