Загоричани – I македонска Герника
- 04.VII. 1905 год. Грчките банди вршат маскар над македонскиот народ од с. Загоричани – Костурско. Австрискиот конзул во Битола Оскар Прохаска го посетил селото по колежот и во опширен Извештај меѓу другото бележи :
“Грчката чета го опколила селото во ноќта на 7 овој месец и навлегла во зората од повеќе страни истовремено...
Грците оделе од куќа до куќа, каде што можеле да влезат, ги убивале мажите, но исто така ги убивале и жените и децата на варварски начин. Повеќе згради во кои не можеле да влезат ги разурнувале со динамит или ги запалиле. Околу 20 мажи биле врзани, одведени во блискиот дол и таму убиени. Истовремено се пљачкало, се крадело и се земале пари. На овој начин беснеела четата околу 3 часа...
По нашето пристигнување, тргнавме од куќа до куќа и видовме само трупови и ранети. Вкупниот број на убиени изнесуваше 60, од кои 53 мажи, 7 жени. Исто така имаше убиено и повеќе деца.
Некои од труповите што беа веќе во распаѓање, на грозен начин, со бомби и со истрели во близина, како со камења беа наполно деформирани. Во една куќа најдовме уништено едно цело 5-члено семејство ; четата фрлила динамитни бомби и убила со бајонет едно дете од околу 5 години кое бегало од куќата. Еден од двајцата свештеници е убиен со повеќе убоди од нож. Секаде лежеше истепан добиток на кој, исто така, се гледаа пробиви од куршуми и удари од бајонети “
- Во дополнителен Извешатај за злосторството во с. Загоричани, Прохаска кажува дека меѓу четниците имало и 16 души “ ејаси “ припадници на Кралството и Критјани. Тие носеле со себе 4 канти газија ( петролеј) за да го запалат селото. Водач на четата бил Грчкиот поручник Георгиос Вардос Цонтос Критјанин
|