Раката на „Св. Георгиј Победоносец“– во Македонија

Во селото Рајчица – Дебарско, се наоѓа дел од моштите на големиот чудотворец “Св. Георгиј Победоносец”, светец од IV век.


- Тие се наоѓаат во параклисот (мала црквичка) во рамките на манастирскиот комплекс, посветен на “Св. Јован Кукузел”, “Св. Григориј Палама” и “Св. Нектарија Битолски”, каде положена е дланката со посребрена рака со позлата, изработена своевремено во Солун.

- Св. Георгиј Победоносец , маченички пострадал во Лида – Палестина, во времето на царот Диоклецијан и таму во еден машки манастир се изложени неговите останати мошти. Од криптата во која се положени моштите и денес се излева исцелително миро, кое во православните цркви се подготвува на посебен начин за извршување на светите тајни. Токму тоа е големото чудо денес, иако чудотворецот е пострадан уште во 4 век.н.е.

- Но како дел од моштите пристигнаа во Македонија?
Имено тие пристигнаа во 2003 год., како дар од Светогорскиот монах Епифаниј, кој беше и ефимериј на црква по заминувањето од Света Гора. Тој моштите ги добил од братсвото на манастирот Капсокаливија -Света Гора, каде престојувал долго време.

- Неговот световно име било Георгиј исто како и на Св. Георгиј, така што братството од манастирот решило на заминување да му даде дел од моштите на истоимениот светец што ги чувале таму.
Ваквиот начин на давање делови од светци за чување не е нешто невообичаено ами се смета за чест и должност на избраниот.
Тој долго го чувал делот од моштите (раката) за потоа и самиот да го предаде на оној кој тој го избрал како достоен за понатамошното чување - игуменот Партениј старешината на манастирот “Св. Георгиј” и на манастирот “Св.Јован Бигорски”, зашто како му кажал таква божја промисла била.

- Партениј инаку бил поканет од еден протопсалт од Атина, кој сосем случајно бил дојден а оттука и во манастирот Св. Јован Бигорски. Така и се случило да отец Партениј кога заминува во црквата каде е поканет, да се сретне и запознае со Светогорскиот монах (тогаш веќе ефимериј на црква). Тој пак кога разбрал дека името на манастирот од каде доаѓа отец Партениј е токму името на Св. Георгиј, му ги предал овие свети православни реликти од светецот, на чување.