Играорки Јапонки во групата Билјана

Јапонија е земја каде се негува македонската култура и фолклор. Во предградието на Јокохама има спортски центар каде секојдневно вежбаат македонски народни ора, фолклорни групи од околу 100-тина Јапонки.


Покрај македонските, тие вежбаат и по некоја од другите Балкански земји, но македонските во се имаат примат.

Името на фолклорната група која особено активно е насочена на македонските ора и песни е “Билјана” според истоимента Охридска и македонска песна чиј лидер долго време е Г-ѓа Јаеко Саито чиј учител бил Атанас Коларовски кој и ја основал групата Билјана и ги усовршил уметничките македонски фолклорни елементи.

Г-ѓа Саито и сопругот кога доаѓаат во Македонија купуваат страсно разни етно-мотиви и особено фолклорни, носии и слични традиционални белези на Македонија. Нивниот дом во Јапонија повеќе личел на македонски музеј како што велат оние кои го посетиле.

И Јапонките од групата Билјана кои ја посетиле Македонија и се запознале со нејзините убавини станале нејзини страсни приврзаници. Почитта кон нивниот учител тие ја изразуваат на Јапонски начин сите на маичките носат отпечаток од ликот и името на Коларовски небаре е нивен “гуру”.

Тие имаат и традиционални македонски носии а имаат и шиени понови строго запазувајќи ги македонските форми на носиите. Имаат и Јапонци тапанџии кои го држат ритамот за време увежбувањата.

Дури ја увежбувале и Галичката свадба во мало за да ги задоволат апетите на оние членови кои не ја виделе свадбата во живо. Членовите на Билјана се жени во средно доба а има и во трето доба, но и помлади кои не се во активен работен однос. Тоа е така зашто во Јапонија жените не сакаат напразно да го губат времето, па изучуваат нешто ново што ги исполнува со некаква физичка или умствена работа. Затоа и има голем број на клубови од разни профили.