Св. Прохор Пчињски

Св. Прохор живееше во XI век во Македонија.


Се подвизуваше до својата смрт под една карпа во близина на реката Пчиња. Заедно со Св. Гаврил Лесновски и Св. Јоаким Осоговски ја продолжуваше исихистичката монашка традиција среде Македонците и низ Македонија. Ова традиција подразбира молитвено тихување(тишина) т.е собраност на сите човечки сили внатре во него, што се постигнува со молитвата. Подоцна во близина на испосницата од Св.Прохор е подигнат познатиот Манастир “Св. Прохор Пчињски , каде се и моштите на овој светител-чудотворец, зашто моштите му беа чудотворни, исцелителни и мироточиви. Од неговите коски уште од времето на неговата смрт непрекинато истекува густо масло со убав мирис.