Првиот Млековод на Балканот во Македонија

Во Македонија од дамнини постоел систем на млеководи.


Ваков зачуван млековод од кој најдобро се осознава снаодливоста на нашите предци е млеководот од бачилото кое се наоѓало на повисока надморска висина во околината на манастирот “Св. Јоаким Осоговски“.

Тој е откриен пред неколку години и за него се вели дека е првиот на Балканот од тој тип, некаде од раниот среден век. Млеководот е во вид на керамички цевки и служел за пренесување на млекото од манстирското трло до црквите.

Монасите според движењето на сенките точно знаеле кога од цевките ќе потече млекото о кога одозгора ќе пуштаат врела вода за миење на млеководот.

Овој крај на Осоговијат особено бил развиен во минатото, само манстирското трло броело преку 100 000 овци кои ги чувале по триесетина момоци.