Полумесечината симбол од Филип II Македонски
Филип II Македонски се обидувал да го освои градот Визант кој единствен останал неосвоен од него. Една облачна ноќ бил на самиот праг да го освои.
Се доближил со фалангите кришум до самите ѕидини на кои Македонците почнале да ги местат и справите за качување и останатата техника.
Но среќата не била со него, од облаците блеснала млада месечина, доволна за бранителите да ги забележат Македонците и да удрат со се што имаат а тргнало и испаниченото население од градот кон ѕидините да помага. Се истурале камења, врело масло и фрлале стрели, изгинале многу Македонци а Филип се повлекол и не обидувајчи се веќе да го освојува Визант.
Градот во слава на овој миг за симбол на градот ја зел спасителката своја – месечината која многу векови од тогаш останала симбол на градот. Била симбол дури и под Римјаните и Византијците и се до доаѓањето на Турците.
А тогаш пак се повторила истата сцена со борбите и опсадите на градот кој се бранел со се што имала империјата на заодот. Градот сега со име Константинопол давал огорчен отпор но овојпат со тешки последици, завладеал тежок глад, исцрпеност и безизлезност.
Храброст им давало високо каченото знаме со полумесечината – спасителката нивна, од која очекувале некакво ново чудо како кај нивните предци нападнати од Македонците. Но такво немало та дошол судниот ден кога одбраната попуштила а од сите страни надирале ордите Османлии. Со денови траело пљачкањето, теророт, силувањата, колежот и палежите.
Најголем трофеј на Османлиите им се видело знамето со полумесечината кое гордо го носеле насекаде за да полесно се предаваат и другите земји кои ќе ги напаѓаат. Оделе со дигнато знаме од центарот на најсилната империја во Европа, со што ги потсетувале бранителите дека неминовно треба да се предадат, штом и царскиот град не успеал да се одбрани.
Носејќи го така насекаде и стоејќи и на ѕидините на новата престолнина, овој симбол заживеал и навлегол во свеста на секој поданик. А бидејќи Османлиите биле муслимани, како го ширеле исламот така го ширеле и овој симбол по сите земји. Оваа е најчестата и најстара верзија за овој симбол а неа ја обработува и Елис во неговото дело “Македонскиот империјализам”.
|